Секакви рецепти

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.012
Поени од реакции
16.692
Малку поинаков гриз. Поточно карамелизиран гриз. Лесен е за подготовка, а има поинтересен вкус. :D Јас отсега само вака ќе си го правам. :D
Го ставав во пластични чашки (најдолу во чашката ставив слатко од смокви - и покрај тоа што не сакам слатко, демек за декорација, ама сепак не требаше со него), го замрзнав и ги исеков чашките.
Ама сепак за нареден пат не би го замрзнувала. Ама ме мрзеше да чекам да се стврдне. :D
Пс: Го правев во 12 навечер. Јбг, пмс не бира време. А освен слатко, немав друго што да ставам, немав ни идеја. :D

a.jpg
 
S

SpaceTraveler

Гостин
400 грама макарони!

1 конзева стерилизиран грашок.
1 конзерва стерилизирана пченка.
20 грама ленено семе.

Вегетичка и лутко малку, да се декорира со лимонче, магданосче, брокулка.

Истото ќе ве чини 90 денари.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.900
Поени од реакции
3.262
Лингвини со сос од лук, лосос, вино, лимон.

Потребно е:
1 пакување лингвини (450 гр)
200 гр свеж лосос исчистен и исечкан на парчиња
1 чаша бело вино
1 исцеден лимон
1 чешне лук
свеж копар, маслиново, 1 лажица неутрална хопла, бибер, сол.

Лингвините се варат во солена вода со масло додека не станат алденте. Во длабока тава на тивко, пропржувате чешне лук ситно сецкано на маслиново додека не стане нежно кристална боја. Додавате неутрална хопла, бибер, сол, свеж копар и лососот. Треба да се искрчка додека лососот не стане светло розев. Се додава виното и се остава да проврие на тивко уште 8 минути. Во оваа водлеста смеса се истураат претходно сверените лингвини и се меша добро, се завршува со исцеден лимон и се остава уште 5 минути на тивко да впие од сите сокови и миризби.

Се служи со вино. Еве и слика, вчера се радуваа пар гости.
20151210_195534-2.jpg
 
I

[In]kognito

Гостин
Тирамису
Состојки
За плазма:
4 јајца
150 гр шеќер
110 гр брашно (јас користев безглутенско)
1 ванилин
1/2 пециво
Се матат белките во цврст снег, со пола од шеќерот. Потоа жолчките со останатиот шеќер па во нив се додаваат останатите состојки. На крај оваа смеса се додава на белките и се меша убаво. Се печат пишкотите на 180степени на хартија за печење. Можете и со купечки ама мене многу ми се допаднаа ист е вкусот. Ми излегоа околу 60 пишкоти.
Маскарпонето читав дека се прави од млеко со лимон, но најдов рецепт од павлака па тој го пробав. 700 гр павлака се става во газа 12 саати да се исцеди убаво и готово.
Најпосле за тирамисуто:
Направив кафе (јакобс имав) засладено по вкус, да се олади убаво. Се потопуваат пишкотите и се редат. Врз нив се става од кремот:
Се делат 6 белки и 6 жолчки, се матат посебно со по 60 грама шеќер. Во жолчките се додава маскарпонето и убаво се мати, а на крај се соединува со снегот од белки и се меша со лажица, никако миксер.
Редите ред пишкоти ред крем, и се просејува какао. Да се стегне во фрижидер.
Има една киселка жичка на крај ама со кафето,шеќерот сѐ се надополнува и е превкусно :)
DSC_0202.JPG
 
Член од
27 декември 2015
Мислења
49
Поени од реакции
36
Роловано месо.
-Мелено месо 1кг
-Свинско месо танко исечено 2кг
-Сланина танко сечена 300-400гр
-Печурки 300гр
-Мрсен кашкавал 300гр

Најпрво сланината со меленото месо поставетеги на работната маса растегнати спремни за роловање,потоа меленото месо нанесетего над свинското месо добро танко замесено со рака дабиде во должина на свинското месо. Потоа на меленото месо ги нанесувате печурките и кашкавалот. Го виткате сето месо со состојките полека да не испаднат работите,го прцврстувате со мрежа наменета за печење месо или тутунски некористен конец. Сето ова се печи околу сат-сат и 30минути,зависи од рерната. Одлично е вреди да се проба.
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.350
Поени од реакции
1.388
image.jpeg По барање на @Agda Beata :) Искрено многу ме мрзеше да го пишам рецептов, па само ќе ви го копирам ко мене што ми го пишаја :) Cokoladno zadovolstvo 

Biskvit: 4 jajca
;100 gr seker; 
200 gr margarin
; 100 gr cokolado za gotvenje; 
4 lazici brasno
; 1 prasok za pecivo. Se matat posebno belkite vo crvst sneg Vo drug sad se matat zolckite so sekerot, se dodavaat margarinot i cokoladoto (prethodno istopeni), se dodavaat brasnoto i pecivoto i na kraj izmateniot sneg od belki. Se peci vo namrseno i nabrasneto okrugro plehce br.28
Jas go praev vo onie so se visokine so obrac 20 min na 180 °C
Krem: 500 ml slatka pavlaka ;
300 gr cokolado ( jas stavam 200 gr mlecno i 100 gr za gotvenje)
;1 lazica seker
Slatkata pavlaka, cokoladite i sekerot se zagrevaat dodeka ne se istopi cokoladoto no ne da zovrie
Se trga od ogan i se ostava nekolku casa da se izladi ubavo. Moze da se ostavi i preku nok
Koga e ubavo izladen kremot, se mati so mikser 2-3 min. 250 gr visni zamrznati se varat so 1 fildzan voda i 5-6 lazici seker. Se dodavaat 2 lajci gustin i ubavo se mesa da dojde kako puding
A da....glazurata odozgora
100 gr cokolado za gotvenje i 60 ml slatka pavlaka da se stopat ubavo i se preliva. Најдобар потег ми е што кремот си го направив ден унапред и го оставив преку ноќ да се лади. Другиот ден беше фантастичен.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.457
Поени од реакции
14.566
Крем супа од домати

Состојки:
1 литар томатело ( јас користев две тегли домашни мелени домати )
1 зелена пиперка
1 главица кромид
3 чешниња лук
3 моркови ( големи )
Околу пола пашканат
1 лажичка шеќер
Многу магдонос
Чили, маслиново, сол

Се пржи зеленчукот, се додаваат доматите и се вари додека се добие густина. Се додаваат зачините и магдоносот, се блендира со рачен пасатор, се додека не се добие хомогена крем смеса. Се достава еден филџан вода и се вари на скроз тивко уште 2-3 минути.

Многу е повкусна одошто лошата слика.

image.jpeg
 
I

[In]kognito

Гостин
@ХулахопкиСоТочки овде ќе го ставам рецептот :)
Состојки:
1.8кг јаболки
650 мл вода
350 гр шеќер
Малце рум и цимет
4 пакетчиња ванила пудинг
1 шлаг крема(ова јас го додадов ама супер се вклопи)
300 грама бисквити (или колку сакаш зависи од големината на садот во кој ќе ја ставиш тортата)
Се става 500 мл вода со шеќерот да врие некое време да згусне малце па се додаваат растопените пудинзи во 150мл вода. Нема претерано многу да згусне нели дека е со вода ама ќе почне доле да фаќа на тенџерето како пудинг. Се лупат,сецкаат јаболките на коцкички (се става рум и цимет,се меша) и пудингов се истура врз нив. Се враќа на оган 3-4 мин мешајќи постојано за да не загори. Се редат бисквитите па кремот па бисквити ...додека има. Бисквитите ќе омекнат од кремот. Се остава да стегне убаво. IMG_20160130_181927.JPG
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
6.083
Поени од реакции
18.615
Домашна нутела

Се водам според сликава.


Количина не знам, ставам од око и по вкус. Мелам лешници, топам кокосово масло, ставам мед наместо шеќер, малку млеко и какао.
Сето ова во блендер за да се добие хомогена смеса.
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
743
Поени од реакции
315
Se izvinuvam za off topic, ama onamu vo temana " kade moze da najdam " nikoj ne znae, pa ajde vie kulinari kazete kade mozam da najdam terakotni plocki za vo rerna, za pecenje pici, lepinji i slicno...

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk
 

Azriel

Simple Man
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.729
Поени од реакции
1.561

Може да се направи во секое време. :)
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.066
Поени од реакции
12.115
1.jpg Сакам да ви представам една интерсна крем-супа од еден многу интересен коренаст плод познат како Топинамбур или Ерусалимска Артичока.Го има и кај нас во изобилие ама не се користи во исхраната многу кај нас,или ко што ми рече еден колега - Па ние со ова свињите ги раниме )) Полезен е за многу нешта,кој го интересира ќе си прочита повеќе.https://en.wikipedia.org/wiki/Jerusalem_artichoke

Потребно

1 кг топинамбур
1 пашканат среден размер
1 голем компир
1 среден кромид

Ги заливаме со вода плодовире да ги покрие околу 5 цм.Кога водата ќе изврие 50% додаваме солена хопла 1 литар и едно стапче канела.вариме додека не омекнат,потоа го вадиме стапчето канела,и блендираме со блендер.процедуваме преку цедалка,и пасираме со помош на лажица.Враќаме на оган да проврие уште еднаш,солиме и перчиме по вкус,тргаме настрана и додаваме две лажици омекнат 82% путер. И тоа е тоа. Пробајте нема да жалите.Ова е еден од најпопуларните продукти во Франција.[DOUBLEPOST=1458058644][/DOUBLEPOST]

Може да се направи во секое време. :)
Ako е аматер дечково има 10ка од мене , али ако е професионалец 2ка ))))))
 
Последно уредено:

Jolene

принцеза
Член од
31 март 2014
Мислења
141
Поени од реакции
398
Прегледај го приврзокот 141597Го има и кај нас во изобилие ама не се користи во исхраната многу кај нас,или ко што ми рече еден колега - Па ние со ова свињите ги раниме )) Полезен е за многу нешта,кој го интересира ќе си прочита повеќе.https://en.wikipedia.org/wiki/Jerusalem_artichoke
Во мојот крај, растениево се вика шарлаган, во туршија го ставаме а и народен лек за дијабетис е.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.066
Поени од реакции
12.115
Во мојот крај, растениево се вика шарлаган, во туршија го ставаме а и народен лек за дијабетис е.
Да да тоа е тоа ))) а во кој крај ако не е тајна?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom