leandra Повели:
1 кг брашно
1/2 кг млеко
1 мал филџан за кафе зејтин
1 квасец
сол по вкус
1 коцка маргарин
Квасецот го киснеш со 250 мл млако млеко, едно лажиче шеќер и едно лажиче брашно. Кога ќе фтаса квасецот во еден сад ги ставаш сите состојки освен маргаринот и замесуваш тесто, ама убаво ќе го измесиш. Направи го во топка, остави го во садот, премачкај го со зејтин да не ти фати кора тестото и оставиго да кисне, на топло. Ќе процениш сама кога е скиснато, проверуваш со прст во него, ако се враќа нагоре тестото доволно брзо, доволно е скиснато.
По киснењето, во садот го сечеш тестото на 8 дела. Секој дел го измесуваш повторно и правиш помали 8 топчиња. Секое топче едно по едно, го расукуваш до дебелина потенка од твојот мал прст. Сечеш на триаголници и внатре можеш да им ставиш сирење, урда, кечап, шунка... Што сакаш.
Плехот за печеше го премачкуваш со коцката маргарин, да има добар слој маргарин на него. Ги редиш кифлите во плех и ги оставаш пак да киснат, да нараснат барем една третина од тоа што се, ако не и поголеми.
Пред да ги ставиш во рерна, ги премачкуваш со јајце или само со жолчки(зависи колку румени сакаш да бидат), и со сусам или ким или било што имаш дома. Остатокот од маргаринот го редиш над нив, низ нив. Ако е доволно стврднар можеш и да го рендаш да има насекаде подеднакво маргарин.
Се печат на 200 степени( ако ти е јака рерната можеш и на помалку), додека додека не зацрват убаво.
Ги вадиш од рерна, ги покриваш со пластична фолија и крпа и чекаш да се изладат.
Па ај нека ти е наздравје јадењето...