Секакви рецепти

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Добро мажи и жени дајте рецепт за тесто за кифлички?:)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Vikend kofli

1kgr.brasno
1/2kgr.mleko
2 jajca
2 solji (od kafe) zejtin
1 kvasec
1 lazice seker
1 lazice sol

Se zamesuva testo se deli na dve topki,se suka kora se deli na cetiri pa na osum i se vitkaat kifli.Se mackaat so zolcka i susam i se pecat.
--- надополнето: 7 април 2013 во 12:34 ---
Blagi kifli

900gr.brasno
13 lazici zejtin
4 lazici seker
1/2 kgr.mleko (tetrapak mleko)
Odozgora se macka so zolcka i se stava susam a po zelba moze i seker.
--- надополнето: 7 април 2013 во 12:40 ---
Kiflici

1krg.brasno
1/2 mleko
1 solja od kafe zejtin
1 kvasec
1 apce C vitamin,se rastvara vo edna casa voda
5 lazici golemi seker
2 lazici golemi sol
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Жени дајте рецепт за тесто за кифлички?
Ти ќифлички ќе правиш?!:)))

moirecepti.mk/post/%D0%B1%D1%80%D0%B7%D0%B8-%D0%BA%D0%B8%D1%84%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8

Еве ти рецепта без многу замарање.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Ако ве удрам со кифливе по глава дефинитивно ќе ви ја дупнам:))) Какви кифли сум напраила, викенд кифла канта:)
Да не се чудиш зошто бев изненадена.:))) Се учи, еден ден ќе успееш.:D
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ако ве удрам со кифливе по глава дефинитивно ќе ви ја дупнам:))) Какви кифли сум напраила, викенд кифла канта:)
Да не ги искомбинира со похувани зденки :icon_lol:
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Ако ве удрам со кифливе по глава дефинитивно ќе ви ја дупнам:))) Какви кифли сум напраила, викенд кифла канта:)
Leandric ne se nerviraj, ke ti pisam jas podocna edno najednostavno receptce za kiflici. Čim jas go napraviv i mi izlegoa kiflite petka, go pogoduvas I ti 100 posto. Samo treba da imas fat za mesenje.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Leandric ne se nerviraj, ke ti pisam jas podocna edno najednostavno receptce za kiflici. Čim jas go napraviv i mi izlegoa kiflite petka, go pogoduvas I ti 100 posto. Samo treba da imas fat za mesenje.
Еден фат шо имам да знаеш, живци искинав. Среќа оризот ми се погоди со пилето па не ме исфрија од дома:))) Ете кога се вика: Мамо абе кај си!
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Зденките се стопија кифливе заб да извадиш, ебате тестото. Од тесто нема нешто поглупо за готвење, глупости.
Да не се разочаруваш кифли ретко која домаќинка ги погодува идеално, сестра ми прави месени работи секој втор ден, како и старава и некогаш знае да му се загреши рецептот и да не излезат како што треба.
Од тоа што го имам забележано најубави се кифлите кога се замесени со тесто како за лиснато и после се прават форми со него како за кифлички наместо триаголници или пак коцки за лиснато тесто.

Сакав да ти речам уште одма, ама ми беше страв да не направам утка. Пробај нареден пат да направиш кифлички со тесто како за лиснато и кажи како ќе бидат?

http://www.kulinar.mk/statii/Kako-da-podgotvite-lisnato-testo-osnoven-recept.html
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Зденките се стопија кифливе заб да извадиш, ебате тестото. Од тесто нема нешто поглупо за готвење, глупости.
И ја мислев ко тебе, ама почнав од "најтешкото"
http://forum.kajgana.com/threads/Секакви-рецепти.54084/page-17#post-4685573 и ми излегоа прекрасни. Пробај, напрај ги ќе се увериш дека не е ич тешко.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Од тесто нема ништо помераклиско за спремање. Обликувањето во рацете е цела уметност...ама треба првин осетот да го развиеш, после е полесно. И бара љубов, не нервирање.:)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Една љубов кон готвење што имам, абе песна пеам:))) Ич нејќам пиплец ствари, абе стај зачини во релна и готово да е. Ова меси, па чекај еден саат па триаголници! Како ги завиткав толкави кифли неам видено во живот, џиновски кифли! :pos:
 
С

Спасе супата

Гостин
Рецептот од Олимпија е поправилен.
Тие на претходната страна имаат заборавено да напишат дека треба квасецот и тестото да се почека да пораснат. (а веројатно и други работи погрешиле)
Ги имаш сите состојки набрзина измешано и затоа се тврди. И леб да е без да втаса и без квасец ќе е тврд.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
leandra Повели:

1 кг брашно
1/2 кг млеко
1 мал филџан за кафе зејтин
1 квасец
сол по вкус
1 коцка маргарин
Квасецот го киснеш со 250 мл млако млеко, едно лажиче шеќер и едно лажиче брашно. Кога ќе фтаса квасецот во еден сад ги ставаш сите состојки освен маргаринот и замесуваш тесто, ама убаво ќе го измесиш. Направи го во топка, остави го во садот, премачкај го со зејтин да не ти фати кора тестото и оставиго да кисне, на топло. Ќе процениш сама кога е скиснато, проверуваш со прст во него, ако се враќа нагоре тестото доволно брзо, доволно е скиснато.
По киснењето, во садот го сечеш тестото на 8 дела. Секој дел го измесуваш повторно и правиш помали 8 топчиња. Секое топче едно по едно, го расукуваш до дебелина потенка од твојот мал прст. Сечеш на триаголници и внатре можеш да им ставиш сирење, урда, кечап, шунка... Што сакаш.
Плехот за печеше го премачкуваш со коцката маргарин, да има добар слој маргарин на него. Ги редиш кифлите во плех и ги оставаш пак да киснат, да нараснат барем една третина од тоа што се, ако не и поголеми.
Пред да ги ставиш во рерна, ги премачкуваш со јајце или само со жолчки(зависи колку румени сакаш да бидат), и со сусам или ким или било што имаш дома. Остатокот од маргаринот го редиш над нив, низ нив. Ако е доволно стврднар можеш и да го рендаш да има насекаде подеднакво маргарин.
Се печат на 200 степени( ако ти е јака рерната можеш и на помалку), додека додека не зацрват убаво.
Ги вадиш од рерна, ги покриваш со пластична фолија и крпа и чекаш да се изладат.
Па ај нека ти е наздравје јадењето...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom