Секакви рецепти

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Кафе, текила и тиква – комбинација која изненадува

Потребни состојки за 2 кафиња:
  • 2 супени лажици шеќер
  • 2 супени лажици сируп од тиква
  • 1 супена лажица екстракт од ванила
  • 1 кафена лажичка цимет
  • 1/2 кафена лажичка зачин од тиква
  • 60 мл текила
  • 125 мл шлаг
  • 360 мл топло кафе
Начин на подготовка: Во голема шолја ставете ги прво екстрактот од ванила, сирупот и зачинот од тиква, шеќерот и шлагот и добро измешајте ги. Потоа додадете ги кафето и текилата и повторно добро измешајте. На крајот можете да декорирате со шлаг пена и да го посипете циметот за екстра арома.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062

Зар арна текила у тиква да клаам? Уф бре :):) ќе ја пијам чиста.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Далматински шницли

Потребни состојки:
- 4 средно големи телешки или јунешки шницли
- 300 гр. кајмак
- 200 гр. говедски пршут
- 2 тиквици
- 2 модри патлиџани
- 4 црвени пиперки
- сол
- вегета
- зејтин

Подготовка:
Шницлите убаво исчукајте ги, посолете и ставете им вегета. Оставете ги во длабок сад една врз друга прелиени со 3 лажици зејтин така да отстојат 2 часа. Потоа секоја шницла ја премачкувате со малку кајмак, врз него ставате 2-3 ленти пршут и преклопете ги. Преклопените страни убаво исчукајте ги за да не ви се отворат при пржење, а ако не можете да ги затворите тогаш ставете им чепкалки :)
Зеленчукот исецкајте го на кругови, тиквиците посолете ги и оставете да се исцедат, а модрите патлиџани ставете ги во вода со сол.
Во загреана тава со зејтин ставете ги шницлите да се пржат на тивок оган додека да бидат испржени. Во маслото во кое се пржеле додајте ги црвените пиперки да се пропржат, а тиквичките и модрите патлиџани испохувајте ги и испржете ги па додајте како прилог кон шницлите.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Знаете ли рецепт за топло чоколадо, домашно направено. Читав еден рецепт со густин и какао ама не сум сигурна нешто вика една лажица шеќер само и сега малку ми изгледа, а не знам колку повеќе да додадам??
 
A

AnFem

Гостин

Moжеш со густин, а наместо густин можеш да ставиш брашно. Значи стави прво мала количина млеко, стави го брашното и мешај енергично со маталка за да не се створат грутки. Стави какао и шеќер и постепено додавај млеко. Мешај се додека не ја добиеш саканата густина. Шеќер ставаш по желба.
 
gata salvaje

matufa
Член од
2 декември 2011
Мислења
6.882
Поени од реакции
10.438
Kroketi od kompir i tuna

Potrebno e:
1kg svaren kompir
1 konzerva tuna , da e pogolema
1 glavica kromid
7-8 kiseli krastavicki
zacin po zelba

Kromidot se zaprzuva kolku da omekne, se dodava tunata i na kratko se proprzuva.Prethodno svarenite kompiri se pasiraat i se mesaat so kromidceto i tunata. Se dodavaat i sitno seckani ili rendani krasatavicki, se ubavo se mesa do homogena smesa, se dodava i zacin po zelba, i od smesata se oformuvaat kroketi.
Kroketite se pohovaat vo brasno, jajce i prezla i se proprzuvaat vo vrelo maslo.

Se posluzuvaat obavezno so nekoj sos (tartar sos) i vino.
Bon apetit:)
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.627
Некој предлог рецепт за печурки? Собрав ливадски шампињони и сакам малце поинаку да ги спремам, него вообичаено како сос...Сакам печени во рерна ако може некако да се направат. Некоја специјална подготовка, додаток, зачин нешто....предложете :)
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Некој предлог рецепт за печурки? Собрав ливадски шампињони и сакам малце поинаку да ги спремам, него вообичаено како сос...Сакам печени во рерна ако може некако да се направат. Некоја специјална подготоврка, додатот, зачин нешто....предложете :)
Измиј ги печурките и исчисти ги. 100 гр. сланина и 2 главици кромид исецкај на коцкички, па додај и 3 чешниња ситно сецкан лук. Прво запржи ја сланината, додај го кромидот, па печурките сецкани. Зачини со мајчина душица, сол и ситно сецканиот лук. Се ова пропржи 5 минути. Потоа стави една црвена пиперка сецкана на кругчиња и додај 1 лажица брашно. Мешај една минутка, па стави една кисела павлака. Лесно мешај додека да се згусне и стави 100 гр. рендано сиренце.
Оваа смеса истурија во огноотпорен сад, изрендај уште 150 гр. сиренце и стави 2 лажици презла, па додај на коцки сецкан путер/маргарин. Печи во загреана рерна на 180 степени 30 минути :)
 
Убав рецепт (y) ама за ова треба и повеќе печурки и други работи ова некако посвечено ми изгледа и повеќе работа сака...јас мислев нешто поедноставно...а да измислам една пица...само со кашкавал долу и горе печуркиве и кругови кромид?
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Убав рецепт (y) ама за ова треба и повеќе печурки и други работи ова некако посвечено ми изгледа и повеќе работа сака...јас мислев нешто поедноставно...а да измислам една пица...само со кашкавал долу и горе печуркиве и кругови кромид?
Па можеш и пица да напраиш со тоа шо ти се наоѓа во фрижидер :)
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Леле, сите рецепти за топло чоколадо на интернет се фејл!!!!!!
НЕ ПРАВЕТЕ ДОМА ТОПЛО ЧОКОЛАДО!
 
L

Luki Junior

Гостин
Леле, сите рецепти за топло чоколадо на интернет се фејл!!!!!!
НЕ ПРАВЕТЕ ДОМА ТОПЛО ЧОКОЛАДО!
Оти?
Јас праам чоколаден пудинг (малку потечен од обично) и му растопувам екстра млечно чоколадо за готвејне, сето се размешува убаво, и излева доста добро..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom