Светско првенство во фудбал, 2010 година, Јужна Африка

В

Вори

Гостин
Сплет на околности беше.Црвен картон,промашен пенал...добро се снајде Лане и поентираше.
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Ех што убаво си се навикнавме на фудбал, цел месец :) Остана уште малку, додека беа овие деновите паузи досада жива ме изеде, фудбал нема да изгледаш ...
Што ќе гледаме сега летото, пријателска некоја ако испадне во август...
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Ех што убаво си се навикнавме на фудбал, цел месец :) Остана уште малку, додека беа овие деновите паузи досада жива ме изеде, фудбал нема да изгледаш ...
Што ќе гледаме сега летото, пријателска некоја ако испадне во август...
Абе бегај , убаво фудбал цели денови ... тоа преубаво!
Ама се кладам не само јас туку сите мажи а и некои жени , додека трае/ше ова светско првенство ставиле кила на себе :D
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.020
Поени од реакции
22.927
Уште да имаше добар фудбал...
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
То ет октоподот ја реши утакмицата .... шала...

Германија е стварно јака репрезентација досега таа е најголем фаворит за ТРОФЕЈОТ,а пак Шпанија не игра толку убедливо.....ќе биде тешка утакмица......
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Уругвај и Холандија во лов на третото финале
Уругвај не бил дел од најдобрата "четворка" на Светските првенства точно четири децении, а Холандија 12 години. Од друга страна, Уругвај последен пат играл финале во 1950, а Холандија во 1978 година

Веројатно никој пред почетокот на Светското првенство не веруваше дека едната полуфинална двојка ќе биде Уругвај-Холандија. Можеби и никој не очекуваше дека која било од овие две репрезентации ќе успее да влезе во големата "четворка", но исто така никој не може да каже дека нивниот успех е незаслужен. Ниту Холандија, ниту Уругвај досега нема пораз, а "Оранје" оствари максимален број победи на ова Светско првенство.

Иако е неблагодарно да се прогнозира, мал фаворит во ова полуфинале е Холандија, па ако избраниците на Берт ван Марвијк вечерва победат, тоа ќе значи дека во Јужна Африка ќе следиме европско финале. Не само поради петте победи на овој Мундијал, "портокаловите" се фаворити затоа што под водство на сегашниот селектор досега претрпе само еден пораз, и тоа во септември 2008 година од Австралија. Почнувајќи од мечот со Македонија во Скопје, Холандија е во серија од 24 натпревари без пораз и 13 победи кога станува збор за официјални натпревари (исклучувајќи ги пријателските). Тоа е достигнување со кое не можат да се пофалат голем број репрезентации, не само на овој Мундијал туку воопшто во професионалниот фудбал денес.

Колку е добро подготвена оваа холандска генерација најдобар доказ е победата над Бразил во четвртфиналето до која двократниот финалист на Мундијалите дојде до пресврт, единствениот досега на првенството. Холанѓаните не се исплашија од големиот противник, не се исплашија од неговото водство, па на крајот сосема заслужено славеа. Познавачите на фудбалот тврдат дека Холандија е далеку од атрактивна репрезентација и на овој шампионат игра на резултат, но во исто време сите мораат да признаат дека оваа селекција е единствената која немаше осцилации во овие три и пол недели откако почна првенството во Јужна Африка. Единствениот проблем за Ван Марвијк пред денешниот прв полуфинален натпревар е отсуството на стандардните Ван дер Вил и Де Јонг поради суспензии, но нивните места ќе ги заземат Буларуз и Де Зеув на кои не им недостасува искуството.

"Можеби имаме пет победи досега, но се уште не сме ја освоиле титулата. Сега следува најтешкото, останати се најдобрите и треба да ги победиме, за да станеме прваци. Сетете се на Европското првенство пред две години. Ги совладавме Франција и Италија и сите веќе не прогласија за шампиони, а потоа не го преживеавме ниту четвртфиналето. Затоа, сега сакам фудбалерите да бидат начисто дека мора до последниот ден на првенството да бидат сконцентрирани и да го извадат најдоброто од себе", порача Ван Марвијк. Холандија двапати во минатото играла во финалист, но последен пат играла во натпревар за златото во 1978 година.

Уругвај, пак, нема полуфинале од 1970 година, а во големото финале не настапил веќе шест децении. Сепак, и во најавата за ова Светско првенство пишувавме дека оваа генерација на "Ла селесте" е способна за големи работи и дека нема да биде чудо ако изненади. Се разбира, никој не се осмели да прогнозира дека во Јужна Африка ќе остане подолго од јужноамериканските гиганти Бразил и Аргентина, но факт е дека Уругвај на овој Мундијал придоби уште голем број навивачи со своите настапи кои, слободно може да се каже, беа далеку поатрактивни отколку на Холандија.

Основен проблем на Уругвај ќе биде неиграњето на втората ѕвезда во тимот Луис Суарез. Стрелецот на три гола на овој Мундијал доби црвен картон на мечот против Гана, но никој не му се налути за тоа, напротив, сите му честитаа и го прогласија за херој затоа што ја спаси својата репрезентација од пораз и и овозможи да се пласира во ова полуфинале. Затоа, во тимот се враќа Диего Годин по лесната повреда, додека капитенот Диего Лугано е неизвесен поради болки во коленото. Поради суспензија, во тимот на Оскар Табарез нема да биде ниту Хорхе Фусиле, додека Николас Лодеиро има фрактура на коска на стапалото.

"Последни се пласиравме на Мундијалот, одигравме најмногу натпревари во квалификациите (20) и навистина имавме долг пат до ова финале. Но, тоа што минавме низ сите тие тешки моменти не направи посилни и ни помогна да стигнеме до овде. Не планираме да застанеме овде иако на сите ни е јасно дека имаме исклучително силен противник", вели играчот од средниот ред на Уругвај, Диего Перез.

Интересно е тоа што и Уругвај и Холандија досега по двапати играле во финалните натпревари на Светските првенства. Разликата е во тоа што Уругвај победи во двете учества, а Холандија двапати загуби. Уште една заедничка работа им е што двете репрезентации во последниот месец играа со Гана. Холандија во Ротердам победи со 4:1, а Уругвај славеше на пенали.

ИНТЕРЕСНО...

-Последните три натпревари Холандија ги доби со идентичен резултат - 2:1

-Против Уругвај, Холандија може да постави нов рекорд по бројот на победи на едно Светско првенство. На претходниот меч го израмни својот рекорд од 1974 година кога петпати триумфираше

-Весли Снајдер има шест гола на последните седум настапи за националниот тим

-Холандија има само два порази на десетте дуели со јужноамерикански репрезентација на Светските првенства

-Уругвај е без победа на 13 дуели со европски противници на Светските првенства (шест реми и седум порази) со тоа што последниот триумф датира од 1970 година кога го совлада СССР со 1:0 во четвртфиналето.

-Диего Форлан има четири голови на трите настапи на Светските првенства (2002, 2006 и 2010), но сите тие се постигнати против африкански репрезентации (Сенегал, Јужна Африка и Гана)

-Три од тие четири гола на Форлан се постигнати со удари надвор од шеснаесетникот

-Таткото на Диего Форлан, Пабло играше против Холандија на единствениот дуел на овие две репрезентации на Светските првенства - во 1974 година

-Холандија е единствената репрезентација на Светското првенство во Јужна Африка што победи на сите досегашни натпревари

МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ

-30.12.1980 Уругвај - Холандија 2:0 пријателски

-15.06.1974 Уругвај - Холандија 0:2 СП Германија

ПОСЛЕДНИ ТРИ НАТПРЕВАРИ НА УРУГВАЈ

02.07.2010 Уругвај - Гана 1:1 (4:2 на пенали)

26.06.2010 Уругвај - Ј.Кореја 2:1

22.06.2010 Мексико - Уругвај 0:1

ПОСЛЕДНИ ТРИ НАТПРЕВАРИ НА ХОЛАНДИЈА

02.07.2010 Холандија - Бразил 2:1

28.06.2010 Холандија - Словачка 2:1

24.06.2010 Камерун - Холандија 1:2
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Сакам Уругвај да ја победи Холандија........:)
 
Член од
17 февруари 2007
Мислења
56
Поени од реакции
22
Холандија ќе победи...иако Холанѓаните останаа без хотел во Јоханесбург. Така пишува на Еsport групата на facebook, интересна група секогаш со нови информации и клипчиња :P
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Во ова СП за прв пат во историјата ќе има европски шампион надвор од Европа...:helou:
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.260
Поени од реакции
2.254
Боби[Мкд];3659595 напиша:
Тоа да, ама нов првак нема да има.:salut:
Зависи од вториот финалист! Шпанија ќе биде полесна за Холанѓаниве, пред се поради неубедливата игра и неубедливи резултати. Доколку ако Германија ја помине Шпанија, нема да има сила која ќе ја запре Германија да го освои ова првенство!
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Утре ке навивам за Шпанија,иако сум убеден дека ке победи Германија. Се надевам дека не сум во право за Германија :toe:

--- надополнето ---

Лулз титула не се заслужува по историски резултати туку по сега прикажаните игри. А реално ваква игра каква што покажува Германија не е видена со децении на репрезентативно ниво. На 3 од 5 натпревари да постигнеш 4 гола, да ги прегазиш Англија и Аргентина со гол-разлика 8:2.. На пат за титула да ги елиминираш и Шпанија и една Холандија..? - Ако ова не е достојна игра за иден светски шамион не знам што е.

Имаат скоро совршен микс меѓу напад и одбрана Германците, не им треба 90% посед за да ги прават шансите а далеку се од затворена формација, играат полетно и лесно, за око прекрасен фудбал, доста ефикасни се и во искористување на шансите, детално ги анализираат и тактички се поставуваат на противниците, млади се, трчаат ко луди... Едноставно жалам за Шпанија и Холандија ама греота е оваа игра на Германија да не се круниса со титула на ова СП.

Сепак досега прикажаното секако не е гаранција за титулата - фудбал е... мора да се изодат последните 2 чекори и верувам дека Германците тоа го можат!
:helou:
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Ќе ми биде ќејф да бидат Холандија шампиони, па и Германија, само циганите од Шпанија-не!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom