Лулз титула не се заслужува по историски резултати туку по сега прикажаните игри. А реално ваква игра каква што покажува Германија не е видена со децении на репрезентативно ниво. На 3 од 5 натпревари да постигнеш 4 гола, да ги прегазиш Англија и Аргентина со гол-разлика 8:1.. На пат за титула да ги елиминираш и Шпанија и една Холандија..? - Ако ова не е достојна игра за иден светски шамион не знам што е.
Имаат скоро совршен микс меѓу напад и одбрана Германците, не им треба 90% посед за да ги прават шансите а далеку се од затворена формација, играат полетно и лесно, за око прекрасен фудбал, доста ефикасни се и во искористување на шансите, детално ги анализираат и тактички се поставуваат на противниците, млади се, трчаат ко луди... Едноставно жалам за Шпанија и Холандија ама греота е оваа игра на Германија да не се круниса со титула на ова СП.
Сепак досега прикажаното секако не е гаранција за титулата - фудбал е... мора да се изодат последните 2 чекори и верувам дека Германците тоа го можат!