Света Гора

Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
Доколку сеуште има некој кој би пишувал на оваа тема, ме интересира дали е вистина дека жените немаат право на пристап на Света гора, која е последната жена која стапнала на ова место и под кои услови и кое е образложението за тоа жената да има или нема пристап до местово? Поздрав
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Доколку сеуште има некој кој би пишувал на оваа тема, ме интересира дали е вистина дека жените немаат право на пристап на Света гора, која е последната жена која стапнала на ова место и под кои услови и кое е образложението за тоа жената да има или нема пристап до местово? Поздрав
Не може жени да стапнат; заборавено, ќе проверам, ќе биде напишано;верско-религиозни, донекаде и практични од муабетите на монасите.
Извини за штуриот одговор, малце брзам.
Edit
26 Мај 2008
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Доколку сеуште има некој кој би пишувал на оваа тема, ме интересира дали е вистина дека жените немаат право на пристап на Света гора, која е последната жена која стапнала на ова место и под кои услови и кое е образложението за тоа жената да има или нема пристап до местово? Поздрав
Преданието вели дека Богородица, заедно со некои од Апостолите, пловејќи кон Кипар, после голема бура, и сериозно скршнување од рутата, се вкотвиле на Атонскиот полуостров (кој во тоа време бил исполнет со пагански светилишта и кипови, претходно Атос се спомнува и кај Ксеркс,ако не се лажам, еден персиски цар кој сакал да ископа канал преку полуостровот и да ја изненади атинската флота во Солунскиот залив). Бидејќи многу и' се допаднала недопрената природа, Богородица го измолила полуостровот за нејзина градина каде ќе се слави името на нејзиниот Син и дека ниедна жена не треба да престојува таму после неа (и ден денес кога се вели „Градината на Пресвета Богородица“, се мисли на Света Гора)...

Денешните манастири се основани околу IX - X век (прво Лаврата, од страна на свети Атанасиј Атонски - иако постојат некои тврдења дека Ватопед е изграден под ктиторство од византискиот цар Теодосиј Велики, уште во 4ти век), но веројатно е дека и пред да постојат општежителни манастири, на Света Гора постоеле скитови и испосници, а монасите кои живееле таму се придржувале цело време кон преданието дека местото е свето заради престојот на Богородица.


Преданието вели дека султанијата Мара Бранковиќ (веројатно истата од „Калеш Анѓа“, веројатно според неа Мариово си го добило името и веројатно истата која се спомнува во локалните преданија поврзани со Прилеп, манастирот Трескавец итн), после навлегувањето на Османлиите на Балканот, како султанија, на кој и било дозволено да остане во христијанство, ги собирала моштите на светиите и чудотворните икони од манастирите и ги праќала на Света Гора. Кога се обидела и самата да отиде, при самото вкотвување во Ватопедското пристаниште, и' се појавила Богородица како Царица и ја пофалила за целиот напор, но побарала да ја напушти Света Гора затоашто таа (Богородица) е царица тука...

Освен овој „испад“ на Мара Бранковиќ и мислам дека Теодора (може го погрешив името), ќерка на Теодосиј, ниедна друга жена не стапнала на Света Гора минатите 2000 години.

Се надевам ти одговорив на прашањето.
Поздрав
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
Да, ми одговори, но сепак не е јасна суштината на сево ова. Ако веќе се напаѓаат сите останати религии за тоа колку правата на жената таму се “нарушени“ и сл. ова е еден интересен момент кој мислам дека покажува дека сите религии подеднакво се строги кон жената. Понекогаш можеби ова е оправдано а понекогаш не. Во денешно време е тешко да се разберат ставовите на религиите кон жената. Таа нема исти права во католицизмот, нема исти права во православието, но сепак на ова не се обрнува внимание. Тоа што повеќето луѓе не живеат строго според верските прописи, и сметаат дека религијата на која и припаѓаат е “подемократска„ од другите, воопшто не е точно и треба да се знае дека религиите не го дозволуваат таквиот- денешниот начин на живеење. По форумиве најчесто се “плука„ по исламот и правилата во него но се занемаруваат останатите религии кои исто така се строги по овие прашања. Затоа сметав дека некој би можел да има поадекватно толкување на оваа забрана од таа приказна која ја напиша погоре. Сепак доколку тоа е одговорот- прикаската, тогаш ок.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Па Богородица во православното хрстијанство се смета за најголема меѓу жените - нема да навлегувам зошто („почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите“, какошто е напишано во една химна која потекнува токму од Света Гора), и токму земјаќи ја неа како архетип на жена и почитта која и се укажува, всушност треба да се однесува кон жената, воопшто.
Зошто не е така, или зошто се добива впечаток дека не е така во христијанството, навистина не би можел да заклучам.

И ден денес монасите на Света Гора ја сметаат за своја покровителка Богородица и се држат до традицијата.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.267
Во ниедно свето писмо жената не е дискриминирана. Во почетокот тие се рамноправни со мажите. Дури и жената од Мухамед, Ајша, била онаа која го водела бизнисот, таа била богата и со свој бизнис и пред да се омажи за Мухамед. И никаде во Куранот не се наредува да се носи бурка, туку се дава препорака “жената да го покрива горниот дел од телото“. Сегашниот изглед на бурката е всушност превземен традиционален персиски обичај во облекувањето надградуван со времето како што верската власт надвладувала над световната.
Истото е и со Христијанството. Жената и значењето на жената, нејзината рамноправна улога, се постепено потиснувани од списите, исфрлани се неподобните списи и зачувувани се само оние кои биле корисни за високото свештенство за завладување и доминација врз народите и државите. И така, човекот Исус бил истиснат од Богот Исус, не затоа што така навистина било туку затоа што на тој, догматски, начин лесно се владеело со народот. Со исфрлањето на неподобните реченици и цели евангелија од Светото Писмо се добила една исплакнета верзија, бледа верзија на истото, без реална историска подлога, но со силен емоционален набој. Всушност, се добиле четири верско-политички памфлети, кои наместо да ја пренесуваат љубовта низ секој збор (љубовта е всушност она што треба да го пропагира Христијанството) тие шират лицемерна љубов. И жената е избришана од сите активности во Светите Писма или е маргинализирана нејзината улога во најголема мера.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Немало Македонски манастир? А чија била Света Гора? Ај, била на територијата на Византија, но кој живеел таму? Грци? До пред век и пол не бил познат терминот Грција. Срби никогаш не живееле на тие предели. Бугари?? Кои се тие?

Да се разбереме, Света Гора била територија (и е територија) среде Македонското ткиво. Тука имало Македонци лево и десно, напред и назад, горе и долу. Поради посебноста на местото калуѓери од целиот православен свет се збирале на тоа свето место, но сите тие биле само гости, биле така речи кираџии.

Домородците биле Македонци. Посебни национални манастири се граделе во зависност од тоа, која држава (кралство или царство односно владетелите) успеала да се оформи како таква и истата да “потрае“ одреден подолг период, доволен за да направи манастир на тоа атрактивно место.
Ако уште не ти е станало jaсно, таа териториja е обjaвена на божиjaта маjка. Коjaто и православна држава да држи се около Света Гора не е имала власт внатре во неja за да управува со неja. Коj живеел тамо? - Монаси живеели тамо от многу православни држави.
Што разбираш под доморни?
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 15:03 ---
Архитектурата мора да наликува на Македонската, од едноставна причина - мајсторите што граделе биле сигурно Македонци. Не верувам дека сите кои граделе (давале пари за градење) “влечкале“ и мајстори со себе. А поимот “архитект“ не бил познат како одвоена дејност од градежничката дејност (освен од 19 век па наваму и тоа во поразвиените земји). Настрана тоа што Македонскиот тип на градба на манастирите бил земан како “исправен“ и во склад со православните канони. Тоа што некои одстапувале од тој вид манастир е по желба на тој што давал пари и тоа претежно се поновите манастири.

А да имаш манастир на Атос било престиж во тоа време (можеби е и сега престиж, исто како и присуството на одредена верска заедница во Ерусалим).

Уште, при градбата на цркви и манастири мора да се спазуваат црковните канони (како впрочем и во се друго, пр.-при сликањето икони) и затоа црквите и манастирите сакал-нејќел мора да си личат донекаде.
Аха, значи не врз база на еталон да речам еве гледам еталона и архитектурата на Света Гора па да речам - да таа таква, а ти велиш МОРА да наликува. :pos: Мора,мора ама еве не мора. Маjсторите били от многу места.Манастирилите не са градени во един и ист момент во секи манастир има едно,друго крило градено от различни луге, неко со различна архитектура.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Во ниедно свето писмо жената не е дискриминирана. Во почетокот тие се рамноправни со мажите. Дури и жената од Мухамед, Ајша, била онаа која го водела бизнисот, таа била богата и со свој бизнис и пред да се омажи за Мухамед. И никаде во Куранот не се наредува да се носи бурка, туку се дава препорака “жената да го покрива горниот дел од телото“. Сегашниот изглед на бурката е всушност превземен традиционален персиски обичај во облекувањето надградуван со времето како што верската власт надвладувала над световната.
Истото е и со Христијанството. Жената и значењето на жената, нејзината рамноправна улога, се постепено потиснувани од списите, исфрлани се неподобните списи и зачувувани се само оние кои биле корисни за високото свештенство за завладување и доминација врз народите и државите. И така, човекот Исус бил истиснат од Богот Исус, не затоа што така навистина било туку затоа што на тој, догматски, начин лесно се владеело со народот. Со исфрлањето на неподобните реченици и цели евангелија од Светото Писмо се добила една исплакнета верзија, бледа верзија на истото, без реална историска подлога, но со силен емоционален набој. Всушност, се добиле четири верско-политички памфлети, кои наместо да ја пренесуваат љубовта низ секој збор (љубовта е всушност она што треба да го пропагира Христијанството) тие шират лицемерна љубов. И жената е избришана од сите активности во Светите Писма или е маргинализирана нејзината улога во најголема мера.
:facepalm: Лет3 да не ти е учител?
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Интересно е да се знае,дека манастирите от Света Гора са били дарjaвани со големи имоти во некои држави и то предимно во големите градови. Манастирите на Света Гора са успели да зачуват сравнително големи библиотеки от средновековни ракописи от Балканот предимно. Манастирите на Света гора са изиграли и своjaта историска улога за пробуждането на населението во Отоманската империja.
 

Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Во ниедно свето писмо жената не е дискриминирана. Во почетокот тие се рамноправни со мажите. Дури и жената од Мухамед, Ајша, била онаа која го водела бизнисот, таа била богата и со свој бизнис и пред да се омажи за Мухамед. И никаде во Куранот не се наредува да се носи бурка, туку се дава препорака “жената да го покрива горниот дел од телото“. Сегашниот изглед на бурката е всушност превземен традиционален персиски обичај во облекувањето надградуван со времето како што верската власт надвладувала над световната.
Истото е и со Христијанството. Жената и значењето на жената, нејзината рамноправна улога, се постепено потиснувани од списите, исфрлани се неподобните списи и зачувувани се само оние кои биле корисни за високото свештенство за завладување и доминација врз народите и државите. И така, човекот Исус бил истиснат од Богот Исус, не затоа што така навистина било туку затоа што на тој, догматски, начин лесно се владеело со народот. Со исфрлањето на неподобните реченици и цели евангелија од Светото Писмо се добила една исплакнета верзија, бледа верзија на истото, без реална историска подлога, но со силен емоционален набој. Всушност, се добиле четири верско-политички памфлети, кои наместо да ја пренесуваат љубовта низ секој збор (љубовта е всушност она што треба да го пропагира Христијанството) тие шират лицемерна љубов. И жената е избришана од сите активности во Светите Писма или е маргинализирана нејзината улога во најголема мера.

Девојче од 9 години водело успешен бизнис?

Мешаш жени, првата жена (Хатиџа или како и да е превод на македонски) му била богата.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.267
:facepalm: Лет3 да не ти е учител?
Куранот е неодреден (нерадикален) во однос на ограничувањата на жените. А Христијанското учење е резултат на многу кроења и прекројувања на Светото Писмо. Во однос на жените останал цврстиот (иако директно не нагласен) став на Еврејскиот монотеизам, нивниот патријархален, расистички и сексистички светоглед. За да се одвои Исус од “земското“ и да добие Божественост, една од жртвите на тој пат биле жените. Затоа во Евангелијата тие имаат минорна улога, затоа Исус “не е“ женет, ниту пак го интересираат жените (чудно нешто за тоа време - а и сега е чудно некого на 33 години да не го интересираат жени).
Сакам да кажам дека отсуството на жени, односно нивната улога (споредна) во Евангелијата е резултат на подоцнежни редактури на Светите Писма.
А приказните дека на Света Гора се симнала од брод Богородица - се точно само приказни (барем додека не се докаже прво историчноста на самата Богородица, а потоа и фактот дека таа патувала на Балканот и Халкидики).
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 18:09 ---
Девојче од 9 години водело успешен бизнис?

Мешаш жени, првата жена (Хатиџа или како и да е превод на македонски) му била богата.
Камо да мешам жени ;).
Згрешив. Куранот ми е пред десетина години читан и навистина згрешив, а ме мрзеше да проверувам. Сакав да пишам дека не сум сигурен во името, ама ни тоа не го направив...
A личните именки не се преведуваат, па така Хатиџе си е - Хатиџе (или некои велат Атиџе, сеедно)...
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
Куранот е неодреден (нерадикален) во однос на ограничувањата на жените. А Христијанското учење е резултат на многу кроења и прекројувања на Светото Писмо. Во однос на жените останал цврстиот (иако директно не нагласен) став на Еврејскиот монотеизам, нивниот патријархален, расистички и сексистички светоглед. За да се одвои Исус од “земското“ и да добие Божественост, една од жртвите на тој пат биле жените. Затоа во Евангелијата тие имаат минорна улога, затоа Исус “не е“ женет, ниту пак го интересираат жените (чудно нешто за тоа време - а и сега е чудно некого на 33 години да не го интересираат жени).
Сакам да кажам дека отсуството на жени, односно нивната улога (споредна) во Евангелијата е резултат на подоцнежни редактури на Светите Писма.
А приказните дека на Света Гора се симнала од брод Богородица - се точно само приказни (барем додека не се докаже прво историчноста на самата Богородица, а потоа и фактот дека таа патувала на Балканот и Халкидики).
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 18:09 ---


Едно е многу нејасно кога библијата( новиот завет) е во прашање, а тоа е зошто нема доволно податоци за Исус во периодот кога тој бил “тинејџер„ или кога ги живеел 20тите од својот живот? И во Библијата но и во филмовите за него ( морам да нагласам дека иако сум муслиман сум ги гледал сите верзии по минимум 10 пати и многу ми се убави) секогаш се спомнува само периодот пред неговото раѓање, времето на неговото раѓање и детството и потоа малку за тоа како ги собира апостолите( период на колуминација на неговото учење поради кое почнува да биде предмет на расправа како помеѓу обичниот народ така и кај тогашните власти) и како бил предаден и убиен. Мислам дека фалат многу податоци од неговиот живот, многу нешта се случувале во тие негови млади години се до неговата смрт но сепак за сево ова имаме многу оскудни информации.
И јас како и сите оние кои на било каков начин, искрено веруваат во мисијата на Исус- Иса а.с, сметам дека многу работи се намерно искривени или пак сокриени од страна на некој кој во никој случај немал интерес правилно да се шири неговото учење но и вистината за него.
Овој податок- оваа приказна за Света гора и забраната на тоа место да стапне било која друга жена е една од тие тешки измислици на луѓето кои го злоупотребиле Исуса во секој поглед.
Девица Марија- Мејрема а.с била жена чија скромност била безгранична. Таа никогаш ништо не сакала само за себе, па дури ни “својот„ син, кого му го дарила на светот и за кого знаела дека еден ден ќе го изгуби во името на бога.
Таа никогаш не би прифатила во нејзино име да постои забрана за било која жена. Самото тоа што “една„ жена била одбрана да роди еден божји пратеник, зборува за важноста и значењето на жените на овој свет. За правото на жените треба да се борат нивните мажи и синови. Но како ќе се борат затворени во манастири без мајки и без жени? Да верувате дека забраната е само дел од една приказна, да го прифатите тоа без конкретни образложенија, и истото тука да го пласирате како одговор, е само доказ за непознавање на религијата.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Дискусијава е легитимна, но веќе неколку пати издискутирана на други подфоруми.
Би било невозможно и некултурно да цитирам ставови, но во подфорумот „Прашања за христијанството II“, во сите 600 и кусур страни има и сериозна дискусија по ова прашање.

Како и да е, јас не мислам дека жената во христијанството е маргинализирана, напротив, за разлика од старозаветната традиција, во христијанската традиција веќе се потенцира „еднаквоста“ - тоа се гледа според почитта кон Богородица,како што напишав погоре,какоархетип на жена, а и според почитта кон мноштвото светителки и маченици од првите векови на христијанството до ден денес.

Што се однесува до „историчноста“ на преданието за Света Гора, за жал,не можам да цитирам извори, го раскажав она што го знам - т.е. преданието кое и ден денес се прераскажува и традицијата која се живее на Свет Гора.

Низ историјата, постојат записи и сведоштва на монаси, поврзани со „присутноста“ и покровителството на Богородица на Света Гора, но тоа не спаѓа под историска литература, па затоа нема ни да ја цитирам.

Кариес; Да не бидам сфатен погрешно, Лет3 го спомнав оти со него имавме дискусија на погоре спомнатито подфорум, а тој застапуваше ставови слични на твоиве.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Доколку сеуште има некој кој би пишувал на оваа тема, ме интересира дали е вистина дека жените немаат право на пристап на Света гора, која е последната жена која стапнала на ова место и под кои услови и кое е образложението за тоа жената да има или нема пристап до местово? Поздрав
Жената нема право на пристап на Света Гора поради заповедта на Богородица. Инаку еднаш прочитав дека последен пат некоја Гркинка (била мис на Грција), не се сеќавам на годината, се преправила во машко и стапнала на Света Гора, но веднаш била откриена.
Исто така во историјата при бегство од Турците некоја бремена жена дошла на светогорскиот брег и за кратко време се породила. Родила машко дете кое кога пораснало се вратило на полуостровот и го примило монашкиот подстриг.

Инаку Македонец вистински ерудит, роден во Струга, бил архимандрит на манастирот Свети Григориј-Зограф. Станува збор за Крстан Санџак попознат како архимандрит Калистрат Зографски.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom