1. Секој член на овој форум има право да изнесе став по одредено прашање на соодветна тема - всушност, заради тоа и се зачленил форумот.
2. Секој член на овој форум има право да изрази несогласување со туѓ став по одредено прашање на соодветна тема - всушност, покрај причината од точка 1, заради тоа и се зачленил на форумот.
Меѓутоа, пожелно е (а и треба), размената на ставовите да се одвива аргументирано и пристојно. Значи, (повторно потенцирам) не мора да се согласувате со нечие мислење, но истото почитувајте го! Во крајна линија, добар дискутант е оној кој не ги омаловажува туѓите уверувања, туку аргументирано, пристојно и без аспирација за наметнување на сопствените изразува несогаласување со истите.
Имајте на ум дека во врска со многу од прашањата по кои се дискутира во "Мистерии и религија", а заради нивната природа, нема точни или неточни одговори, туку различни мислења.
Оваа тема е привремено заклучена со цел членовите кои имаат намера и желба да изнесат став за истата, пред да го сторат тоа, да ја разгледаат оваа сугестија (важечка и за сите други теми во овој подфорум) на модераторот.
До сите, мирољубиво и со желба за квалитетна дискусија,
Ninja :smir: