Според моето скромно познавање на законитостите за причинско-последичната условеност на светот можам да кажам само дека се држам до краен агностицизам. Ние сме само луѓе, ние не можеме да ја видиме силата на нужната поврзаност помеѓу некои две појави. Единствено што можеме да видиме е тоа дека помеѓу две појави секогаш има контигвититет, и временски приоритет, но никогаш не можеме да знаеме дали помеѓу две појави има некаква каузалност, детерминираност, е тоа не сме доволно моќни да го сознаеме.
пр. Петелот секогаш пее со изгревот на сонцето, и секогаш пее прво петелот па изгрева сонцето, но дали пеењето на петелот е причина а изгревот на сонцето последица? и уште ова Некој селанец и носел секое сабајле во точно време јадење на свињата. И така тоа се одвивало со години и свињата си помислима дека доаѓањето на газдата е причина а остацвањето на храна последица. Но што се случило еден ден. Дошол газдата и и го пресекол вратот на свињата.
Така бидејќи човекот е суштество кое има бесконечна потреба од сигурност на некои појави има потреба да им дава поврзаност. Но ние како што реков не можеме да сознаеме дали помеѓу две појави има поврзаност, исто и примерот со билијардските топки... така и настанало верувањето во магии и во многу други бесмислици и предрасуди и заблуди во кои паѓа нашиот ум поради неговата немоќ. Се се добива преку сетилата а сетилата лажата. Сонцето ни изгледа дека е колку една чинија но дали е стварно толкаво. Она что за мене е ладно за друг е топло, веслото во вода секогаш изгледа дека е прекршено но не е итн да не ги набројувам други безброј значи сетилатала лажат а се се добива преку нив а разумот може да паѓа само во заблуди. Значи не можеме да знаеме дали светот е детерминиран или ин. Тоа е секако погрдно за човекот кој има потреба од љубов, сигурност итн.. нотоа е тоа
И ако постои некаков Бог кој е најдобар, најмудар, бесконешен... зашто тогаш дозволил да се лажам во сите тие работи, дали затоа што не е добар можеби е антибог или не е совршен и најмудар и не знаел да создаде подобар свет!!?? Ова се многу хард цор муабети ине би сакал да продолжам понатаму. И еве ај уште ова може сум го кажал ова на друго место всушност ѓе го цитирам Ниче -
Како може да верувам дека постои Бог а притоа јас да не посакам да станам Бог!. Еве мала психолошка анализа на реченицава од моја страна. Имено секој од нас длабоко, потсвесно или свесно сака да биде најмудар, најсовршен, најдобар, итн. Но не е, па затоа дали значи сме му љубоморни на нашиот Бог можеби потсвесно и го мразиме, значи имаме амбиваленција према него. па како тогаш би можело да се зборува за некој морал кога ние сме неморални према нашиот Бог а па камоли према другите!!??? И тоа сите ние почнувајќи и од сите попови (да не кажам што мислам за нив) па и сите други. Но не велам дека ние треба да бидеме неморални и да... незнам што. Туку треба да бидеме морални само за наше добро зашто така ќе имаме посреќен живот. Што е мојот императив. Живот со желби, посакувања, крвавење убави и лоши работи итн тоа е животот, реалноста а сите вери се само еден огромен механизам на потиснување. нема некој друг свет над овој и да има ние не можеме да го осознаеме