Не сакам уште некој да плаче над жолтата хартија на која пишува "позитивен".
Сеќавањето на тој совршен секс ќе ми трае додека сум жив. Единствениот проблем е што тоа нема да трае долго ...
Немам ни секс. Немам ни девојка. Немам ни интерес за некакво хоби или спорт. Едноставно, седам и чекам да се случи.
Никогаш нема пари за нив, но јас му ги купувам и му ги ставам во џеб, скоро секојдневно. Малку чудно ме гледа поради тоа, но ќе преживеам ... мислам, неговиот поглед.
И доста важно: имав многу девојки. Многу секс. На ниеден не се сеќавам. Ако ме прашате сега, би го дал цел тој секс, дури и да останам невин до 27 години, само да сум здрав.