Имам случај од мој роднина, синот кој е прва или втора година средно, константно бил малтретиран од група деца добро познати на полицијата поради разни ситни кримитални дејства. Пред некој месец бил нападнат од истите, и при самоодбрана, скршил нос на еден од нив ( ситен скепар е, незнам како успеал ). Е сега, иако се работи за очигледна самоодбрана, дечкото има заработено тужба, а како што гледам, законот е на негова страна . Проблем е што детето кое е повредено во настанот има родител кој е дел од плавиот оркестар на МВР и според нивните кажувања, настанот се случил од чиста мира т.е. немало никакво провоцирање и тепање од нивна страна ( другарите негови кажуваат така ) . Ке може некоја информација за ситуацијава, со оглед дека е негов збор vs нивни збор, мислам дека сведоци од страна не се инволвирани .