jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.422
Прва и основна лоша претпоставка ти е дека нема да влеземе во НАТО. САД никогаш нема да се откаже од ниедна територија, па макар и била толку мала и очајна како нашата Македонија. Не е прашање дали сме во план за НАТО, туку како. Дали како независна држава или како поделена. НАТО иднината ни е во секој случај скоро загарантирана, што само по себе не значи наша заштита.Мислев дека никогаш нема да се согласам со бугар на тема политика или историја, ама бугаров овде има право.
Мислењето не ми се промени од самитот во Букурешт пред 3-4 години дека мора што побрзо да влеземе во НАТО доколку сакаме да го зачуваме и ова мало парче земја што остана од Големата Македонија
Проблемот е што влегуваме многу лежерно во една таква ситуација. Некој пробува да ја релативизира опасноста. Дека доколку се знае опасноста, ќе се отвори прашањето дали можеби треба да се размислува на алтернатива. И ако треба, тогаш ќе се отвори прашањето, зошто досега не се размислувало на таа алтернатива. Дали повторно како и во 1912 година, сите чипови сме ги вложиле на нешто кое само по себе ќе значи поделба на Македонија.Инаку сум анти-нато и анти-еу политички ориентиран, ама опцијата НАТО ни е многу потребна инаку поделбата е се поверојатна.
Јасно како ден е дека на вујко сем му е потребен безбеден и стабилен Балкан, а уште појасно е дека тоа што го сака САД и го добива. Албанските политичари многу добро го користат тоа, а нашите повторно потфрлија.
После северно Косово, на ред сме ние.
Не сум оптимист.
Но немаме време за плачење, треба се повеќе да се крева гласот за да се види дека народот гледа предавство во сето тоа. Мора да се врши притисок да се бараат алтернативни патишта.