Размисли за алтернатива ама разумно не емотивно као „Русите и Србите ни се православни браќа треба со нив да бидеме, само они ќе ни помогнат“ и сл, ќе видиш дека избор немаме. Ако имаш нешто на ум, подели го, баш би сакал да чујам и да разгледам.
САД имаат планови, иако моментално им се на стенд-бај, за некој си коридори(да не развлекувам кои и како) низ балканот така да верувај, им треба мирно подрачје и ќе го добијат.
За да имаш во предвид од каква димензија ти зборувам, морам да ти кажам дека до пред нешто повеќе од 1 година бев убеден во ова што го тврдиш ти. Дури повеќе, бев сигурен и дека не ни треба НАТО, туку САД сам по себе би ни била доволен гарант и ја споредував нашата ситуација со таа на Израел. Тие што ме следат од порано, го знаат тоа многу добро.
Не мислам да те убедувам, туку ќе ти ги кажам моите гледишта на работите малце поопширно све од причина да не бидам недоискажан.
Ние моментално сме опкружени од 3 НАТО земји кои мораш да признаеш се горе-доле негативно настроени кон нас. Со некои имаме отворени конфликти, со некои прикриени. Е сега за нашето членство во НАТО има доста задкулисни игри.
1. Доколку САД не сака во НАТО толку колку што звучеше во Букурешт 2008, има доволно моќни инструменти тоа да го направи.
2. Зошто НАТО би се скарало со 3 свои партнери заради нас. Што имаме ние да му понудиме, повеќе од нив. Територијата? Па фино лепо ќе ја добијат територијата така што ќе ја разделат меѓу тие 3 земји. Тоа впрочем се случило во минатото. Тука обично викаат дека границите се менувале пред 100 години, а не сега, но јас би ти рекол да го погледнеш атласот пред 20 години и сега, ќе видиш повеќе промени одколку во двете светски војни заедно.
3. Сите ресурси, сите нафтоводи, антиракетни штитови и све тоа, они ќе добијат било ние да сме во НАТО или не. Било да сме РМ или дел од други држави, така да и тоа ти паѓа во вода. Зарем има некој јунак што може да рече не?
Ајде сега да ја видиме алтернативата. Како и зошто. Русија во моментов е во подем и од дефанзива преоѓа во офанзива. Дека тоа не е Руска пропаганда, збори речникот на Ромни, кој јасно и гласно ја најави новата студена војна, но мора да се спомне и најновата помош на САД за Грција, за која министерот рекол „ако треба ние да го плаќаме транспортот, не можеме да ја примиме таа пратка“, тоа значи се стационираат сили на можната граница, а единствена граница на НАТО во Грција е Македонија. Тоа значи дека не од емотивни причини, туку од практични причини имаме нешто да им понудиме на Русите. Присуството на Русите во Македонија, би било како клин во регионот. Имајќи ја во предвид географската близина на Русија, без разлика дали сме опколени или не, чим Куба на времето си ја изигра улогата, ние ќе ја изиграме уште полесно. Од друга страна веќе го немаме оној затупен комунистички режим, туку сега гледаме една сила која оди напред и за која светската криза не остави ниту најмала трага.
Е сега знам дека се трубеше против Русите последните 22 години (и јас трубев), но што ако идевме со глава низ ѕид во НАТО? од 2008 до денеска подршката на народот вртоглаво падна од 95% на 50%. Значи многу лесно народот ќе се сврти кон Русите, многу полесно него ли накај НАТО, ако се има во предвид дека Бугарија, Грција и Албанија се во НАТО.
--- надополнето: 28 април 2012 во 04:16 ---
Значи све на све, пазар е во прашање, зошто да те купи САД, кога може да те добие беспари. Тоа значи цената ни е 0.00. Ако веќе моменталната цена ни е 0.00, тогаш секоја друга цена која што би ја добиле би била премија.