Чадорот не се витка, туку се крши, фаќа повеќе простор и лесно се измрдува. И овде ги има чадорите, баш пред да нарачам бев да споредам. И не се витка и другото, на Алиекспрес има специфично за моделот што го имаш, кнап е, на старт требаат 2-3 пати собирање додека да го сконташ која страна се повлекува прва и после се средува за 1 мин.
За прекривката, пак ќе повторам, вакви има секаде, тенки се, на малку појак град колата ќе е попара. Не се штеди на се, ризикуваш нешто што вреди илјадници евра за мали пари.
Еве ти слика да видиш колку е голема оваа споредено со тие тенките, материјалот е дебел и има неколку слоеви еден врз друг.
Прегледај го приврзокот 421630
Пола багажен простор оди на оваа ако ја носиш во кола, и не се собира на помалку. Кога ја зедов, бев во продавница да споредам, 2 огромни рафтови имаа со вакви, специјализирана продавница за возила, и тие тенките се третина од оваа.