Дали некој имал искуство со поплака/враќање на облека (поконкретно, одело) во продавница?
Ја имам следнава ситуација: Некаде во Јули земав одело од еден од попознативе бутици за одела во Скопје, околу 250 евра. Оделото го носев само еднаш (околу 3-4 часа) и веднаш после првото носење се видоа знаци на оштетување, на делот кај препоните, џебовите, и на уште некои места. Веднаш ги побарав во бутикот, го вратив и ги замолив да видат што можат да направат. Рекоа прво дека ќе го испратат до фабрика, ќе го рекламираат и слично.
Ги чекав едно 3-4 недели, ми се јавија дека е направено и кога дојдов да го земам буквално ништо не направиле, само го испеглале

. Ајде пак карање, па друга колешка била, па не се разбрале, го оставив пак, помина месец и нешто, не ме побараа ниту еднаш. Вчера бев до бутикот, овој пат муабетот беше - никој до сега не се пожалил од оваа колекција, вие сте покрупен затоа можеби вака се прави оделото, нема шанси да е ова носено само еднаш и слични глупости, дојдоа до степен да бидат безобразни со мене, иако бев коректен цело време до тој момент.
Long story short - не можат да го поправат оделото и не сакаат да слушнат за никаква рефундација. Што можам да направам јас, и што би бил следен чекор после ова? Дали е најдобро да се жалам / да поднесам претставка во Организација за Заштита на Потрошувачи, или можеби Пазарна Инспекција? Дали вреди воопшто и дали може да вроди со плод?
Кој има некако искуство или препорака, shoot.