Да ти кажам да, сега приметивме
Незнам од кога е вака?Абе да знам дека им се може све, ама ова се елементи.Не може дај ми 1литар компири.Во школо сме учеле, закони се ова ццц лудории
ЧИСТА КРАЖБА
( 1,000 г = 943 мл ) 57мл помалце
а ( 1000мл = 1060г )
На 17000 продадени јогурти на ден газдата
добива 1000 јогурти гратис Над-1000евра или
над= 365 ИЛЈАДИ ЕВРА ГОДИШНО БОНУС
... како да ви објаснам, постои тежинско и волуменско мерење, но не е погрешно да течностите кога се мешаат поради точноста се мерат и изразат тежински.
...еве за полесно ќе земам пример со алкохолот кога го разблажуваме со дестилирана вода да од концентриран алкохол 96% бидне 70% што го сметаме за медицински или ако сакате при приготвување на ракија со помал %.
...ако користиме сад (мензура) во ,,мл т.е волуменско мерење на додадената дестилирана вода, нема да биде исто ако мерењето на водата ја направиме со помош на вага т.е. тежинско мерење.
зашто?
...затоа што мешањето на тие две течности (вода и алкохол 96%) се со различна густина и ако се помешат волуменски се добива 70%,ама тежински се добива 62% алкохол, односно со мешање на 100мл 96%алкохол и 100мл вода се добива 190мл мешавина, а не логички очекувани 200мл.
... две течности со различна густина, би рекле со мешање ,,се губи - корелација" заедничкиот волумен што ќе речеме волуменското мерење е променлива категорија при мешање на течности со различна густина, ама затоа тежинското мерење е константно на тие различни течности со различна густина и секогаш волуменските ги претвараме во тежинско мерење (сметање).
... е сега пример со јогуртот, највероватно се додава во јогуртот дополнително млеко или вода, па поради различната густина, да потрошувачот добие точно едно литро јогурт од две,три мешавини се мери тежински т.е. 1 кг јогурт.
...ако мешаме три чаши млеко со две чаши вода, нема да добиеме пет чаши мешавина или ако имаме измешано 100мл млеко со 100 мл вода мерено волуменски со мензура добиваме на пример 190 мл мешавина, а не 200 мл што би било логички, ама ако тежински мериме на вага посебно 100мл млеко и 100 мл вода т.е. тежински е тука добиваме константно 200 мл мешавина од двете.
...така да погрешно го толкуваш, токму тоа што пишува 1 кг на јогуртот ти гарантира дека ќе добиеш точно толку 1кг, а ако ќе беше 1 литар јогурт значи волуменско мерење тогаш фактички ќе добиеш да речеме 980 мл јогурт.