Сакам да зготвам: ... помош!

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.736
Поени од реакции
24.391
Домаќинов ми донел пола кило рукола. Давајте идеи што да правам со неа.
 
shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Домаќинов ми донел пола кило рукола. Давајте идеи што да правам со неа.
Денес баш јадев Цезар салата со рукола. :D Или може салата со рукола, моцарела, шери, марула, сок од лимон... :noze:
Јас обожавам варен ориз, па мислам дека многу убаво би дошла руколата во комбинација со варен ориз/рижото. На пример прво кромидчето со оризот да се запржи и да се вари. А посебно свежи печурчиња нели да се издинстаат, па да им се стави руклолата и на крај се заедно малку да се повари. :X3:
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Рукола, просо/киноа, патлиџани , сирење и лимон.
Рукола, пилешко, павлака, пармезан.
Рукола, бунгур, млад кромид, краставица, парлиџан, балсамико.

Ај стига ти се. :)
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Освен стандард кечап и мајонез, кажете некои други сосови за пржени компирчиња?
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Освен стандард кечап и мајонез, кажете некои други сосови за пржени компирчиња?
Па има многу, но еве неколку од мене.........., земи мајонез, во него стави оригано и чубрица, измешај, и одма добиваш друг вкус. Исто така можеш да измешаш малку јогурт, павлака, малку кечап, сол и бибер, и одма имаш вкусен сос.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.923
Поени од реакции
12.417
Салата со брокули?
Обично ги јадам брокулите полеани со сосче од лук,маслиново масло и киселина, ама после 1 ден не можам да излезам од дома, а пусто многу сакам брокула да јадам. :D
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Салата со брокули?
Обично ги јадам брокулите полеани со сосче од лук,маслиново масло и киселина, ама после 1 ден не можам да излезам од дома, а пусто многу сакам брокула да јадам. :D
Јас салати со брокула најмногу сакам. Овие две ги имам јадено и се многу вкусни..................., едната (читај поубавата) е да свариш брокула и морков, да ги исецкаш на парчиња, стави им оцет и зејтин, стави сол и бибер и од кога ќе ја изедеш салатата ќе си викаш колку би било добро кога би имало уште малку:D ................., другата е да свариш брокула, да исецкаш салама и сето тоа тоа да го измешаш со павлака и мајонез:)
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Прашање до @Agda Beata, или до сите што би можеле да ми помогнат. Те тагирав тебе пошо знам некаде пред година дена имаше еден натпревар за ориз зеленчук и сл, па ти тогаш постираше една порција со суши. Многу голем љубител сум на суши, но никогаш го немам спремано дома. Привично ги имам набавено алгите, имам замисла горе долу да ги правам со крставица, морков, авокадо и некој слични комбинации. Прашањето е каков ориз да користам :toe: Знам нешто треба да биде кратко зрно некој суши рајс, али кај да најдам и кај нас во Скопјево во кои пакувања и брендови да го барам. Битно е да биде така стики (леплив, лесно да се нанеси на алгата) рајс, што мислам дека после варењето ќе се направи тоа кога ќе додадам оцет (со сол и шекер растопен, одредена количина во зависност колку ориз ќе варам).
Се надевам на одговор во поскоро време, планирам викендов да го спремам.
 
Во Скопје имам видено одамна во поголемите и добро снабдени маркети. Да, ќе бараш специјален ориз за суши, а како ќе го припремиш ќе ти пратам видео.[DOUBLEPOST=1462907859][/DOUBLEPOST]Еве го.

Само што јас не ставам во оваа количина оцет, сол и шеќер, премногу ми е. Вкусот го имам подесено според ресторантските порции и со многу експериментирање. Прстофат сол, 3-5 мали лажичиња шеќер или мед(ова исто зависи и од количината на оризот) и 1-3 лажички оцет.
 
Последно уредено:

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Дали некој има рецепт како ги прават оние фурнаринки (потпечени лепчиња со разни зачини) по кафаните што ги прават?
 
shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Дали некој има рецепт како ги прават оние фурнаринки (потпечени лепчиња со разни зачини) по кафаните што ги прават?
Јас имам правено неколку пати. Последниот пат правев по рецептот за пица тесто и ме бендиса.

Во мало садче со од прилика 100 мл. млака вода се става 1 квасец, со лажица брашно и прстофат шеќер да стаса неколку минути. Па во голем сад се меша 200 мл. млака вода, 1 лажичка сол, 6 лажици зејтин, па се додава квасецот и со од прилика уште 700 гр. брашно (ќе си видиш според тоа колку е меко) си замесуваш тесто. Се остава да стасува половина час. Се загрева рерната на 300 степени.
Од тестото можеш да извадиш 4 топчиња. И најубаво е со раце да ги тегнеш, без сукало, во некоја соодветна тепсија после да го „дотегнеш“. После со ножот исечи го на неколку ленти, а и не мора целосно да го сечеш, до крај да го тераш ножот. Премачкај ја со јајце и одозгора стави кашкавал, бешамел и пармезан, што сакаш... А зачини бирај си ти. И се печат едно 10тина минути, зависи.
Тоа е тоа. :D
 
M

Moon Child

Гостин
Ај некој поснаодлив во кујна нека ми каже следново:
Имам спанаќ во фрижидер, ама го имам веќе можеби 2 недели си стои, не е зготвен така свежи лисја во кеса. Е сега пошто спанаќот велат ако стои подолго време (зготвен) не е здрав за јадење, дали е тоа случај и со свежиот кој цело време стоел во фрижидер? :D
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Не. :) Слободно го јади ако не е скапан. После готвењето не се конзумира и не се топли пак.
Ај некој поснаодлив во кујна нека ми каже следново:
Имам спанаќ во фрижидер, ама го имам веќе можеби 2 недели си стои, не е зготвен така свежи лисја во кеса. Е сега пошто спанаќот велат ако стои подолго време (зготвен) не е здрав за јадење, дали е тоа случај и со свежиот кој цело време стоел во фрижидер? :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom