Сакам да зготвам: ... помош!

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.890
Сакам да направам слатко од мандарини. Е сега најдов рецепт со мали цели мандарини со лушпа. Ме интересира дали некој има правено на ваков начин, дали отпосле лесно се сечат по што се цели?
 
Член од
22 август 2006
Мислења
497
Поени од реакции
1.000
Сакам некој добар рецепт за топено сирење...
Значи од основните состојки да биде- фета сирење, кравјо или мешано сирење, доматен сос, кашкавал, павлака, а вие да ми кажете како ги распоредувате, по колку ставате, како печете итн...
Значи не сакам внатре месо, печурки или бешамел сос, како што има во повеќето рецепти на интернет...
Немам ни правено ни јадено повеќе од 3 години, али тоа што го имам последно правено е:
Ги спремав како единечни порции по човек во едни мали земјени тавички. За почеток најдобро е да се подготвиш со сите намирници спремни:
- томатело
- фета сирење
- овчо сирење
- ајдамер
- оригано
На почеток малку ја замастуваш тавичката со маслиново, потоа ставаш од томателото (претходно зачинето со малку оригано), над него фета сирење, над фетата овчо сирење (исто така како фетата дробете го на парченца), а над нив сечен на ленти ајдамер за да се покрие сето, затоа што не ја форсирав многу дозата имав место да ја повторам истата постапка уште еднаш па ми дојде во два реда. Околу печењето на добро загреана рерна на 200 степени доволни се околу 10 минути, односно зависи од рерна до рерна, види кашкавалот од горе малку да ти биде заруменет, да има боичка фатено. Тогаш кога спремав немав брашно, па на тостер спремав само лепчиња со сусам тостирани и сечени на ленти, како тостерки.
Резултат оргазмичен.
пс. целиот рецепт е многу солен поради овчото сирење, бара многу пиво во летно време или црвено вино во зима.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543

Ми се свиѓа рецептов ептен...Е сега дали би било ок да додадам и едно 2 лажици павлака на ова или не...?
 
Член од
22 август 2006
Мислења
497
Поени од реакции
1.000
Ми се свиѓа рецептов ептен...Е сега дали би било ок да додадам и едно 2 лажици павлака на ова или не...?

Еве ја @CafeDelMar во мое име одговори. Не мешај павлаки чуда ќе го расипеш јадењето, пробај го вака поуживај во оргазмите па после прај што ќе правиш, па ќе не известиш како било :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Сирење во кора како она во „Антица“?
Кој има јадено сигурно ќе му текне за што прашувам :)

Кори за пита, мрсно овчо сирење би биле стартни продукти, но ме интересира дали ќе треба и нешто додатно, на која температура и колку време да се печи?
 
Член од
26 ноември 2014
Мислења
834
Поени од реакции
1.368
Немам рерна т.е. не работи, па имам само рингла две од оние модерните не знам како да ги наречам, брзо што загреваат. Имам во арсеналот една тава Делимано, едно средно тенџере и едно лонче. Сега ми требаат предлози за готвење под еден саат, лесни за правење јадења без многу украси. Вреди да напоменам дека ретко јадам од хедонистички причини, вкусот не ми е најбитен.

Знам да зготвам: Кајгана(хе) и омлет, да пржам меса, варам зеленчук, шпагети со болоњезе и други основни работи. Компири избегавам дека многу време во лупење ми оди.

Кајгана шефови, што би ми препорачале да готвам на редовна база со моево скромно кулинарско знаење?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Кајгана шефови, што би ми препорачале да готвам на редовна база со моево скромно кулинарско знаење?
Ризи бизи, Барен спанаќ на сељачки начин, манџичка спанаќ со ориз, леќа, пилешка или зеленчукова супа, боранија, грашок... се е то испод сат
 
Член од
26 ноември 2014
Мислења
834
Поени од реакции
1.368
Ризи бизи, Барен спанаќ на сељачки начин, манџичка спанаќ со ориз, леќа, пилешка или зеленчукова супа, боранија, грашок... се е то испод сат
А нешто со месо како главна состојка, покалорично така?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
А нешто со месо како главна состојка, покалорично така?
Ризи бизи оди со месо (теле или пиле) спанаќот на сељачки е со риба или ќофтиња, во леќа стави сланина, боранија и грашок направи со месо
 
shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.788
@zipperwow
Сварениот компир многу полесно се лупи. Нит го мислиш кога се вари, нит ништо. И после го правиш пире, и си го попаруваш со зејтин. :D
Можеш нешто рибини прсти да испржиш, шпагети со гулаш, пилешки стек во лимон сос, пилешко во кари сос, купечко пире, полнет омлет, рестован компир исто, пржени кришки, печурки со павлака да испржиш нешто, пржени јајца со пиперки, некоја салата со варени јајца, туна, сенф, павлака нешто... Ориз манџа ми е многу поубава него ли тава ориз. А и секоја друга манџа можеш да свариш...
Не ми текнува нешто друго...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
@zipperwow
Сварениот компир многу полесно се лупи. Нит го мислиш кога се вари, нит ништо. И после го правиш пире, и си го попаруваш со зејтин. :D
Ова е навреда за пирето!
за вистинско пире
1. Компир се лупи
2. Компир се сечи на помали парчиња
3. Компир се става во ладна посолена вода (никако топла или не дај боже зоврриена)
4. Компирот се вари додека не почне да се распаѓа
5. Се цеди вода, се меша со дрвена лајца компирот да се дораспадне
6. Се става парче путер, сол, топло млеко (слободно појќе млеко) и се гмети со пресата за пире може и со миксер се додека не се добие глатка мазна смеса (никако во мултипрактици, блендерри или слични панкерски измислици!)
 
shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.788
Па добро, ама ако сака брзинско. :D
Ја обично го „тучам“. :icon_mrgr:
 
Член од
4 август 2011
Мислења
178
Поени од реакции
517
Сакам да зготвам ќофте во сос, а сосот.. може да е доматен :D Имаше едно ќофте во Сити Мол во Карфур, одамна го немам начекано, ама ќофтето беше закон, а се` мислам дека беше во доматен сос..ако имате вие некој ваш проверен рецепт повелете пофалете се :pipi:
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Сенфот со што друго може да се искомбинира? Еден куп има во фриждер и само стои за безвезе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom