Друга работа исто, предлог тесто за пица
.
Тесто за пица (оригинално) нема никакви посебни тајни состојци или додатоци. Денес се и сешто се продава под назив “пица“ али она шо е навистина беше пица - то е храна на сиромашните слоеви
На интернет има многу “тајни“ рецепти за тесто , со млека со пиво со кисела вода со секакви глупости, али то не е она оригиналното.
Тајната на пицата е најмногу во печењето, еве јас како ја правам.
Прво јас преферирам потенко крцкаво тесто, не сакам да е како парче леб.
Второ на пицата се става тенок слој одозгора така да кога се земе в рака парчето останува цело, не се витка и крши од 2 прста дебели слоеви на печурки, кашкавали шунки ананси папаји хоботници....
1. Замати квасец, млака вода отприлике 100 милилитри иди за една пица, сол, малку масло сол
2. Во тоа постепено додавај брашно и замеси тесто
3 Тестото остави го така едно сат ипол без гибање, и без премесување
4 Правилно е тестото да се развлечи со раце, но јас го правам со сукало пошто го сакам тенко и крцкаво
толку за тесто, а за самата пица оди понатаму:
5.над пицата оди слој на кечап, оригано, шунка исечена најтенко, свежи шампињони исечени на тенки ливчиња, рендан кашкавал
6. Пицата се печи на тенки метални тркалезни плехчиња, ако немаш такви (како јас шо немам) се печат на наопаку свртени тави за печење (на дното кое е свртено наопаку)
7 плехот се намачкува со раце тенко масло и се посипува со крупна сол (не многу)
е сега најбитното
8. Пица се печи на максимум загреана релна, значи пред да се стави внатре се усвитува релната, во пицериите температурата на печките е 350 степени и се печи 5-6 минути, дома релните одат до 250 обично и се печи 7 - 10 минути
Јас најмногу сакам “затворени“ пици значи пицата кога ќе ја “наредам“ ја превиткувам на пола и затварам (залепувам тестото по ќошоите)