Сакам да зготвам: ... помош!

пм=MGLpM

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.409
Поени од реакции
3.317

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.506
Поени од реакции
14.692
@blue ladybug ако не можеш свежа, ни како компот нема да ти помине. А и немаш многу опции за секојдневна употреба.
Јас ја ставам во смути и така нека ја осеќам.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Bi ve zamolil recept za tartar sos gledav eden sto go prigotvuvase jamie oliver ali nikako da go najdam
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Bi ve zamolil kako da napravam prirodna supa kupuvam za decava supa od petel ama znam deka ne e bas prirodno ima aditivi ( znaci za deca nekoja supa ako znaete recept uste podobro ako ste ja pravele)
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Bi ve zamolil kako da napravam prirodna supa kupuvam za decava supa od petel ama znam deka ne e bas prirodno ima aditivi ( znaci za deca nekoja supa ako znaete recept uste podobro ako ste ja pravele)
Најпроста и најздрава супа на свет што ја правам секоја есен - супа од тиква со плус сто мирудии. Природна, со многу витамини, без адитиви, чудесии итн.
Потребно е:
половина тиква печенка (портокаловата, ако е блага, слободно може да се користи)
1 главица кромид
1 морков
1 компир
1 страк праз
половина чешне лук
малку ѓумбир (свеж можеш тркалце колку нокт, ако е во прав рамна лажичка за чај)
сол - ако е за малечки деца, може малку за вкус
маслиново масло

Во тенџере, на крупни парчиња ги варам сите зеленчуци, потоа ја процедувам водата, сите зеленчуци ги миксам во блендер или со пасиралка за пире. Во истото тенџере загревам маслиново масло една лажица, ги враќам зеленчуците, посолувам, бибер по желба, за возрасни може и кари, за бебиња хималајска сол. Се истура и водата во која си се варел зеленчукот и да се проврие уште 10тина минути на средна јачина.

Пробано, изуживано. Предлог за возрасни, може и рака тостирано сончогледово семе да додадете на крај и павлака.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Сакам да зготвам пастрмајлија, никогаш немам правено, а и плус дека сум од Тетово не ни имам врска како се прави.
Има на интернет секакви рецепти ама не преферирам такви рецепти.
Значи ако некој од вас прави, знае да прави , има детален рецепт , ќе ве замолам да споделите :).

Друга работа исто, предлог тесто за пица :) .
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Друга работа исто, предлог тесто за пица :) .
Тесто за пица (оригинално) нема никакви посебни тајни состојци или додатоци. Денес се и сешто се продава под назив “пица“ али она шо е навистина беше пица - то е храна на сиромашните слоеви
На интернет има многу “тајни“ рецепти за тесто , со млека со пиво со кисела вода со секакви глупости, али то не е она оригиналното.
Тајната на пицата е најмногу во печењето, еве јас како ја правам.
Прво јас преферирам потенко крцкаво тесто, не сакам да е како парче леб.
Второ на пицата се става тенок слој одозгора така да кога се земе в рака парчето останува цело, не се витка и крши од 2 прста дебели слоеви на печурки, кашкавали шунки ананси папаји хоботници....

1. Замати квасец, млака вода отприлике 100 милилитри иди за една пица, сол, малку масло сол
2. Во тоа постепено додавај брашно и замеси тесто
3 Тестото остави го така едно сат ипол без гибање, и без премесување
4 Правилно е тестото да се развлечи со раце, но јас го правам со сукало пошто го сакам тенко и крцкаво
толку за тесто, а за самата пица оди понатаму:

5.над пицата оди слој на кечап, оригано, шунка исечена најтенко, свежи шампињони исечени на тенки ливчиња, рендан кашкавал
6. Пицата се печи на тенки метални тркалезни плехчиња, ако немаш такви (како јас шо немам) се печат на наопаку свртени тави за печење (на дното кое е свртено наопаку)
7 плехот се намачкува со раце тенко масло и се посипува со крупна сол (не многу)

е сега најбитното

8. Пица се печи на максимум загреана релна, значи пред да се стави внатре се усвитува релната, во пицериите температурата на печките е 350 степени и се печи 5-6 минути, дома релните одат до 250 обично и се печи 7 - 10 минути

Јас најмногу сакам “затворени“ пици значи пицата кога ќе ја “наредам“ ја превиткувам на пола и затварам (залепувам тестото по ќошоите)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.506
Поени од реакции
14.692
Сакам да зготвам пастрмајлија, никогаш немам правено, а и плус дека сум од Тетово не ни имам врска како се прави.
Има на интернет секакви рецепти ама не преферирам такви рецепти.
Значи ако некој од вас прави, знае да прави , има детален рецепт , ќе ве замолам да споделите :).

Друга работа исто, предлог тесто за пица :) .

За пицата еве цела тема може ќе ти се најде.

http://forum.kajgana.com/threads/Тајната-на-добрата-пица.69513/

Пастрамајлија како јас имам спремано.

Месо свинско ( 200 грама за човек односно за една ), црвен пипер, бибер, сол и зејтин. Месото го сецкаш на ситни парчиња, мешаш со зачините и со фолија/капак го ставаш бо фрижидер цела ноќ да одстои.

За тестото:
Користи меко брашно, за 4 одприлика ти треба 800 грама ( зборувам за големи )
1/4 квасец
Околу 350-400 вода
Две лажици зејтин
1/2 лажичка сол
1 лажичка шеќер

Се меси скроз меко тесто, да не ти лепи на рацете. Го оставаш пола саат да стасува и после го делиш на топчиња.
Работната маса и рацете исклучува со зејтин, не користи брашно за да не го затепаш тестото и да биде тврдо.

Кога ќе обликуваш ги ставаш во тавите, редиш месото и ставаш голема лажица маст ( свинска ) врз секоја. Ако ги правиш мали, мала лажичка.
Во текот на печењето треба барем еднаш да ги премачкаш со маст/зејтин.
Печеш на 250 околу 10 минути и после на 200 уште 10.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Сакам некој добар рецепт за топено сирење...
Значи од основните состојки да биде- фета сирење, кравјо или мешано сирење, доматен сос, кашкавал, павлака, а вие да ми кажете како ги распоредувате, по колку ставате, како печете итн...
Значи не сакам внатре месо, печурки или бешамел сос, како што има во повеќето рецепти на интернет...
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.788
Сакам некој добар рецепт за топено сирење...
Значи од основните состојки да биде- фета сирење, кравјо или мешано сирење, доматен сос, кашкавал, павлака, а вие да ми кажете како ги распоредувате, по колку ставате, како печете итн...
Значи не сакам внатре месо, печурки или бешамел сос, како што има во повеќето рецепти на интернет...
Еднаш во кајгана готвач правевме топено сирење. Може ќе добиеш некоја идеја од таму. :D
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Некој испробан рецепт со соја сос?
Го обожавам сосов и во све го ставам, ама со све не се совпаѓа :D (освен со ориз и пилешко)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom