[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.573
Поени од реакции
87.863
Похована зденка... тоа мора да се проба (y)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Похована зденка... тоа мора да се проба (y)
Ииииии! Каков грев си направил, трк право во кафана! Ова три попа да те пеат нема да те исперат :icon_mrgr:
 
C

cige

Гостин
Не е преземено од интернет, би сакала да ти докажам ама не знам како :) Цел ден правев вчера, често правиме по дома. :)
Инаку за даски, мајка ми е мераклика па имаме неколку по дома.
Покани ме, ќе дојдам со задоволство.
 
C

Celsius

Гостин
Како победник од минатиот натпревар, оваа недела предлагам да готвиме Топено Сирење.
Варијации на рецептот има многу, но основните состојки се:
  • доматен сос
  • фета сирење
  • мек кашкавал
  • бешамел сос
    • опционално: мелено месо, сувомеснато, печурки
Доколку немате земјена тава може да приготвите во што имате.
Искористете ја вашата имагинација и изненадете некој!
Може да биде и мезе и главно јадење и се служи топло. ;)
@Олимпија
 
Последно уредено од модератор:

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148

Ај за ова малку подетален рецепт за како се прави, сум јадел надвор, би било јако дома да се спреми :)
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Ај за ова малку подетален рецепт за како се прави, сум јадел надвор, би било јако дома да се спреми :)
Во тоа е финтата рики, мајка ми го прават со пиперки и уште нешто,други на друг начин... Имаш слобода што било да туриш (во разумни граници), но кашкавалот да е "херојот" во јадењево.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Во тоа е финтата рики, мајка ми го прават со пиперки и уште нешто,други на друг начин... Имаш слобода што било да туриш (во разумни граници), но кашкавалот да е "херојот" во јадењево.
Море, не прашувам тоа. Како се приготвува ова, не состојки :D
 
F

FARANG

Гостин
Тенко исечен леб, намачкан со путер и зачини... Потоа слој печурки...

После печурките иде слој зденка, младо кромидче, и чоризо колбас... Во релна печење 5-6 минути.

На сликата подоле зеленото со семчиња е јајце матено со авокадо (затоа зелената боја) и француски сенф...

Фета сирење.....

За крај тенко исецкано патлиџанче и рендан кашкавал.... Малку бибер и малку оригано...

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.788
И јас се обидов. :D
Aj како и секогаш, да пишам прво рецептата. :icon_lol:
На ќерамичките садови, намачкав масло. Потоа ставив од фета сирењето, онака од прилика. Потоа кисело млеко. (се обидов со бешамел сосот, ама не сакав да ризикувам, не знаев дали добро сум го напрвила, затоа што по вкус не беше нешто нај-нај) Мали коцкички свински врат, па растителен кашкавал.
Потоа во еден сад посебно измешав едно тегличе салце, 1 лажица масло, 1 чешне лук и зачини (оригано, кари, црвен и црн (б/п)ипер, ким, вегета, буковец).
Наредно ставив исецкани јајца и одозгора повторно кисело млеко. Пилешка салама и расителен кашкавал. Зачини (повторно истите), кечап и посен мајонез.
Се печеше некое време на 300 степени и го изедовме. :D
Еве го крајниот резултат. :D
IMG_0194.JPG
Малку поблиску.
Ааааам. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom