Саем на книгата

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.814
Поени од реакции
33.671
И пак се изгор скапи. Солиден стрип под 1000 нема.
Тоа е сосем нормално. Но за љубителите на стрипот, и оние носталгично врзани со уметноста од времето на поранешна Југославија, има мали стипчиња и по 70, 80, 100, 150 денари. Весели четвртак од Србија издава неколку едиции на Бонели стрипови, меѓу кои и нова Златна серија. Јас почнав да ја собирам, стигнав до некои 24 броја, ама последниве 2 години немам земено ништо што е излезено. Тие беа околу 190 денари, сега со попуст би биле 133 (секако, ако не се поскапени во меѓувреме).
Автоматски споено мислење:

Ми фати око Полица. Кога гледам цените на нивниот сајт, немаат врска со цените на фестиваскиот каталог, па фино лепо утрово се јавив да прашам дали цените од каталогот важат за онлајн нарачки. Одговорот беше НЕ, важат само на саем :(

Ок, бојкот :kuracc: во 21 век им е тешко да работат со онлајн нарачки.

Во Топер важат саемските цени и за онлајн нарачки.
Зборев јас со луѓе од Арс Ламина на мајскиот Саем за истава работа. Нивната логика е - да се врати сјајот на саемите, да се вратат луѓето во халата, да има што е можно повеќе посетители, како некогаш, затоа немаа никаков попуст онлајн и затоа ги тргнаа нивните книги од попустите на Букленд. Го чекав утрово и пак пред да го направат истото, си ги нарачав трите последни што ми фалеа од серијалот за Хари Потер. За 2300. Во Литература се околу 3000. :P
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.266
Поени од реакции
7.987
Тоа е сосем нормално. Но за љубителите на стрипот, и оние носталгично врзани со уметноста од времето на поранешна Југославија, има мали стипчиња и по 70, 80, 100, 150 денари. Весели четвртак од Србија издава неколку едиции на Бонели стрипови, меѓу кои и нова Златна серија. Јас почнав да ја собирам, стигнав до некои 24 броја, ама последниве 2 години немам земено ништо што е излезено. Тие беа околу 190 денари, сега со попуст би биле 133 (секако, ако не се поскапени во меѓувреме).
Добро познато ми е кој што издава на овие простори, Бонели обично купуваат луѓе од носталгија, кога станува збор за Загор и Текс, а останатите купуваат Дилан Дог затоа што ете, има и некоја помлада публика каде што е популарен, има и еден куп други Бонели ликови како Натан Невер на пример, го издава сега Голконда во соработка со Форма Б во троброи кои коштаат скоро 1000 денари.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.545
Поени од реакции
34.858
Нивната логика е - да се врати сјајот на саемите, да се вратат луѓето во халата, да има што е можно повеќе посетители, како некогаш, затоа немаа никаков попуст онлајн и затоа ги тргнаа нивните книги од попустите на Букленд.
Сето тоа е во ред. Да се вратат луѓето во халата и да има повеќе посетители. Ама за да дојдам до Скопје специјално само за саем, не ми се исплати, затоа што само бензин и патарини ми се 3000+ денари. Со тие пари ќе нарачам онлајн 10 книги.
Штом господава решиле саемските цени да не важат за онлајн нарачки и индиректно да ме бојкотираат, исто ќе ги бојкотирам и јас нив. Фер плеј.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.814
Поени од реакции
33.671
Ништо од „Фестивалот на книгата“ дечки! Тотално промашување беше ова! Поштуро не е ни на саемите што МАИ ги огранизира по моловите. Ај што Матица и Просветно дело ги нема веќе со години, ама да го изгубиш во моментов (според мене) најголемиот издавач во државава, Арс Ламина, е рамно на катастрофа. Не дека нешто мене ми значи, секако не бев по ништо од кај нив, но мора да се признае дека луѓе одат за нив на Саем. Ги немаше ни Книгохоличари, ни Ѓурѓа, па затоа немаше ни тетки од фејсбук, што не велам дека е лошо, ама со отсуството на сите овие издавачи, отсуствуваат и посетителите. Јас бев во време кога би требало да е најфреквентно, од 17 до 19 часот, а кога појдов таму, во просторот освен мене имаше буквално само уште двајца! Од тие што ги немаше: ПНВ Публикации (мислам дека прв пат отсуствуваат од Саем), Македоника литера (веќе неколку саеми ги нема), Матица, Просветно дело, Арс Студио (исто, за прв пат), Феникс, Икона... Многу, многу слабо. Се на се десетина штандчиња од кои половината ги делат по два издавачи. Академска книга и Три/Паблишер како и секогаш - најголеми, па и најпосетени. Се останато - хотел промаја.

Кога бев на еден штанд, издавачот разговараше со една посетителка / авторка, која си купуваше книги од кај него. Исто констатираа дека било многу слабо, и вината ја бараа во лошата организација и маркетинг. Си реков: за каков маркетинг зборуваат кога до утрово не ни знаев дека самите тие ќе бидат на Саем. Немаа ни објава, а да не зборам за каталог некаков. И не само тие, пола од издавачите немаа каталози, ниту пак некаква објава дека ќе бидат на Саем. Вината е најмногу во самите издавачи, не во организаторот.

И за крај, навистина морам да ги испофалам Бегемот најмногу од сите: имаа околу 30 наслови од по 50 денари, двојно повеќе по 100! Сигурно и меѓу нив може да се најде нешто читливо.
Автоматски споено мислење:

А, да, заборавив: дел од издавачите ја немаа цела понуда на штандовите. Или Или, на пример - не носеше ништо од книгите кои на сајтот им се по 100 денари. „Во книжарница“ им беше одговорот. Па ако на Саем не го носиш она што реално најбрзо би ти го купиле, што бараш на Саем.

Исто, се разочарав со Бункер - од Златната серија што ја спомнав погоре, ги носеа само оние стрипови со кориците со жолта лента, а јас ги собирам другите, со оригиналните корици. И нивниот одговор беше - „во книжарница“. (n)
 
Последно уредено:
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.653
Поени од реакции
13.130
Повеќе од непотребно е да се има 2 саеми во годината, кога секоја издавачка куќа си има свој саем (во еден период на годината) + тој едниот што е во Мај. Ова што @Zlatikevichius го спомна во неколку сликовити примери, јас би го скратил во два збора - ради реда.
Е па ради реда ќе се створи антагонизам кон идните саеми и посетеноста на идниот кој можеби би изненадил со многу повеќе содржина, не би имал висока посетеност. Треба да сфатат учесниците што значи саем, што значи попуст на скоро се' во нивна книжарница. Има одредена разлика од едното до другото. И ако вината ја приложуваат кон организаторите, нека спроведат и конкретни примери и докази зошто и како.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.445
Поени од реакции
5.445
Сето тоа е во ред. Да се вратат луѓето во халата и да има повеќе посетители. Ама за да дојдам до Скопје специјално само за саем, не ми се исплати, затоа што само бензин и патарини ми се 3000+ денари. Со тие пари ќе нарачам онлајн 10 книги.
Штом господава решиле саемските цени да не важат за онлајн нарачки и индиректно да ме бојкотираат, исто ќе ги бојкотирам и јас нив. Фер плеј.
Или нека важат попустите во нивната книжарница во Битола кога веќе не пуштаат онлајн.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.099
Поени од реакции
9.909
Со еден збор мизерија. Викам ај да прошетам нозе, немав некои планови денес и скроз утната и непотребна ствар им е фестивалов.

Се согласувам и со Злате и со Сал.

На еден гз место, пола од издавачите со пола од нивните изданија, посетители само кај Академска книга, на другиве штандови по еден-двајца, попуст стандардно никаков освен она по 50/100 ден. на Бегемот, food corner што се состои од една приколка со хотдог и колбаси.

Се покајав што платив 50 денари карта и 35 денари автобус и тепав време за кое ќе изгледав некој филм. :(

Ептен да не излезам со празни раце ја зедов Естом од Нина Шопова и си добив потпис од неа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom