Вака на раат, одсабајлечки...
Имај ми добро утро, Кајгано моја, и да ми ти е среќен роденденот. Да постоиш уште толку, шо ќе заборавиме кога сме ти го честитале овој. Да ми носиш уште оддишки на душава, кога ми се потребни, уште паметни мисли кои ќе ме учат, и уште сила во прстиве, да подкуцнувам и јас по малку.
Биди среќна и весела...квалитетна пред се! Каква што си, и каква што сите те знаат. Бацки, виртуелна љубов моја!