Не сакам никого да навредам навистина, но освен што овие дебати во 2022 се тотално излитени, Роналдо - Меси компарации како ништо друго врескаат тенко фудбалско знаење кај инволвираните страни.
Доста е веќе. А и ова, Меси ако освоел ќе докажел нешто. Ако не освоел, останува сомнеж. Не останува никаков сомнеж. Меси е број еден фудбалер во оваа ера. Врвот што фудбалот како игра може да го понуди. Индивидуално, подобро од ова и повисоко, нема. Намерно не користам најдобар, особено во историски контекст, затоа што сметам дека секоја ера си има свои посебности и различности, па затоа не гледам ниту основа.
Како за НБА. Џордан или Леброн? Или Коби? Кои се параметрите? Милион фактори и околности.
На таа врвна кариера, круна би било Меси да освои Светско со Аргентина и да застане рамо до рамо со Диего Армандо во колективната свест на Аргентинците. Доколку не освои, штета голема за него и за Аргентинците, но ништо повеќе од тоа.
Во финале, во сите други услови би бил за Аргентина, сега, за Мароко поради добропознати причини, или за Франција поради Жиру. Ме нервираат некои исфорсирани наративи околу Аргентина и Меси, навистина тоа не им е потребно.
Потенцијално финале со Франција, ептен ќе треба да им се поклопат коцките за да ги поразат. Франција нема проблем да остави топка кај противник и организирано да се брани во различни периоди од мечот. Аргентинците милуваат игра на контри и бркање длабочина, не сум сигурен колку Дешамп ќе се залетува како Далиќ вечерва. Е кога ќе мора да нападнат позиционирана одбрана, настанува проблем. Туку, да не направат уште едно чудо овие што ги бакнуваат мајките в уста, да почекаме.