СП 2022 Катар - генерална дискусија

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.910
Поени од реакции
30.882
Инаку големо браво за Хрватска, стигаат до 3 полуфиналиња од 6 светски првенства што е огромен успех, дај боже ние да дочекаме едно некогаш.
У сабота навиваме за нив и трето место.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.483
Поени од реакции
14.921
Франција и да освои првенство, Меси ќе биде прогласен за најдобар, а не Мбапе.

Иако за мене и Гризман ја заслужува таа награда.
А бе што ми се смеете на овој пост, за Гризман?

Одличен е до сега, клучна улога во француската репрезентација.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
А бе што ми се смеете на овој пост, за Гризман?

Одличен е до сега, клучна улога во француската репрезентација.
Не, за Меси ваљда.

Иначе и ја мислам дека Меси ќе биде најдобар играч на турнирот дури и да тепа Франција.

Последен пат најдобар играч на турнирот што доаѓа од освојувачот бил Ромарио 94та.
Дури ни Роналдо у 2002ра не бил најдобар играч и покрај импресивниот настап со 8 голови од кои 2 у финале.

Меси на сите утакмици се истакна до сега, Мбапе на пример немаше некој уау настап против Англија.

Меси и статистички е најдобар играч моментално. У финалето кој од нив двајца ќе даде гол ќе биде прв стрелец. Едино Жиру или Алварез ако не погодат 2 или 3 пати. :D
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.910
Поени од реакции
30.882
Меси на сите утакмици се истакна до сега, Мбапе на пример немаше некој уау настап против Англија.
Мислам дека тактички беше поставен Мбапе со Англија така, цела утакмица идеше накај надвор наместо внатре со што оставаше доста простор за Жиру кој се истури од шанси.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
Инаку големо браво за Хрватска, стигаат до 3 полуфиналиња од 6 светски првенства
Исто колку и Бразил на истите тие 6 првенства (со таа разлика што Бразил има една титула, до душа), 1 полуфинале повеќе од Аргентина и две повеќе од едни Англија и Италија. На овие 6 првенства само Франција и Германија имаат повеќе пласмани во полуфинале од Хрватите.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.227
Поени од реакции
18.373
Со една победа и четири нерешени и ова полуфинале беше многу за Хрватска.
Реков, реалноста е дека имаа многу среќа со Бразил и поминаа само заради незрелоста на овие. Од фудбалски аспект, би рекол штета што не гледавме епско полуфинале меѓу јужноамериканците, ќе беше многу поинтересно од ова еднострано шоу.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Исто колку и Бразил на истите тие 6 првенства (со таа разлика што Бразил има една титула, до душа), 1 полуфинале повеќе од Аргентина и две повеќе од едни Англија и Италија. На овие 6 првенства само Франција и Германија имаат повеќе пласмани во полуфинале од Хрватите.
A ако освојат бронза, ќе бидат у друштво на Франција и Германија со највеќе одличја на СП од 98ма навака, што е фактички нивно деби.

Германија има 4, Франција 3 (+1), Хрватска 2(+1), Бразил 2, Холандија 2, Аргентина 1(+1).... Италија 1, Шпанија 1, Белгија 1, Турција 1, Англија 0, Португалија 0.

Ова е врвен успех да бидеме реални.
 
Член од
17 ноември 2022
Мислења
84
Поени од реакции
133
A ако освојат бронза, ќе бидат у друштво на Франција и Германија со највеќе одличја на СП од 98ма навака, што е фактички нивно деби.

Германија има 4, Франција 3 (+1), Хрватска 2(+1), Бразил 2, Холандија 2, Аргентина 1(+1).... Италија 1, Шпанија 1, Белгија 1, Турција 1, Англија 0, Португалија 0.

Ова е врвен успех да бидеме реални.
боли ме курац за ваков успех. Битно не се во финале пак со сите текми вклучително ид пред 4 години добиени на пенали. Фуј.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Не сакам никого да навредам навистина, но освен што овие дебати во 2022 се тотално излитени, Роналдо - Меси компарации како ништо друго врескаат тенко фудбалско знаење кај инволвираните страни.

Доста е веќе. А и ова, Меси ако освоел ќе докажел нешто. Ако не освоел, останува сомнеж. Не останува никаков сомнеж. Меси е број еден фудбалер во оваа ера. Врвот што фудбалот како игра може да го понуди. Индивидуално, подобро од ова и повисоко, нема. Намерно не користам најдобар, особено во историски контекст, затоа што сметам дека секоја ера си има свои посебности и различности, па затоа не гледам ниту основа.
Како за НБА. Џордан или Леброн? Или Коби? Кои се параметрите? Милион фактори и околности.

На таа врвна кариера, круна би било Меси да освои Светско со Аргентина и да застане рамо до рамо со Диего Армандо во колективната свест на Аргентинците. Доколку не освои, штета голема за него и за Аргентинците, но ништо повеќе од тоа.

Во финале, во сите други услови би бил за Аргентина, сега, за Мароко поради добропознати причини, или за Франција поради Жиру. Ме нервираат некои исфорсирани наративи околу Аргентина и Меси, навистина тоа не им е потребно.

Потенцијално финале со Франција, ептен ќе треба да им се поклопат коцките за да ги поразат. Франција нема проблем да остави топка кај противник и организирано да се брани во различни периоди од мечот. Аргентинците милуваат игра на контри и бркање длабочина, не сум сигурен колку Дешамп ќе се залетува како Далиќ вечерва. Е кога ќе мора да нападнат позиционирана одбрана, настанува проблем. Туку, да не направат уште едно чудо овие што ги бакнуваат мајките в уста, да почекаме.
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
:oleee:

Финале!!!

Прелесно и презаслужено испадна ова. Премногу се издигнуваше Хрватска а реално стигна до тука со огромна среќа и тактизирање. Таква игра не заслужува финале. Мило ми е што квалитетот си дојде до израз.

За Меси што да се каже? Нереално е некој вака да игра на 35 години. Сведочиме на нешто што кој знае дали некогаш пак ќе се повтори. Само уште еден меч и ова ќе биде филмска приказна, една ваква кариера да заврши со неверојатен крај.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.981
Поени од реакции
11.315
Точно! Уште една брилијантна утакмица фали за Меси да стигне до колективната свест и фолклорот на аргентинците, па што да не и светот! Само уште овој трофеј како јагода на шлагот и:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom