СП 2018 - Група Г (Белгија, Панама, Тунис, Англија)

Кои две селекции ќе продолжат понатаму?


  • Вкупно гласачи
    52
  • Гласањето е завршено на .
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Одлично одиграа англичаните вчера, штета ќе беше ако не победеа после онолку создадени шанси. На почетокот назначувањето на Саутгејт беше пропратено со критики, но со тек на време се гледа дека Саутгејт врши одлична работа со екипава. Покажа храброст да исфрли од прв тим искусни играчи како Кејхил, Џонс и да стави играчи како Мегваер, Трипие...со еден збор покажа храброст да направи ремонт на репрезентацијата.
Не ми е јасно зошто го досуди пеналот, контакт имаше да, ама онакви контакт буквално на секој втор прекин има. Ако нешто беше пенал, тоа беше влечењето над Кејн 2 минути после пеналот на Тунис. Буквално го собори на земја играчот на Тунис.
Како и да е, 3 бода одличен перформанс и во недела скоро сигурна победа над Панама, па во последно коло меч со Белгија за прво место.

Две прашања:
1) Во случај на исто број на бодови, одлучува гол разликата или меѓусебниот меч?
2) Во 1/8 финале, оваа група вкрстува со која група?
Да

А-В
C-D
E-F
G-H
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Две прашања:
1) Во случај на исто број на бодови, одлучува гол разликата или меѓусебниот меч?
2) Во 1/8 финале, оваа група вкрстува со која група?
1) Гол разлика
2) Со Група Х (Полска, Сенегал, Колумбија, Јапонија)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Првите утакмици речиси никогаш не се показател каква ќе биде играта на репрезентацијата понатаму, Англичаните особено во второ беа неубедливи и неивентивни, но на крај бункерот на Тунис секогаш го носи ризикот така да изгубиш особено кога против себе имаш играч како Кејн во твојот 16-ник.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.542
Поени од реакции
62.439
Англија одлична, не ја гледав текмата али од extended highlights што гледав милион шанси имале. Обично они се тегават на вакви натпреварувања, се мачат шанса да направат, безидејни напади, ама вчера баш добро одиграле. Тоа е кога имаш класа напаѓач во тимот, добри бекови (Трипие нарочито) и играчи ко Стерлинг и Лингард што константно се уфрлаат од позади грб и се шуњаат околу одбраната цело време. Кога ги спомнав веќе овие двајца, да не беа они 19-0 ќе тепаше Англија, милион напади испосраа да им ебам тоа глувците. Исто да не ја заборавиме средината, Деле Али им е клучната алка според мене, Хендо стандардно добар.

И добро, не му е срам на судијата за пеналот што го свирна? Јас додека го гледав хајлајтсот така малце срам ме фати, па стиснав пауза, отидов до надвор и се вратив дома, чисто да помине срамот од досудениот пенал. Абе ајде мрш, за она ако се дава пенал ќе треба по 67 пенали на утакмица да гледаме, вчера на Лукаку цело време по двајца му се бесеа секој напад па ни фаул не досудија а не пак пенал. И да не зборам што на Кејн 2-3 пати му се обесија на селски начин и имаше елементи на пенал во тие ситуации... Битно тепаше Англија и не се оштетени ради таа ситуација.
Верувам дека некој да ти акне лакт у нос дур се спремаш да скокнеш на топка која очигледно иде на тебе, ке си го смениш мислењето дали е фаул или не. И тоа на Кејн беше пенал. И тоа на Лукаку.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Деле Али го пропушта мечот со Панама поради повреда а негова замена ќе биде РЛЧ и изгледа Рашфорд ќе стартува наместо Стерлинг.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
England manager Gareth Southgate has dislocated his shoulder while out running near their world cup base, Sky Sports understands.

што направи мајсторе, како трчаше
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Можда беше надвор, тешко за проценка.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Можда беше надвор, тешко за проценка.
И мене ми делуваше како повеќе да беше надвор само ајде, како добија против Англија, така им се врати тука :icon_mrgr:
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.753
Можда беше надвор, тешко за проценка.
Одлична одлука донесоа, бидејќи овие работи треба да останат проценка на судијата на теренот. Јас мислам дека е пенал, прекршокот беше на линијата од шеснаесетникот, која што се смета како дел од истиот (некои видни членови доста негодуваа за ова пред повеќе години, ама сега молчат :icon_lol: ).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom