СП 2018 - Група Г (Белгија, Панама, Тунис, Англија)

Кои две селекции ќе продолжат понатаму?


  • Вкупно гласачи
    52
  • Гласањето е завршено на .
Член од
14 август 2012
Мислења
1.705
Поени од реакции
738
Затоа што Јанг има играно во 3-4-3 формација и други формации каде што треба вингбек, тоа што изигра катастрофално е друг муабет.
И Саутемптон мислам поголем дел од сезоната играа со иста формација за одбрана.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.478
Поени од реакции
16.091
Реално Тунижаните играа совршен бункер, кој е најлесно да се пробие со нафрлувања. Инаку селекторов на Тунис страшно ми личеше на оние таксисти кај автобуската станица
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.308
На 2 пати апсолутно сам Кејн да го оставиш во 5 метри...:facepalm:

Вокер е страшно глупо суштество, ист курац ко Стоунс и ловрен, играчи што патат од преголема самодоверба, и сам знаеше дека ја посра.

Патем, за Кејн, го прочитав ова пред некој ден, и мислам дека и самиот непотребно се става под притисок...

 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Голгетериште е Кејн до кај и да стигнат ради него ќе биде
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ширер баш за овој момент преклани кажа дека да му дадеш на Кејн да изведува корнери е како да си му дал на Хамилтон самиот да си ги менува гумите.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.914
Поени од реакции
7.833
Tunis mnogu naivna ekipa za na vakvo natprevaruvanje, za cudo i bod ke zemea od nisto ne napraveno iako porazot mozese da bide so min 2- 3 razlika.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Добро изиграа Англичаниве во прво полувреме, доста подобро и од многу „поголеми“ репрезентации. Во второ како да подзаспаа, многу досаден фудбал. Мада навивав да дадат гол, не одиграа нешто посебно Тунис па да заслужат бод.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Што мислите кој ќе тепа Тунис или Панама во последно коло?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.439
Англија одлична, не ја гледав текмата али од extended highlights што гледав милион шанси имале. Обично они се тегават на вакви натпреварувања, се мачат шанса да направат, безидејни напади, ама вчера баш добро одиграле. Тоа е кога имаш класа напаѓач во тимот, добри бекови (Трипие нарочито) и играчи ко Стерлинг и Лингард што константно се уфрлаат од позади грб и се шуњаат околу одбраната цело време. Кога ги спомнав веќе овие двајца, да не беа они 19-0 ќе тепаше Англија, милион напади испосраа да им ебам тоа глувците. Исто да не ја заборавиме средината, Деле Али им е клучната алка според мене, Хендо стандардно добар.

И добро, не му е срам на судијата за пеналот што го свирна? Јас додека го гледав хајлајтсот така малце срам ме фати, па стиснав пауза, отидов до надвор и се вратив дома, чисто да помине срамот од досудениот пенал. Абе ајде мрш, за она ако се дава пенал ќе треба по 67 пенали на утакмица да гледаме, вчера на Лукаку цело време по двајца му се бесеа секој напад па ни фаул не досудија а не пак пенал. И да не зборам што на Кејн 2-3 пати му се обесија на селски начин и имаше елементи на пенал во тие ситуации... Битно тепаше Англија и не се оштетени ради таа ситуација.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663
Обично они се тегават на вакви натпреварувања, се мачат шанса да направат, безидејни напади
Цело второ полувреме беа баш вакви :D Ко Јунајтед да го гледав.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.914
Поени од реакции
7.833
Што мислите кој ќе тепа Тунис или Панама во последно коло?
не ја гледав многу панаама, онака само мал дел од ПП, али од она што го видов од Тунис мислам дека тешко Тунис би тепал, кај за никаде па уште си допуштаат да играат Барселона стил и тоа позади, гарант ќе направат грешка како што прават во пасови и ќе бидат казнети.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Одлично одиграа англичаните вчера, штета ќе беше ако не победеа после онолку создадени шанси. На почетокот назначувањето на Саутгејт беше пропратено со критики, но со тек на време се гледа дека Саутгејт врши одлична работа со екипава. Покажа храброст да исфрли од прв тим искусни играчи како Кејхил, Џонс и да стави играчи како Мегваер, Трипие...со еден збор покажа храброст да направи ремонт на репрезентацијата.
Не ми е јасно зошто го досуди пеналот, контакт имаше да, ама онакви контакт буквално на секој втор прекин има. Ако нешто беше пенал, тоа беше влечењето над Кејн 2 минути после пеналот на Тунис. Буквално го собори на земја играчот на Тунис.
Како и да е, 3 бода одличен перформанс и во недела скоро сигурна победа над Панама, па во последно коло меч со Белгија за прво место.

Две прашања:
1) Во случај на исто број на бодови, одлучува гол разликата или меѓусебниот меч?
2) Во 1/8 финале, оваа група вкрстува со која група?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom