СП 2014 - ФИНАЛЕ | Германија - Аргентина | 13.07.2014 (21:00) Маракана -Рио де Жанеиро

  • Креатор на темата Rigel Kent
  • Време на започнување

Кој ќе победи во финалето ?


  • Вкупно гласачи
    183
  • Гласањето е завршено на .

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
855
Абе заеби фудбал,земјотрес ме погоди од стол ме ничкоса упм.Тоа е знак дека може треба да станам да отидам во кладилница и да ја зголемам сумата на Германија.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
ZARADI MESSI BE HEHE NE LI SVAKAS?

Од коа сум почнал да глеам фудбал 98’, не можам да ги поднесам. Најодвратна репрезентација, посамобендисани од Шпанците + Швабите + Бразилците заедно. Никад не пленеле со играта (ко Бразил), не биле доминантни (ко Шпанија), ниту дисциплинирани (Германија), а увек се величат ко да се нешто невидено.

Можда играле на времето со Марадона таков фудбал, ама откако ја пратам никад не биле такви. Плус сиот тој култ D10S, миос, кој бил за наркоманот, а се повторува и сеа за Меси ми е одвратен. На тоа додај ги и фановите, од кои 2/3 се ко Филе.

Нормално, капак на се е тоа што и Меси е Аргентинец, полошо не можел да одбере. :icon_lol: Имало многу играчи кои сум ги сакал, а кои биле Аргентинци, еве и сеа ќе ми биде мило за Ангеле, Гарај и Игуан ако освојат, ама џабе, одбивни се ко репрезентација до максимум.

Its okay now? :D
Не бе легитимно си е мислењето твое,али ме интересираше вака подетално...

Факт е дека Аргентина и фудбалот таму скоро па секогаш е директно поврзан со Марадона..Е сега од друга страна па,играч како Марадона по мое мислење го заслужува тоа...На страна неговата наркоманска историја која е срамна.

Меѓутоа најголем дека од фудбалските фанови мислам дека не ја знаат доволно големината на Марадона која е многу повеќе од само фудбалска...Ако си го гледал филмот Маradona by Kusturica ондак сигурно знаеш на што мислам.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Посакував Холандија да беше во финалето и Робен да го дигне пехарот. Од сите полуфиналисти тие беа најдобрите. Ја поминаа групата без проблеми, ја декласираа Шпанија (ах, каков мерак ми беше), со Чиле и Австралија рутинирано-мада можеа кенгурите бод да им земат. Со Мексико спасуваа гз, тоа признавам, мексиканците беа многу тврд орев и криво ми беше што Мексико не освои прво место за дуел со Чиле а Холандија со Бразил-не за друго, бразилците ќе си одеа порано. Она со Костарика не им требаше, а со Аргентина тераа дефанзивно за на крај да им се случи костариканското.

Барем мило ми е што ја зедоа брозната, и тоа со претежно млад тим. Во Русија нек го разбијат малерот.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.094
Поени од реакции
74.888
Во "експертските" анализи, Германија ја ставив како екипа која порано не сум ја сакал, а сега сакам да стигне што подалеку, додека Аргентина ја ставив во екипите кои очекувам да имаат слабо првенство. Нормално, ообичаено испаѓа обратно од моите очекувања, па така Аргентина изигра совршена одбрана досега иако за сите нас одбраната им беше 5 класи послаба од нападот и изигра очаен напад...

Овојпат мислам дека Аргентина ќе слави во финалето. Германија има одлично вклопена екипа, одличен голман, ама мислам дека Аргентина нема да ја направи истата грешка, да се залета да напаѓа како Бразил. Германците начекаа буквално село без кучиња во тој меч, уште илјада пати да играат такво нешто нема да се повтори :icon_mrgr:
Кој и да освои ќе ми биде океј, ама ќе навивам за Аргентина само поради Меси. Преку тасета што при споредбите со други фудбалери секогаш се спомнува дека немал освоено СП, па ако конечно се случи тоа (а мислам дека ваква шанса нема да добијат) ќе им се затнат устите на таквите "аналитичари" :D
Се надевам дека Меси ќе биде човекот што ќе го реши мечот.
Огромна штета е што нема да им игра Ди Марија, може беше себично копиле ама реално многу повеќе ја раздвижуваше играта на Аргентина кога беше во игра.
Рохо ми е откритието на првенството, се надевам и тој ќе има добра утакмица.
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Ако Аргентина даде прва гол тогаш шансите се 50:50.:D
 
Член од
9 мај 2013
Мислења
25
Поени од реакции
18
Претходен финален меч на Светските првенства

Финале 1986

Во финалето на Светското првенство 1986 во Мексико Сити , Аргентина стана Светски шампион предводена од Марадона . Аргентина имала водство од 2 :0 со погодоците на Хозе Луис и Хорхе Валдано , но потоа германската упорност настапува со два погодоци на Карл-Хајнц Румениге и Руди Фелер . Во тие тешки моменти на Аргентина,Марадона го поведува тимот кон успех со извонредната асистенција за Буручага за водство на Аргентина од 3:2 и втора шампионска титула на Аргентина.
Не е ова единствено финале кое го одиграле овие две репрезентации. :sneaky:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Да гледаме со ладна глава и реално..

Германија има поквалитетен тим со подобри играчи во составот на скоро сите позиции до една..

Германија имаше ден повеќе одмор за разлика од Аргентина каде играше плус 30 минути од регуларното време што верувам ќе се одрази во второто полувреме од дуелот..

Аргентина ако не постигни гол или ако не направи предност во првото полувреме не верувам дека ќе направат нешто во продолжението во натпреварот поради физичката истрошеност од дуелот со Холандија...

Кој и да освои ќе ми биди мило и заслужено бидејќи од една страна се работи за Германија која конечно ќе го освои трофеот каде изгубија многу финалиња и полуфиналиња, а за таа бројка од победи и постигнати голој имаат премалку титули..
И Аргентина која ја сметам како најфудбалска нација на светот ,каде фудбалот е повеќе од религија во земјата која има Италјански менталитет и секако поради неприкосновениот рамо до рамо со Зидан и останатите Линоел Меси..

bring on....
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.940
Поени од реакции
116.444
Мое мислење е дека Аргентина ќе освои. Постои некое непишано спортско правило дека тимовите/репрезентациите што играат бледо и што се влечат до самата завршница на крај освојуваат. Ништо чудно и вечер да се деси тоа.

Нема да навивам стрикно за никој, ќе навивам за добар фудбал и голови, освен ако не ме пукне некој флеш па да ја опнам во кладилница и да заземам страна. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom