R
Rigel Kent
Гостин
Финале – Светско првенство во фудбал 2014
Првенството започна на 12 јуни, а финалето ќе се одигра на 13 јули 2014 година на Маракана во Рио де Жанеиро .
Првенството започна на 12 јуни, а финалето ќе се одигра на 13 јули 2014 година на Маракана во Рио де Жанеиро .
Германија на првиот натпревар на првенството извојува убедлива победа над Португалија од 4:0 , потоа следуваше нерешениот натпревар со Гана , за со победа над селекцијата на САД да го завери својот пласман во осминафиналето и прво место во групата. Во осминафиналето во тежок меч Германија успеа да издвојува победа над Алжир дури по продолженија што беше вистинско изненадување , но забележливо на мечевите во група и на осминафиналниот меч беше погрешната формација на селекторот Лев која не дозволуваше составот на Германија да го покаже сиот свој потенцијал. Во четвртфиналето неизвесен меч со Франција кој го одлучи еден гол на Хумелс . Вистинска експлозија се случи во полуфиналниот меч со домаќинот Бразил каде уште во прво полувреме го демолираа противникот и имаа водство од 5:0 кое на крајот на мечот беше зголемено на 7:1 за историски најголема победа на Германија над Бразил и предизвика воодушевување на целата спортска јавност , а и потсмев за дебаклот на Бразилците.
Патот на Аргентина до финалето
Аргентина играше доста претпазливо во натпреварите по групи , иако покажуваше не толку убедлива игра сепак тимскиот дух на репрезентацијата предводена од Меси беше главен двигател за успехот на Аргентинците . Аргентина во тежок меч успеа да ја совлада Босна и Херцеговина , а потоа следеа победите над Иран и Нигерија . Во осминафиналето тешко издвојувана победа над Швајцарија во продолжение со одличниот гол на Ди Марија , а во четврфиналето одлучувачки беше извонредниот гол на Игуаин . Во полуфиналето Аргентина и Холандија изиграа внимателно со тактизирање на двата селектори , со неискористени шанси на двете екипи а пенал рулетот го реши патникот во финале . На голот блескаше Ромеро а прецизниот шут на Меси во првата серија им даде дополнителна сигурност на останатите во тимот.
Можен стартен состав на Германија
Нојер
Лам-Боатенг –Хумелс-Ховедес
Кедира-Швајнстајгер
Милер –Крос –Озил
Клосе
Можен стартен состав на Аргентина
Ромеро
Забалета –Демикелис-Гарај-Рохо
Биглиа-Маскерано-Перез
Меси
Игуаин-Лавеци
Нојер
Лам-Боатенг –Хумелс-Ховедес
Кедира-Швајнстајгер
Милер –Крос –Озил
Клосе
Можен стартен состав на Аргентина
Ромеро
Забалета –Демикелис-Гарај-Рохо
Биглиа-Маскерано-Перез
Меси
Игуаин-Лавеци
Досегашен скор помеѓу овие две репрезентации
Претходен финален меч на Светските првенства
Финале 1986
Финале 1986
Во финалето на Светското првенство 1986 во Мексико Сити , Аргентина стана Светски шампион предводена од Марадона . Аргентина имала водство од 2 :0 со погодоците на Хозе Луис и Хорхе Валдано , но потоа германската упорност настапува со два погодоци на Карл-Хајнц Румениге и Руди Фелер . Во тие тешки моменти на Аргентина,Марадона го поведува тимот кон успех со извонредната асистенција за Буручага за водство на Аргентина од 3:2 и втора шампионска титула на Аргентина.
Клучни играчи на двете екипи
Меси е предводникот на Аргентина и од него се очекува да го води тимот кон освојување на третата шампионска титула . Ова е титулата што му недостига на Меси за да биде најуспешен во историјата.
Милер е извонреден на првенството а посебно се истакнува со неговата способност да постигне погодок во клучни натпревари .
Последно уредено од модератор: