СП Хрватска 2009 - Ракомет (мажи) - генерална дискусија

Статус
Затворена за нови мислења.

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
www.croatia2009.com Општи информации за светското првенство.

Од Хрватска очекуваат од нашата група да има највеќе македонски навијачи, бројката ја спомнаа околу 2000, ама лично бне верувам повеќе од 1000.
Германците 1500, Русите 1000 и.т.н.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
http://rukomet.varazdin.hr/index.php?content=vijesti&id=7

:vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud:

Абе луѓе, на оваа страница се објавува дека ќе има шатор на Алкалоид во Вараждин и напишано е и на Хрватски и на МАКЕДОНСКИ!!!!!!

:je: :pehar: :aplauz::je: :pehar: :aplauz::je: :pehar: :aplauz::je: :pehar: :aplauz::je: :pehar: :aplauz:

Е па значи секоја чест на нашите и на Алкалоид за ова. Сега сум пресреќен. Што и да направат нашите на светсково првенство, само со ова имаме огромен успех.

Секоја чест.

:eek:lee::eek:lee::eek:lee::eek:lee::eek:lee:
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Како би отишол на една утакмица ептен ми се праи меракот.Па ќе идат наши што живеат во Хрватска и од тука од сегде.Важно да ја напуниме салата.
И да ме интересираше кои идат во следна фаза?Од прво до ......?
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Како би отишол на една утакмица ептен ми се праи меракот.Па ќе идат наши што живеат во Хрватска и од тука од сегде.Важно да ја напуниме салата.
И да ме интересираше кои идат во следна фаза?Од прво до ......?
Хе тешко дека ќе ја наполниме салата.
Понатака одат првите три, значи еден од фаворитиве мора да го тепаме.
Биче тврдо и густо.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.465
Не е голема салата, ако наполниме една трибина ќе биде доволно да се направи феноменална атмосфера.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Јас заминувам за Хрватска на 19. Јануари, што значи дека ќе ги следам последните три натпревари со Полска, Германија и Русија.
Слушав за штандот на Алкалоид како и за Македонскиот кафич Грин Паб кој што ќе работи 24 часа само за македонските навивачи.
Ќе се обидам да доловам што е можно повеќе и да го презентирам.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Во кои термини ќе игра нашата репрезентација и во кои денови?Ако не се лажам, на 19ти мислам почнуваме ние.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Супер. Баш се прашував дали на некој му текнало да отвори ваква тема на 3 дена пред почетокот на СП во ракомет во Хрватска.

Јас прво да си кажам кој ми е фаворит - ХРВАТСКА и мислам дека ова е одлична можност за оваа генерација да освои еден завршен трофеј на едно големо натпреварување и оваа прилика не би смееле да дозволат да им се лизне од раце.

Покрај Хрватска значи која мене лично ми е бр. 1 фаворит, во потесниот круг на можни освојувачи на трофејот, или барем влегување во самата завршница од турнирот ги ставам :

- Франција (најголемиот конкурент на Хрв. на ова СП и актуелен Олим.Шам.) ;

- Данска (доволно за нив е да се каже тоа дека речиси 50% од головите на еден натпревар ги даваат од контри и тоа дека го имаат одличниот Квит на голот)

- Шпанија (бронзените од последните ЛОИ во Кина)

- Кореја (најпријатното изненадување на ЛОИ предводена од своите одлични крила)

- Полска (константно незгодна репрезентација која знаела многу пати да им ги поремети сметките на великаните)



И за крај нешто за нашиве. Искрено јас мислам дека имавме доста среќа во ждребката и можеме и те како да се надеваме на едно од првите две места во оваа група и тоа реално гледано, без дополнителен оптимизам.
И еве зошто :

- Ги имаме во групата Тунис и Алжир, репрезентации кои се за барем две класи подолу од нас и против нив не смееме да помислиме на ништо друго освен на победата, и тоа што е можно поубедлива.

- И другите 3 репрезентации се од Европа. Меѓу нив најниско би ја котирал Германија, бидејќи јасно е дека тие се во криза, нешто што го потврдија и на последните ЛОИ, така да против нив сметам на победа, со малце среќа. Русија игра доста неконстантно и променливо, така да ако ги фатиме Русиве на лош ден и ако не им тргнат од рака шутевите од надворешните позиции, ние имаме големи шанси да се радуваме и против нив. Единствено од Полска мене ме фаќа најголем страв и против нив мислам дека шанси немаме, речиси никакви.

Како и да е јас од се срце им посакувам многу,многу среќа на нашите Македонци на ова СП. Нека дадат се од себе, срцата нека ги остават на паркетот, нека ја претстават Македонија во најдобро можно светло и само со ладни глави нека влезат во сите натпревари, бидејќи само така може да се надеваме на висок пласман.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Искрено, мислам дека ќе сме си стандардно, по нашки. Ќе тепаме некој од фаворитите (Русија, Германија, Полска), ама обавезно, кикснуваме или од Тунис или од Алжир. Е може и ќе стигнеме до трето место.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Искрено, мислам дека ќе сме си стандардно, по нашки. Ќе тепаме некој од фаворитите (Русија, Германија, Полска), ама обавезно, кикснуваме или од Тунис или од Алжир. Е може и ќе стигнеме до трето место.
Нема шанси Друже, и двете ги тепаме ... :wink:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Прв фаворит за мене е Франција. Други фаворити се Шпанија, домаќинот Хрватска и опасната Русија.

За нашата репрезентација ке ми биде задоволство само ако пружат добра игра со сите репрезентации и конечно да заиграат како врвна европска селекција.
 
Член од
8 февруари 2008
Мислења
693
Поени од реакции
10
ajde odma pesimizam uste ne pocnato prvenstvo odma od ovoj ke izgubime od onoj,bidete optimisti malce sto da ne imaat germancite ili rusite zlatni jajca ili race
 

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Како што гледам на физичката спрема доста се работеше, подготвителните турнири беа успешни, тука не мислам на резултатите туку на успешното спроведување на стратегијата која ја има замислено Темелков за Првенството, и ако земеме предвид од пракса дека екипите многу подобро ги одигруваат главните турнири од подготовките (што е и лочично) мислам дека ќе бидат успешни нашите дечки.
И мислам дека преостанатите неколку дена треба да се искористат за ракометарите да се спремат на психолошки план, лесно може да излези најголеми противници да си бидеме самите, таа ментална блокажа сеуште необјаснива за македонските спортисти може гадно да не заебе, али ако дадат максимум на секој натпревар без да се преокупираат дека МОРА да се победи и едноставно да ја играат својата игра, watch out World :vozbud:
:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom