СЕХА - ГСС лига

  • Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.028
Поени од реакции
74.423
кај ги најде 150 бе :eek: ако ги броиш со се екипите :)
Абе таму се, ама неможеш да ги видиш :D
Види таму горе стојат, кај оградата...:D
Нема публика, реално накај 100 души, мада коментаторов кажа нешто повеќе од 120:icon_lol:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.960
Поени од реакции
16.316
На Работнички - Фени (што имаат забрана за публика) има повеќе, отколку на овој дуел.:D
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Реално Скопје освен во Автокоманда нема ракометна публика. Ако тоа го споиш со тоа дека никој жив нема појма кога се играат утакмици,јас како заљубеник во ракометот мора да се мачам да дознам кога се игра што останува за некој од страна и со тоа што потапа термин за одигрување не може да се има ете ги 100-150 души на кале.Додуше оваа утакмица беше според мене до сега најлошо посетена од што видов на ТВ.
Некој просек во СЕХА за Вардар е 200-250 души.
Уствар и ова ми е топ кога ќе дојде Загреб ќе си ги гледам Балиќ и компанија на мира.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.880
Поени од реакции
1.092
Ке дават некаде денес Металург-Ловќен, или тешко?
До сега на мтв даваа,ама за денес гледам имат најавено кошарка,Библ лига.Фени игра со некој израелци.
 
Член од
30 август 2009
Мислења
584
Поени од реакции
212
Пишува дека утре ке играат металург-регионална... :S
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.880
Поени од реакции
1.092
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.880
Поени од реакции
1.092
Значи еднаш не се усогласија со терминиве.Не се нормални.Едни пишуват едно,други друго.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.960
Поени од реакции
16.316
Eксклузивно на МТВ1, снимка.:pos:
ОМG
Победиле Металург со 15 разлика ми се чини.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.880
Поени од реакции
1.092
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Борац-Металург 26:31
Изјави на тренерите по мечот:
Лино Червар (Металург): Покажавме професионалност, ја заслуживме победата. Игравме добро, одбраната беше на високо ниво и мислам дека никој нема замерки на нашиот триумф.
Драгана Марковиќ (Борац): Металург беше подобар, во текот на сите 60 минути го диктираше темпото на играта, а на крајот може да се рече дека мојата екипа добро помина. Жал ми е што не успеавме да и донесеме победа на нашата публика која и овој пат дојде во навистина голем број. Немаме време за тага, бидејќи не чекаат нови предизвици.
 
П

Паспарту

Гостин
Червар: СЕХА лигата е храбар проект

Тренерот на Металург, Лино Червар, истакнува дека СЕХА лигата како регионалното натпреварување е одлично замислена, но треба максимално да се поддржи и од страна на спонзорите, за да успее да се развие во вистинската насока. Тој вели дека СЕХА е еден храбар проект кој треба да го врати ракометот на позициите кои што му припаѓаат.

„Оваа лига е многу храбар проект на луѓето на кои им е важно ракометот да има вистинска промоција во земјите од Источна Европа. Ракометот е спорт кој ги одбележа минатите времиња и заслужува да се врати на позициите кои му припаѓаат. Мислам дека оваа лига е едно многу добро решение, но тоа треба да се поддржи и во него многу да се вложи. Двата најважни детали се организацијата, како и спонзорските обврски кон клубовите, бидејќи сето ова многу чини. Секако, не треба да се заборават и домашните лиги во кои има многу таленти“, вели Лино Червар.

Тој е задоволен од досегашната работа во Металург во овие изминати три години.

„Дојдов во клуб кој беше во длабока сенка на Вардар, но во две години успеавме да освоиме две титули и два купа. Тоа што ме прави исполнет е што од самото доаѓање успеав да наметнам нови принципи на работа, играчите ги прифатија, станаа многу подисциплинирани, а целиот клуб напредуваше многу, како на организациски план, така и резултатски“, истакнува тренерот на „металурзите“.

Червар се осврна и на претстојното Европско првенство што ќе се одржи во Србија.

„Мислам дека не очекува едно од најинтересните првенства во изминатите неколку години. Имам неколку фаворити за кои мислам дека ќе направат добар резултат. Во прв ред тоа се Франција и Шпанија, потоа Данска и Србија. Србите имаат одлични поединци, но лош колектив, а Шпанците не ги ценам многу затоа што станаа „увозна“ селекција. Но, сепак, тоа се сигурно репрезентации со голем квалитет“, заврши Лино Червар.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2026
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.028
Поени од реакции
74.423
ВАРДАР-Нексе 26-25!!!
Борко со одбранет пенал во последна секунда!
 
Член од
30 август 2009
Мислења
584
Поени од реакции
212
утре (10.11.2011) Металург-Црвена Ѕвезда 17:55 пренос на МТВ 1.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Bosna izgubila od Tatran 36-25 na gosti pa mislam deka vo trka za cetiri najdobri ostanuvaat Metalurg Vardar Zagreb i Nexe
 

Kajgana Shop

На врв Bottom