Борац-Металург 26:31
Изјави на тренерите по мечот:
Лино Червар (Металург): Покажавме професионалност, ја заслуживме победата. Игравме добро, одбраната беше на високо ниво и мислам дека никој нема замерки на нашиот триумф.
Драгана Марковиќ (Борац): Металург беше подобар, во текот на сите 60 минути го диктираше темпото на играта, а на крајот може да се рече дека мојата екипа добро помина. Жал ми е што не успеавме да и донесеме победа на нашата публика која и овој пат дојде во навистина голем број. Немаме време за тага, бидејќи не чекаат нови предизвици.