Владе, обезбеди ли 20 гласа? Или уште не?
Види, читај ја реториката на форумов пред и по падот на Великанот. Овој форум се сметаше за про-Сдсм пред, а сега врти кон Дпмне. Јасно е секое незадоволство. За кого сум гласал во минатото, ничива работа не е , како што не е ни моја работа членот Х за кого гласал. Јас го избегнувам овој подфорум затоа што има повеќе препукувања, и сметам дека тема треба да отвораат само модераторите. Башка беше мирно пред да се внесе политиката на форумов.
Не знам дали си свесен, ама тие не ни знаат дека ти или јас постоиме. Чим по секоја цена одат на избори, а гледаме дека секој ден ја надминуваме стотката, не покажуваат интерес за јавното здравје. Јас не знам каква е таа власт која слуша наредби на еден обичен оџа. Тоа беше катастрофална одлука со катастрофални последици. Кој реално би сакал да излезе на избори, кога последниве 50тина ни беа или дома или дома-работа-дома!? Само партиските војници и мал дел од независните. Слушам по информативните емисии, народот не сака сега избори. Можеби ризикот по здравјето на гласачот и не е голем, како одење во маркет на пример, ама чинот на ставање и на таков мал ризик е апсурден.
Мене поинтересни ми се оние кои се прават неопределени, а бранат чисто партиски интереси, без свој став. Слушам вести, не ми требаат партиски преписки.
Башка ако те интересира некое мое мислење за Шарените или за протестот, пребарај го форумот, пишував и за тоа. Ниту сум застанал зад вандализмот на шарените кловнови, ниту некогаш и ќе застанам. Бев на првиот протест, тој не беше огранизиран од Шарената револуција, идиотите палеа, а после веќе не излегов на протести.
Да, ако има трета опција со реални шанси, би гласал за неа. Зошто мора секогаш за Сдсм или Вмро? Нула реформи, речиси нула проекти и речиси нула капитални инвестиции. Јасно е дека таргет групата на Сдсм им е ниската и средна класа, ама и тука потфрлија. Немам веќе радиодифузна, но плаќам 20% за некакви паркови, а жив парк немам во населбава. Се гради на диво, па после се легализираат градбите. Улиците не ни се променити 30 години, а единствено што имаме се нови тротоари! Пред 10 год ги имаме, но во однос на сето друго, тие се нови. Дно локална самоуправа, а речиси цело време ја држеа Дпмне, но и овие жива шајка не ставија тука. Зошто да ги гласам? Зошто? За името? Требаат 80 пратеници за тоа, која коалиција ќе има толку во блиска иднина!? Ниедна.
Апсолутно немам ништо против некој да е член, активист или симпатизер на одредена партија. Лепи плакати и гласај прв, ама немој да генерализираш и да ги користиш моите коментари во конотација дека ќе излезам да гласам и за кого ќе гласам.
Теории на заговор терај со Таксист ПП за повратниците. Јас сум тука скоро секој ден, читав и пишував на темите за литература. Тука има само дописки и препукувања. Невидена поделба за две партии кои треба да се забранат. Јас и ти должиме по 2.500 евра, ако не рипна таа бројка уште повеќе оваа година. Еден ден кога ќе кратат плати и работни места, ќе се чешаме. Затоа требаат политичари кои можат да спроведат и воведат промени, а овие што ги имаме, ниту имаат желба, ниту волја. Дпмне имаше 10 год време, Сдсм нешто повеќе од три и скоро една заедничка. 14 години апсолутно ништо. Доаѓаат пред избори да просат за глас. Тоа се прави и пред и после изборите. Треба да се појави интерес да ги слушнат решенијата и проблемите на народот. Ако немаат интерес за моите/нашите проблеми, зошто да имаат интерес за мојот/нашиот глас!?