Ти другар си излечен [DOUBLEPOST=1421059197][/DOUBLEPOST]
Знаеш од што се состои третманот и колку пари месечно треба да се фрлат?
Еве ја купив од тоа пилфуд 5% ама така ми стои веќе некое време. Читав нешто дека имало луѓе што го користат и им ја убрзала ќелавоста. Подобро вака полека ама сигурно да ми испопаѓа
Најпрво те гледаат на едно такво апаратче за да ти кажат дали проблемот е во постоењето на масти околу коренот, стеснати крвни садови и такви ствари.
Потоа можно е да ти направат третман за чистење на мастите од главата, но можеби и не, кај сите различно.
Мене ми направија за чистење на мастите на главата, но тоа можеш и ти дома самиот да си го правиш, така ми рекоа и таму..........., земи еден голем пешкир, брцни го во врела вода, истискај го и замотај го на главата, пареата ќе ги исчисти мастите, само повтори го тоа неколку пати во неделата.
Потоа ми рекоа да започнам да ги користам нивните лосиони и шампони, но која ја чув цената си реков кај е вратата дај да си излезам. Да не те лажам, но мислам дека 1000 или 3000 денари беше шампонот. Но тој не е единствениот.
Така да ако си решен ласер да правиш или трансплатација на коса кај нив, се исплати, зошто ќе ти се врати косата, а во шампоните, да бидам искрен и немам некоја верба дека ќе помогнат.
На лекар ми го препорачаа Пилфудот. Порано тој бил апче за намалување на крвниот притисок, ама несакан ефект било тоа што создавал влакна по телото, па од него направиле препарат со цел да го поттикне растењето на влакната на главата. Јас лично не го користев, но од тие што го користеле и нема некој резултат.
Истото е и со Алпецинот шампон, не дава никакви ефекти.
По сите испитувања што ги направив, сите шампони што ги пробав и сите билки што ги ставив на глава (читај коприва, лист од орев...), не видов некое подобрување.
Среќа дознав дека свинскиот сапун помага, па веќе една година него го користам. Можам да кажам дека од него не ми расте нова коса, но бар не паѓа и влакното го прави многу поцврсто.