G
garthok
Гостин
Па ако имаш волку коса и си баш ваков што ќе ти е трансплантација, на сите нормални им е ваква на кец/двојка.Океј , можда некои ќе ме сметаат за луд али јас решив да се борам со косопадот до крајни граници. Пред 2 часа контактирав со доктор Рахал во Канада , моментално број 1 доктор за трансплантација на коса во светот заедно со Бисанга во Белгија. Му пратив слики од мојата коса и случајот ми е документиран , и здравје од Јуни одам да возам камион низ Америката да соберам пари. Некаде Октомври - Ноември треба да биде операцијата. Се одлучив за ФУЕ процедура бидејки сум млад и несакам никакви лузни на главата , и докторот ми кажа дека со 1500-1600 графти ќе имам "full head of hair", бидејки сум сеуште во почетен стадиум. Денес за прв пат во животот се истрижав кратко , и буквално доживеав шок во првите 10 минути , но потоа дури и почна да ми се свиѓа и шо е најбитно обликот на главата ми е фантастичен , барем мене ептен ми се свиѓа и во најлошо сценарио да не успее трансплантацијата ( што шансите за тоа се 0.0001 % ) ќе личам на Виктор Валдез. Ми препорачаа да користам Миноксидил 5 % , така да од утре го порачувам и стартува мојата борба со косопадот. Пропециа не ми е на репертоарот , со хормони не планирам да си играм.
Иначе за сите заинтересирани еве како изгледа трансформација на Рахал со 2200 графти , апсолутно фантастично. Извршена е на човек кој има 42 години.
Иначе еве колку кратко се истрижав денес, буквално кога го гледам Валдез како да се гледам самиот себе.