Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.406
- Поени од реакции
- 5.973
Традиционално секоја година Утрински весник избира роман на годината. Годинава во најтесната конкуренција се најдоа 5 романи.
Пет романи во третиот круг за наградата „Роман на годината“
„Очи со боја на чевли“ од Петар Андоновски, „Ќерката на математичарот“ од Венко Андоновски, „Фото синтеза“ од Игор Анѓелков, „Јадица“ од Владимир Плавевски и „Ненасловена месечева соната“ од Давор Стојановски се романите кои влегоа во потесниот круг за престижната награда „Роман на годината“ на „Утрински весник“ за 2013 година.
На вториот состанок кој се одржа вчера во просториите на нашата Редакција, оваа одлука по пат на тајно гласање ја донесе жири-комисијата во состав: Митко Маџунков, претседател и Ферид Мухиќ, Весна Мојсова-Чепишевска, Оливера Николова и Катерина Богоева, членови.
Наградата „Роман на годината“ годинава ќе биде доделена по 15. пат, а името на годинашниот лауреат на јавноста ќе ѝ биде соопштено на прес-конференција на 14 март. Свеченоста на доделувањето е закажана за 26 март. (Т.И.)
Романи кои влегоа во третиот круг за наградата „Роман на годината“
1. „Очи со боја на чевли“, Петар Андоновски, Кликер маркетинг
2. „Ќерката на математичарот“, Венко Андоновски, Табернакул
3. „Фото синтеза“, Игор Анѓелков, Или-или
4. „Јадица“, Владимир Плавевски, Силсонс
5. „Ненасловена месечева соната“, Давор Стојановски, Или-или
Што мислите за изборот, сте читале некој од романите, како ви се допаѓаат? Кој е вашиот фаворит оваа година? Кој има најголеми шанси да ја добие наградата?