Лазања
Глеам нема отворено тема за ова, иначе најубо јадење
Ајде да почниме ко така...
Состојки:
Кори за лазања
Мелено месо
Кашкавал
Кечап
Зејтин
Кромид
Сол
Оригано
пипер...
п.с Намерно не ставив количини, зш несакам да работам по некои правила, едноставно колку ве фаќа око
одприлика 6-8 кори лазања, 500 гр мелено месо, кашкавал рендан колку ќе собере ќе собере, зависи колку сакате МРСНО да е
Подготовка:
Корите за лазања се ставаат во врела вода за да се сварат (омекнат) заедно со малце зејтин и сол.
Подготовка на сосот за лазањите:
Најпрво 1-2 парчиња кромид се сечат најситно што можете (само пазете на прстите) и се става во тава да се динста... после се става во истата тава меленото месо заедно со зачините... сол, бибер, пипер.. откако ќе се запржи сето тоа е спремно да се почне да се реди на корите....
Во подибок сад се ставаат и корите за лазања и сосот кој веќе го припремивме на следниов начин...
Најпрво се ставаат корите па врз нив сосот од лазања и над сосот се става ренданиот кашкавал... ова се повторува се додека има од ресурсите за подготовка... на последниот ред над сосот за лазања се става кечапот а над кечапот ренданиот кашкавал.. за кога ќе се испече да има мнооогу убав црвено бел изглед од горе...
На крајот обвијте го садот со готварска фолија и ставајте в рерна
Лазањите се печат 30 мин на температура од 180степени...
Сепак проверувајте поначесто, дан испадне на крај наместо црвено бел изглед од горе да имате ЦРН
Добар апетит...