Рецепти за шпагети, лазањи и други видови тестенини

Член од
9 јуни 2005
Мислења
5.982
Поени од реакции
18
ЛАЗАЊИ АЛ ФОРНО

За подготовка на ова предјадење за 4 лица потребни ви се следниве производи:
- 1 пакување лазањи со вкус на спанаќ
- 375 гр мелено месо
- 250 гр свежи шампињони
- 2 главици кромид
- 200 гр кашкавал
- 3-4 лажици доматно пире
- 200 мл црвено вино
- 50 гр пармезан
- 200 мл павлака
- 1 морско оревче
- 3 чешниња лук
- 2 лажици густин
- 1 кафена лажица мајчина душичка
- 1 кафена лажица оригано
- маслиново масло
- сол и црн пипер
Потребно време за подготовка на ова предјадење е 60- тина минути.
Една главица кромид ситно ја сечкаме. И чешнињата лук ситно ги сечкаме. Во тава за пржење на оган ставаме маслиново масло да се загрее. Маслиново масло додаваме и во втората тава со зовриена вода на оган. Водата ја посолуваме. На загреаното масло во првата тава го ставаме исечканиот кромид да се пржи. Шампињоните ги сечкаме на листови. Користиме шампињони од производството на Бонум. Откако кромидот ќе омекне во тавата ги додаваме исечканите шампињони. Промешуваме. Посолуваме. Во тавата со зовриената вода ги ставаме лазањите да се варат. Во тавата со шампињоните додаваме хопла и павлака. Промешуваме. И втората главица кромид ситно ја сечкаме. Исечканиот кромид го ставаме во тенџере, со загреано масло на оган. Мешаме за време на пржењето. Откако кромидот ќе омекне во тенџерето го додаваме меленото месо. Преливот со шампињоните го промешуваме. Преостанатото чешне лук го сечкаме. Исечканиот лук го додаваме во меленото месо. Сварените лазањи ги вадиме од тавата и ги ставаме во цедалка. Во тавата ставаме нови лазањи да се варат. Сварените лазањи ги плакнеме со студена вода. Исцедените лазањи ги редиме на кујнска крпа. Во тавата со преливот од шампињони го рендаме морското оревче. Во меленото месо ги додаваме ориганото и доматното пире. Промешуваме. Потоа го додаваме црвеното вино. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. На ситната страна од рендето го рендаме кашкавалот. Во садот со густинотдодаваме малку вода. Промешуваме. Размешаниот густин го додаваме во преливот со шампињони. Сварените лазањи ги вадиме од тавата и ги ставаме во поголем длабок сад, полн со вода. Ги вадиме лазањите од садот и ги редиме на кујнската крпа. Откако течноста ќе испари од огнот го тргаме тенџерето со меленото месо. Керамичката тава за печење ја попрскуваме со маслиново масло. Со четка ја намрснуваме целата внатрешност на тавата. Дното на тавата го обложуваме со лазањи. Врз лазањите ставаме од преливот од шампињони. Врз преливот ставаме од филот од мелено месо. Врз меленото мсо наросуваме рендан кашкавал. Потоа редиме нов ред лазањи. Врз нив го ставаме преостанатиот прелив од шампињони. Повторно наросуваме рендан кашкавал. Потоа пак редиме ред лазањи. Ги филуваме со филот од мелено месо. Врз меленото месо ги редиме преостанатите лазањи. Врз лазањите го наросуваме преостанатиот рендан кашкавал и пармезанот. Попрсуваме со маслиново масло. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30- тина минути на температура од 200 степени. Ја вадиме тавата од рерна.
Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови злена салата. Со нож Лазањите Ал Форно ги сечеме на парчиња. Две парчиња ставаме на чИнијата за сервирање. Секое парче го украсуваме со топка павлака, декорирана со кечап.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино.
Добар апетит.

MoNa`

Do you believe in perfection ?
Член од
18 април 2006
Мислења
1.702
Поени од реакции
6
Eve eden recept za taljaneti (makaroni bolonjeze)

Si odite vo prodavnica ,kupuvate taljaneti od Podravka si nosite doma i..

1.Sodrzinata na kesickata ke ja sipete vo 500 ml zovriena voda ,poleka mesate i ostavate da vrie.

2.Gotvite na sredno jak ogan 8 minuti so neprekinato mesanje.

3.Na kraj dodavate 10 grama puter i promesuvate.
 
The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Тортелини болоњезе

Потребни состојки:

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]- 1кг. брашно
- 10 јајца

- 1 главица кромид
- 2 моркова
- 600 гр. јунешка кртина
- 500 гр. домати
- 3 морски оревчиња
- доматно пире
- 2 јајца
- магдонос
- 100 мл. црвено вино
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка:

Во една тава ставаме 1 кг. брашно. Потоа во тавата едно по едно ги кршиме 10- те јајца. На 100 гр. брашно се става 1 јајца. Тестото е исто и за подготовка на равиоли, лазањи, канелони, тортелини и тагатели.
Со рака го замесуваме тестото, а потоа го префрламе на набрашнета работна маса. Со двете раце убаво го месиме тестото додека не стане мазно. Тестото го делиме на 6 еднакви дела и од секој дел формираме топка. Топките ги редиме на чинија и ги оставаме настрана. На даската за сечење го сечкаме кромидот. Потоа од ситната страна на рендето го рендаме морковот. На оган ставаме тава и во неа ставаме масло за јадење. Потоа во тавата го додаваме ренданиот морков и исечканиот кромид. Половината од месото многу ситно го сечкаме и го додаваме во тавата. Доматите ги лупиме во круг, а од лушпите формираме цветови. Потоа ситно ги сечкаме излупените домати и ги додаваме во тавата. Промешуваме и го додаваме црвеното вино. Во тавата ги додаваме преостанатите сечкани домати и оставаме да се пржи. На оган ставаме уште една тава и во неа ставаме путер. Во тавата го ставаме преостанатото месо исечено на 3 поголеми парчиња. За време на пржењето месото го превртуваме. Испрженото месо го вадиме од тавата и многу ситно го сечкаме. Вака подготвеното месо го собираме во еден сад. Во садот додаваме 2 лажици пармезан и рендано морско оревче. Смесата ја промешуваме со лажица и додаваме 2 жолчки. Уште еднаш убаво промешуваме и го оставаме садот настрана. Работната маса ја набрашнуваме и од секоја топка тесто со сукалка развлекуваме тенка кора. Со алатката ја сечеме кората на квадрати со големина од оклу 5 сантиметри. Секое парче го филуваме со претходно подготвениот фил од месо, пармезан и жолчки и ги формираме тортелините. На оган ставаме тенџере со вода. Откако водата ќе зоврие, ја посолуваме и во водата ги ставаме тортелините да се варат. Оставаме да се варат 15-тина минути. Преливот во тавата го наросуваме со мелен црн пипер и го посолуваме. Потоа во тавата рендаме морско оревче и додаваме ситно сечкан магдонос. Се убаво промешуваме и преливот го претураме во друга тава. Потоа во тавата со цедалка ги додаваме сварените тортелини. Тавата ја протресуваме и ја оставаме на оган кратко време да се пржи. Содржината од тавата ја претураме на чинија за сервирање. Украсуваме со рендан пармезан и гранче магдонос на средината на чинијата.

[/FONT]
 
The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Тортелини примавера

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Мх мх мх обожавам тестенини.
 
Мар мар

Take me to paradise
Член од
9 август 2006
Мислења
1.294
Поени од реакции
11
Lele mi ja pogodivte temata. Se so e povrzano so italijanska kujna OBOZAVAAAAMMM!
Ajde luge navalete so receptite, mnogu ke vi sum blagodarna. Evo i odnapred vi zablagodaruvam.
 
Maca_Puca

Дипломиран Џаболебар!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
16
Поени од реакции
0
фала за рецептите... :helou:
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
83
Поени од реакции
1
Алал да ви е куваришта опасни :salut: него да ви дадам ја рецепт?

пишете: фаќаш дечко се заљубуваш, он во тебе, ти го частиш кафе он се покажува како роматичен тип, пали свеќи, неодолива атмосфера, праи шпагети и вие ЕДНОСТАВНО УЖИВАТЕ:je:
 
Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Јас можам да се понудам да ви дадам рецепта за јајца на око :jaj:
сепак фала за рецепти еј ЗАКОН СТЕ
 
Член од
7 март 2005
Мислења
131
Поени од реакции
2
Prosto i ednostavno ama mnogu ubavo:

500 gr makaroni
1 tuna konzerva
zejtin (od oko za na kraj)
vegeta

Ova moze sekoj da go zgotvi lesno e i ednostavno ako nemate mnogu produkti doma. Prvo se varat makaronite, potoa se cedat, se vrakaat vo tendjereto i so zagraniot zejtin se posipuvaat, a im se stava i vegeta 2-3 lazicki i se mesa promesuva. Potoa se istura cela konzerva tuna (ali prvo iscedetea za da ne bide mnogu mrsno) i ubavo se promesuva.
Toa e toa mnogu vkusen pojadok, a uste da imate domasen kecap kako majka mi sto go pravi :) i tanjirot ke go izedete.
 
TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Makaroni so senf

Sostojki (za 4 lica):

320g makaroni
200g sirenje
2 lazici senf
1 luk
1 mala glavica kromid
20 g puter
kitka majcina dusicka
2-3 grancinja magdanos
sol
crn piper

Podgotovka
Stavete da zovrie pogolemo kolicestvo posolena voda, dodajte gi makaronite,pa ostavete gi da se svarat.
Vo meguvreme izlupete go i sitno iseckajte go kromidot.Sirenjeto iseceto go na kocki.Lukot isecete go na polovina i so nego protrijte edna pogolema tava.
Vo istata taa tava dodajte go puterot i rastopete go na tvok ogan.Dodajte go sirenjeto i ostavete go da se rastopi na tivok ogan,mesajki so drvena lazica.Dodate go senfot i mesajte go za da se dobie homogena smesa.
Iscedete gi makaronite i prefrlete gi vo tavata so sosot,Izmesajte gi i zacinete gi so majcina dusicka, iseckan magdanost i piper.Servirajte gi topli.

Prijatno jadenje.
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Абе да не се "фалам", иако сум многу по јадењето, мерачки, гурман ипол сум.....али....никогаш у живот не сум јадел лазањи. Сум немал прилика :toe::jaj:
 
Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Мораш да пробаш.Не знаеш што пропушташ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom