@Medea
Ееее нема слики али успешно беше. Вкусно и се откинавме од јадење.....
Меленото месо и кромидот ги пропржив и додадов болоњезе сосот...без додатни кечапи и пиреа... Супер испадна.
Е сега бешамелот го правев со пола литар млеко али никако нејкеше да се згусти. Ептен течно остана и ме фати малку страв дека ништо нема да испадне
али како што остинуваше полека добиваше на густина.
На крај изрендав и 300-400гр. кашкавал и фатив:
ред лазањи па неколку лажици бешамел па меленото месо и попрскував со кашкавал и така 5-6 пати...на крај одозгора го прелив со бешамелот и покрив со ренданиот кашкавал и в рерна. За 30тина минути беше готово.
Едини минус што некој слоеви останаа прилично суви, лазањите не ја постигнаа таа дебелина не накиснаа. Искористив едно цело пакетче од КАМ 500гр. пакување не се сеќавам али сигурно имаше 20тина листови. а и во предложеното упатство на опаковката пишуваше 2 лажици брашно и маргарин/путер и 450мл. млеко... Зашто ми беше така суво незнам....