Рецепти за шпагети, лазањи и други видови тестенини

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Шпагети Болонезе


- 500 гр. шпагети
- 500 гр. мелено говедско месо
- 800 гр. конзервирани домати
- 2 главици кромид
- 100 гр. пармезан
- магдонос
- 5 чешниња лук
- 2 моркова
- 1 корен од пашканат
- 1 кафена лажица шеќер
- 1 говедска коцка за супа
- 2 дл. црвено вино
- масло за јадење
- сол и црн пипер


На даската за сечење ситно го сечкаме кромидот. На оган ставаме тава за пржење. Во тавата ставаме масло да се загрее. И во тенџерето со зовриена вода на оган додаваме масло. Во второто тенџере со зовриена вода ја ставаме коцката за супа. Исечканиот кромид го собираме во сад и го оставаме настрана. Морковите и коренот од пашканат ги рендаме на покрупната страна на рендето. Изренданиот зеленчук го оставаме на чинија настрана.

На загреаното масло во тавата го ставаме исечканиот кромид да се пржи. Промешуваме. Потоа во тавата го додаваме изренданиот зеленчук. Повторно промешуваме. Зовриената вода во тенџерето ја посолуваме. Во тенџерето ги ставаме шпагетите да се варат. Шпагетите ги притискаме со лажица решетка за да бидат покриени со вода. Содржината во тавата ја посолуваме и ја промешуваме. Потоа со црпалка во тавата налеваме од супата. Ја покриваме тавата со капак и оставаме да се динста. Откако течноста ќе испари го тргаме капакот. Во тавата го додаваме меленото месо. Го ситниме месото со лажица и го мешаме. Ја покриваме тавата со капак. Варените шпагети ги истураме во цедалка. Ги попрскуваме шпагетите со масло за јадење. Во тавата со испржено мелено месо ги додаваме конзервираните домати. Промешуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Посолуваме. Повторно промешуваме. Ја покриваме тавата со капак. Откако течноста ќе испари го тргаме капакот и во тавата го додаваме црвеното вино. Промешуваме. Во тавата ги додаваме со алатка изгмечените чешниња лук. Промешуваме. Уште еднаш налеваме супа. Повторно промешуваме. Магдоносот ситно го сечкаме. Исечканиот магдонос го ставаме на чинија настрана. Во тавата го додаваме шеќерот. Промешуваме. Додаваме пармезан и сечкан магдонос. Ја покриваме тавата со капак.

На чинијата за сервирање ги ставаме шпагетите. Врз шпагетите со црпалка ставаме од болонез сосот. Врз сосот наросуваме пармезан. Украсуваме со ситно сечкан магдонос.

 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Шпагети карбонара


- 500 гр. шпагети
- 200 гр. сланина
- 4 јајца
- 200 гр. павлака
- 300 гр. кашкавал
- 50 гр. путер
- магдонос
- 3 чешниња лук
- сол



Најпрво ги земаме лентите сланина и на даската за сечење ги сечкаме на мали парчиња. Исечканата сланина ја ставаме на една чинија. Потоа од покрупната страна на рендето го рендаме кашкавалот. Изренданиот кашкавал го ставаме во сад настрана. На оган ставаме тенџере со вода да се загрее. Водата ја посолуваме и додаваме масло за јадење. Во тенџерето ги ставаме шпагетите да се варат.
Ги земаме јајцата ги кршиме и ги двоиме жолчките од белките. Жолчките ги додаваме во длабокиот сад со изренданиот кашкавал. Потоа во садот ја додаваме павлаката. Магдоносот го сечкаме и го додаваме во садот со кашкавалот, жолчките и павлаката. Се убаво промешуваме додека не добиеме хомогена смеса.
Тенџерето со шпагетите го тргаме од оган и сварените шпагети ги цедиме со цедалка. Исцедените шпагети ги плакнеме со вода.
На оган ставаме една тава и во неа додаваме путер да се растопи. Кога путерот ќе се растопи ја ставаме исечканата сланина да се пржи. Лукот ситно го сечкаме и го додаваме во тавата со сланината на оган. Промешуваме и ги додаваме исцедените шпагети во тавата. Ги промешуваме шпагетите и сланината. Потоа во тавата го додаваме филот од жолчки, кашкавал и павлака. Еден домат го сечкаме на кришки и со нив ја украсуваме чинијата на која ќе ги служиме шпагетите. Земаме од подготвените шпагети карбонара и ставаме на чинијата за послужување. Врз кришките домат ставаме гранчиња француски магдонос.

 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Шпагети на кинески начин


- 200 гр. тенки шпагети
- 250 гр. пилешки гради
- 100 гр. спанаќ
- 200 гр. сечкани маринирани шампињони
- 200 гр. праз
- 200 гр. тиквичка
- 2 чешниња лук
- 100 мл. соја сос
- 1 кафена лажица ѓумбир
- масло за јадење
- сол и црн пипер


Ја лупиме тиквичката. И чешнињата лук ги лупиме и ги оставаме во сад настрана. Пилешкото месо го сечкаме на долгнавести парчиња и го оставаме на чинија. Стракот праз го сечеме на половина по должина, а потоа на тенки долгнавести парчиња. Парчињата праз ги оставаме на чинија настрана.
Тиквичката ја сечеме на половина, а потоа на тенки плочки. Во тенџере со зовриена вода ги ставаме шпагетите да се варат. Ги притискаме шпагетите за да бидат прекриени со вода. И тиквичката ја сечкаме на тенки долгнавести парчиња и ја оставаме на чинија настрана. Спанаќот го сечкаме и го ставаме на чинија. Откако шпагетите се сварени го тргаме тенџерето од оган. Ги истураме шпагетите во цедалка и ги плакнеме со студена вода. Исцедените шпагети ги ставаме во длабока чинија.
Во вог тава на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло го ставаме пилешкото месо да се пржи. За време на пржењето промешуваме. Чешнињата лук ги сечкаме и ги додаваме во тавата. Испрженото месо со лажица решетка го вадиме од тавата и го ставаме врз шпагетите во чинијата. Во вог тавата ги ставаме парчињата тиквички да се пржат. Промешуваме и ги додаваме парчињата праз. Неколку пати промешуваме за време на пржењето. Откако празот ќе омекне со лажица решетка заедно со тиквичката ги вадиме од тавата и ги ставаме врз месото во чинијата. Во вог тавата ги ставаме шампињоните да се пржат и го додаваме спанаќот. Промешуваме. Во чинијата го додаваме соја сосот и ѓумбирот. Содржината од чинијата ја ставаме во вог тавата. Промешуваме, посолуваме и зачинуваме со мелен црн пипер. Ја тргаме тавата од оган. Од шпагетите на кинески начин ставаме на чинија за сервирање.

 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Шпагети со туна


- 400 гр. шпагети
- 1 конзерва туна
- 400 гр. конзервиран домат
- босилок
- 100 гр. пармезан
- 2 чешниња лук
- магдонос
- маслиново масло
- масло за јадење
- 50 мл. бело вино
- сол и црн пипер



Зовриената вода во тенџере на оган ја посолуваме. Потоа во тенџерето ги ставаме шпагетите да се варат. Ги потопуваме за шпагетите да бидат покриени со вода. Во тава за пржење на оган ставаме масло за јадење и маслиново масло. Чешнињата лук ги лупиме и ги гмечиме. Потоа лукот го ставаме во загреаното масло во тавата, малку да се запржи. Го вадиме лукот од тавата и го ставаме во сад настрана. Во тавата го ставаме конзервираниот домат. Босилокот ситно го сечкаме. Исечканиот босилок го додаваме во тавата на оган. Промешуваме, посолуваме, го додаваме белото вино и зачинуваме со мелен црн пипер.
За време на варењето шпагетите ги промешуваме. Туната ја дробиме и ја додаваме во тавата на оган.
Тенџерето со сварените шпагети го тргаме од оган и шпагетите ги процедуваме. Потоа шпагетите ги плакнеме со вода и ги додаваме во тавата на оган. Промешуваме. Магдоносот го сечкаме. Исечканиот магдонос го додаваме во тавата пред крајот на динстањето.
Тавата ја тргаме од оган и од готовите шпагети со туна ставаме на чинија за сервирање. Одозгора наросуваме сечкан магдонос и пармезан.

 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Запечени домати со шпагети

- 200 гр. шпагети
- 1 домат
- 1 модар патлиџан
- 70 гр. кашкавал
- лебни трошки
- 2 јајца
- половина главица кромид
- 50 гр. путер
- 200 мл. павлака
- маслиново масло
- сол и црн пипер



Модриот патлиџан го лупиме, а потоа го сечкаме на коцки. Коцките модар патлиџан ги посолуваме, а потоа ги валкаме во брашно. На оган ставаме тава за пржење и во неа ставаме маслиново масло да се загрее. Зовриената вода во тенџере на оган ја посолуваме. Во водата ги ставаме шпагетите да се варат. Во загреаното масло ги ставаме коцките модри патлиџани да се пржат.
Кромидот ситно го сечкаме. Испржените модри патлиџани ги вадиме на чинија. На оган ставаме друга тава за пржење и во неа маслиново масло да се загрее. Потоа во тавата го ставаме кромидот да се пржи. Сварените шпагети ги истураме во цедалка и ги плакнеме со вода. Доматот го сечкаме на кругови, а круговите на коцки кои ги додаваме во тавата со кромид. Промешуваме, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Повторно промешуваме и во тавата ги додаваме испржените коцки модри патлиџани.
Во огноотпорен сад редиме еден слој шпагети, а врз нив содржината од тавата за пржење. Потоа редиме уште еден слој шпагети. Во поголем длабок сад ја ставаме павлаката и ја мешаме со жица за матење. Во павлаката ги кршиме двете јајца и повторно промешуваме со жицата. Кашкавалот го рендаме на покрупната страна од рендето и го додаваме во садот. Повторно промешуваме со жицата додека смесата не се соедини и со смесата ги преливаме шпагетите во огноотпорниот сад. Одозгора ставаме неколку коцки путер и наросуваме лебни трошки. Огноотпорниот сад го ставаме во рерна. Печеме 20- тина минути на температура од 225 степени.
Откако запечените патлиџани ќе поруменат го вадиме огноотпорниот сад од рерна и го ставаме на работната маса. Сечеме поголеми коцки, а секоја коцка ја ставаме на чинија за послужување. Гарнираме со топка павлака и 2 гранчиња магдонос.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Шпагети со модар патлиџан


потребни состојки:

- 400 гр. шпагети
- 1 модар патлиџан
- 400 гр. пилешки дроб
- пармезан
- 200 гр. сос од домати
- 1 лажица доматно пире
- црвен пипер
- маслиново масло
- сол и црн пипер

подготовка:

Модриот патлиџан го лупиме. На оган ставаме тава и во неа маслиново масло да се загрее. Излупениот модар патлиџан го сечеме на половина, а потоа на тенки плочки. Парчињата модар патлиџан ги ставаме во тавата да се пржат. Откако ќе се испржат од едната страна ги превртуваме, ги посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер. Испржениот модар патлиџан го вадиме на чинија. На даската за сечење пилешкиот дроб го сечкаме и го ставаме да се пржи во истата тава во која се пржеа модрите патлиџани. За време на пржењто пилешкиот дроб го промешуваме, го посолуваме и го наросуваме со мелен црн пипер. Повторно промешуваме и во тавата го додаваме сосот од домати, 1 лажица доматно пире и црвен пипер. Зовриената вода во тенџерето на оган ја посолуваме и во неа ги ставаме шпагетите да се варат. Испржените парчиња модри патлиџани ги сечкаме на парчиња по должина и ги додаваме во тавата. Шпагетите во тенџерето ги притискаме со лажица за да бидат прекриени со вода за време на варењето. Сварените шпагети ги тргаме од оган. Ги цедиме во цедалка и ги плакнеме со ладна вода. Потоа шпагетите ги додаваме во тавата и промешуваме. Готовите шпагети со модар патлиџан ги ставаме на чинија за сервирање и ги наросуваме со пармезан.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica] Тестенини со спанаќ и бадеми

- 500 гр. тарана
- 500 гр. спанаќ
- 100 гр. бадеми
- 100 гр. суво грозје
- 3 чешниња лук
- 2 китки млад кромид
- масло за јадење
- сол и црн пипер


Водата во тенџерето на оган ја посолуваме. Го покриваме тенџерето со капак. На даската за сечење младиот кромид ситно го сечкаме. Исечканиот кромид го оставаме на чинија настрана. Чешнињата лук ситно ги сечкаме. Исечканиот лук го оставаме во сад настрана. Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Потоа во тавата ги додаваме исечканиот кромид и лук. Промешуваме и оставаме да се пржат.
Претходно исчистениот и измиен спанаќ го сечкаме. Исечканиот спанаќ го додаваме во тавата на оган. Промешуваме. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Повторно промешуваме. Во тавата го додаваме сувото грозје. Промешуваме. Ја покриваме тавата со капак. На работната маса ги толчиме бадемите. Истолчените бадеми ги собираме во сад. Потоа бадемите ги додаваме во тавата на оган. Тараната ја ставаме во тенџерето со зовриена вода на оган Содржината во тавата ја промешуваме. Ја покриваме тавата со капак. Сварената тарана од тенџере ја ставаме во цедалка. Ја плакнеме тараната со студена вода. Од цедалката тараната ја префрламе во длабок сад. Во садот додаваме масло за јадење. Потоа тараната ја додаваме во тавата на оган. Промешуваме. Ја тргаме тавата од оган и ја ставаме на работната маса. Со лажица решетка тестенините со спанаќ и бадеми ги ставаме на чинија за сервирање.
[/FONT][/FONT]
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]Тестенини пинели

потребни состојки:

- 350 гр. макарони
- 1 тиквичка
- 200 гр. сечкани маринирани шампињони
- 2-3 лажици пармезан
- 2 чешниња лук
- магдонос
- 1 коцка за супа
- маслиново масло
- сол и црн пипер

подготовка:

Водата во тенџерето на оган ја посолуваме. Во зовриената вода ги ставаме макароните да се варат. Во другото тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме Кнор коцката да се вари супа. На оган ставаме тава за пржење и во неа маслиново масло да се загрее. Чешнињата лук ги сечкаме и ги ставаме во тавата на оган да се пржат. Тиквичката ја лупиме и ја сечеме на половина. Во тавата ги ставаме шампињоните да се пржат и промешуваме. Тиквичката ја сечкаме на полукругови. Ги додаваме парчињата тиквичка во тавата и промешуваме. И макароните во тенџерето ги промешуваме. Во тавата наросуваме мелен црн пипер. Ги вадиме парчињата лук од тавата. Потоа со црпалка додаваме од супата во тавата и промешуваме. Магдоносот ситно го сечкаме. Исечканиот магдонос го собираме во сад. Тенџерето со варените макарони го тргаме од оган и ги истураме макароните во цедалка. Исцедените макарони ги додаваме во тавата на оган и промешуваме. Во тавата го додаваме исечканиот магдонос и повторно промешуваме. Посолуваме. Го додаваме пармезанот и промешуваме. Ја тргаме тавата од оган. Содржината од тавата со лажица ја ставаме на чинијата за сервирање.
[/FONT][/FONT]
 

123

Член од
20 април 2005
Мислења
2.156
Поени од реакции
8
500gr spageti so varat. Otkako ke se svarat se cedat i kratko se mijat pod mlaz ladna voda, se vrakaat nazad vo tendzereto i se posoluvaat.
Vo edno gjezve se stava golema lazica margarin ili puter i se stava na ringla da se rastopi i mu se dodavaat dve cesninja tolcen luk. Ova se istura vrz varenite spageti i se mesa.
Vaka spremenite spageti se jadat so pesto ili kecap.:)
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Лазањи со пилешко и шапмињони

потребни состојки:

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]- 1 пакување лазањи
- 350 гр. пилешко месо
- 50 гр. кашкавал
- 100 гр. путер
- 100 гр. сечкани маринирани шампињони
- 2 дл. млеко
- 1 главица кромид
- 2 лажици брашно
- оригано
- масло за јадење
- сол и црн пипер
[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]
[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]подготовка:

[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Во тенџере со вода на оган додаваме масло и посолуваме. Ја посолуваме и водата во второто тенџере на оган. Во второто тенџере го ставаме пилешкото месо да се вари. Во првото тенџере ги ставаме да се варат лазањите. Кромидот ситно го сечкаме. И шамињоните ситно ги сечкаме. На ситната страна од рендето го рендаме кашкавалот. Тенџерето со свареното пилешко месо го тргаме од оган. Во тава за пржење на оган ставаме путер да се растопи. Додаваме масло за јадење и мешаме за путерот побрзо да се растопи. Во тавата додаваме две лажици брашно и мешаме додека не се испржи. Пилешкото месо го вадиме од тенџерето и го ставаме во сад настрана. Во тавата на оган го додаваме млекото и мешаме со жица за матење. Посолуваме, промешуваме со жицата и тавата со бешамел сосот ја тргаме од оган. И тенџерето со сварени лазањи го тргаме од оган. Содржината ја истураме во цедалка и лазањите ги плакнеме со студена вода. Во тава за пржење на оган го ставаме исечканиот кромид, додаваме масло и промешуваме.
На даската за сечење свареното пилешко месо ситно го сечкаме. Кромидот во тавата го промешуваме. Ги додаваме исечканото месо и шампињоните. Промешуваме, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Откако месото ќе се испржи во тавата додаваме една лажица оригано и го исклучуваме огнот. Огноотпорниот сад го попрскуваме со масло за јадење. Со четка ја намрснуваме целата внатрешност на садот. Дното на огноотпорниот сад го прекриваме со претходно сварените лазањи. Врз лазањите нанесуваме од филот од месо и шампињони. Врз филот редиме нов ред лазањи, а врз нив ставаме од бешамел сосот. Со лажица го размачкуваме бешамелот, а врз него ставаме од филот. Магдоност ситно го сечкаме и го додаваме во огноотпорниот сад. Повторно редиме еден ред од лазањите и го нанесуваме преостанатиот фил. Врз филот редиме лазањи, а врз лазањите преостанатиот бешамел сос. Го размачкуваме бешамелот по целата површина. Одозгора попрскуваме со масло за јадење. Го ставаме огноотпорниот сад во рерна. Печеме 25 минути на 225 степени. Го вадиме огноотпорниот сад од рерна. Врз испечените лазањи го наросуваме изренданиот кашкавал. Го враќаме садот во рерна и печеме додека лазањите не се заруменат. Го вадиме садот од рерна. Со нож Лазањите со пилкешко и шампињони ги сечеме на парчиња. Парчињата лазањи ги редиме на чинија за сервирање. Украсуваме со гранчиња француски магдонос и кришки домат.
[/FONT]
 
Член од
22 јули 2005
Мислења
2.198
Поени од реакции
11
zemete edno paketce spagti i svarete gi.otkako ke gi svarite ubavo mesajte i dodavajte vegeta.vo zagreano tavce zemete solena hopla i stavete ja.mesajte i postepeno dodavajte iseckana slanina i vegeta i sol.otkako ke se zgusne,stavete iseckan svinski vrat,kaskaval (no mnogu malku,ne premnogu) i dve lazici majonez,povtorno mesajte na ringla.otkako malce ke se izladi posipete vrz spagetite,definitivno nema poubavo jadenje od ova-spored mene se davam vo ova mh mh mh...
 
Член од
9 јуни 2005
Мислења
5.982
Поени од реакции
18
ЛАЗАЊИ СО ТИКВИЧКИ


За подготовка на ова предјадење за 4 лица потребни ви се следниве производи:
- 2 кутии лазањи
- 2 тиквички
- 200 гр. кашкавал
- 200 гр. сирење
- 150 гр. путер
- рендано морско оревче
- 300 мл. хопла
- 200 мл. млеко
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова предјадење е 50- тина минути.

Парчето путер го дробиме во садот. Потоа путерот го ставаме во тава за пржење на оган. Мешаме за путерот побрзо да се растопи. Во растопениот путер го додаваме брашното. Непрекинато мешаме додека брашното не се испржи. Во тавата го додаваме и млекото. За цело време мешаме. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Повторно промешуваме. Во тавата го додаваме ренданото морско оревче. Уште еднаш промешуваме.

Лазањите ги ставаме да се варат во тенџере со зовриена вода на оган. Во друго тенџере налеваме вода. И ова тенџере го ставаме на оган. Ја посолуваме водата. Во тенџерето во кое се варат лазањите додаваме масло за јадење. Сварените лазањи со лажица решетка ги вадиме од тенџерето и ги ставаме на чинија. Тиквичките ги лупиме. Потоа на даската за сечење излупените тиквички ги лупиме на тенки кругови. Круговите тиквички ги собираме на чинија. Потоа ги ставаме да се варат во тенџерето со посолена вода на оган. Земаме еден огноотпорен сад и го намрснуваме со путер. Во садот редиме од сварените лазањи. Врз лазањите на покрупната страна од рендето рендаме сирење. Варените тиквички со лажица решетка ги вадиме од тенџерето и ги ставаме во цедалка. Тавата со бешамел повторно ја враќаме на оган. Во тавата додаваме уште млеко, за да го разредиме сосот. Промешуваме. Ја тргаме тавата од оган и ја ставаме на работната маса. Потоа од бешамел сосот ставаме во огноотпорниот сад. Врз бешамелот редиме кругови тиквички. Потоа повторно редиме еден ред лазањи. Врз лазањите го ставаме преостанатиот бешамел сос. Врз бешамел сосот на крупната страна од рендето рендаме кашкавал. Повторно редиме еден ред тиквички. Врз тиквичките ставаме ред лазањи. Врз лазањите ставаме бешамел сос. Врз бешамел сосот рендаме сирење. Потоа повторно редиме ред лазањи. Врз лазањите ставаме бешамел сос. Врз сосот ги ставаме преостанатите тиквички. Последниот ред го правиме од преостанатите лазањи. Потоа во огноотпорниот сад ја ставаме хоплата. Со готварска лопатка ги притискаме краевите на лазањите. Огноотпорниот сад го ставаме во рерна. Печеме 30- тина минути на максимална температура. Го вадиме огноотпорниот сад од рерна и го ставаме на работната маса. Со нож ги одлепуваме краевите на лазањите од огноотпорниот сад. Потоа лазањите со тиквички ги сечеме на поголеми коцки. Две парчиња ставаме на чинијата за сервирање.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете бело вино.

Добар апетит.
 
Член од
9 јуни 2005
Мислења
5.982
Поени од реакции
18
ЛАЗАЊИ ЕМИЛИЈАНО



За подготовка на ова предјадење за 4 лица потребни ви се следниве производи:
- 300 гр. лазањи
- 1 кг. спанаќ
- 250 гр. шунка
- 250 гр. кашкавал
- 150 гр. пармезан
- 2 главици кромид
- 4 лажици брашно
- еден путер
- 1 литар млеко
- сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова предјадење е 60- тина минути.

Во тенџере на оган го ставаме путерот и мешаме за побрзо да се растопи. Во растопениот путер го додаваме брашното и непрекинато мешаме со лажица. Ја тргаме лажицата и непрекинато мешајќи со жица за матење во тенџерето додаваме 1 литар млеко.

Во зовриената вода во тенџерето ги ставаме лазањите да се варат. Бешамелот во тенџето го промешуваме. Посолуваме и зачинуваме со мелен црн пипер. Повторно мешаме со жицата и откако бешамелот ќе ја добие потребнта густина го тргаме тенџерето од оган.

На оган ставаме тава за пржење и во неа масло за јадење. На даската за сечење кромидот ситно го сечкаме. Исечканиот кромид го ставаме да се пржи во тавата. Лазањите ги промешуваме во тенџерето. Спанаќот го сечкаме и го додаваме во тавата. Промешуваме. Посолуваме и зачинуваме со мелен црн пипер. Повторно промешуваме.

Шунката ја сечеме на тенки кругови. Кашкавалот го сечеме на тенки парчиња. Бешамелот го мешаме со жица за матење. Во тава за печење намрснета со путер редиме еден ред неварени лазањи. Потоа врз нив со црпалка ставаме бешамел сос и го рамниме. Врз бешамелот ставаме спанаќ. Врз спанаќот наросуваме пармезан. Сварените лазањи со лажица решетка ги вадиме од тенџерето и ги ставаме во цедалка. Земаме едно парче од лазањите. Врз него ставаме еден круг шунка и едно парче кашкавал. Од ова виткаме ролат кој го ставаме во тавата. Постапката ја повторуваме додека не ја наполниме тавата. Потоа во тавата со црпалка повторно ставаме од бешамел сосот. Врз бешамелот ставаме спанаќ. Врз спанаќот наросуваме пармезан. Потоа повторно редиме еден ред неварени лазањи. Врз лазањите повторно ставаме бешамел сос. Сосот го рамниме, а врз него наросуваме пармезан.
Потоа во тавата го рендаме преостанатиот кашкавал. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 40-тина минути на температура од 250 степени. Откако лазањите ќе поруменат ја вадиме тавата од рерна и ја ставаме на работната маса. Едно поголемом парче лазањи Емилијано ставаме на чинија за сервирање.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете бело вино.

Добар апетит.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom