Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.868
Поени од реакции
36.915
Ne e problem toa. Si ima britanija pazari vo komonveltot, vo azija, afrika.... Sekade se oni, najmal problem e da izdrzat. Kolku sto saka britanija evropski pazar tolku i evropa go saka nivniot. Ke se potpisat pak dogovori ne e problem, koga makedonija ili avstralija moze ne e problem za britanija. Za niv ova e dobro, moze da ima mala nestabilnost godina dve ama na podolg rok se vo kjar.

Gi zalam bugarite i romancite tamu. Koj se snasol super koj me ke go jade sega
50% од извозот им е на европскиот пазар.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Неочекуван резултат, големи промени и турбулениции ќе следат, и за Британија и за Европа.

Првите последици се тоа што Камерун е политички мртов, а Борис и Фараџ најмногу ќе ќарат од исходот.
Второ, доаѓаат нови проблеми со Шкотска, ако Британците толку сакаат раздружување, ќе добијат и повеќе од што им треба. Предвидувам до 2020 да не постои UK.

За последиците за Европа рано е да се каже, разводот е долг и тежок процес кој трае две години, со преговори меѓу Британија и земјите членки на ЕУ, многу работи може да се случат.

Инаку резултатите од референдумот не се обрзувачки, но само луд човек не би го спровел тоа што мнозинството го побара.

Французите се среќни во моментов, едвај чекаа да се отерасат од стариот ривал, ако преживее ЕУ, тие и Германија ќе бидат главните играчи.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Лондонското сити е мртво ,да живее Франкфурт. :)
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Опааааааа ова е веќе нова ситуација. За добро утро :D. Ќе биде интересноооо, ќе бидеее :).
Ејјј Борис Џонсон фраер еј...кај е тоа црното педерче градоначалник на Лондон да глуми фраер сега. Камерон е завршена приказна после референдумов. Ќе биде јако :).
 
Последно уредено:

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Британците треба да се научат да берат jaгоди и наредните денови ке биде добро да се купува от британските веб саjтови :)
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.029
Поени од реакции
7.131
Неочекуван резултат, големи промени и турбулениции ќе следат, и за Британија и за Европа.

Првите последици се тоа што Камерун е политички мртов, а Борис и Фараџ најмногу ќе ќарат од исходот.
Второ, доаѓаат нови проблеми со Шкотска, ако Британците толку сакаат раздружување, ќе добијат и повеќе од што им треба. Предвидувам до 2020 да не постои UK.

За последиците за Европа рано е да се каже, разводот е долг и тежок процес кој трае две години, со преговори меѓу Британија и земјите членки на ЕУ, многу работи може да се случат.

Инаку резултатите од референдумот не се обрзувачки, но само луд човек не би го спровел тоа што мнозинството го побара.

Французите се среќни во моментов, едвај чекаа да се отерасат од стариот ривал, ако преживее ЕУ, тие и Германија ќе бидат главните играчи.
Резултатот баш беше очекуван.Сите анкети како и тие во Македонија беа лажни, се со цел да се влијае психички врз гласачите, е ако тука успева, кај Британците не пали.Јасно е како ден, крајната десница победува на сите фронтови, ви се допаѓало тоа или не.Како што кажа младата Ле Пен, не е прашање дали ЕУ ќе пропадне, туку кога.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
А зошто мислиш дека со крајната десница на власт ЕУ ќе пропадне, може само ќе се трансформира, ќе се врати во првобитната форма, економска заедница, што можеби на крај е подобро за сите.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.868
Поени од реакции
36.915
Фунтата бележи најголем one day fall во нејзината историја. Гувернерот на Bank of England се очекува да се обрати во секој момент и да повика на стабилизирање на пазарот.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.302
Поени од реакции
1.811
Со среќа на Британија, незнам дали да се радувам или не, но во секој случај е чекор напред кон тоа што престои. Доста активно ја пратев кампањата особено на крајот, работите таму ми изгледаат дека не се спонтани исто како и шарените во Украина и Скопје. Како прво од некаква причина Британија не влезе во евро зоната за општа валута Евро кое е јасен знак дека уште од тогаш планирале нешто.
Тие изјави на Камерон други политичари за останување во ЕУ и не значат ништо, политичарот може да зборува едно, мисли второ и прави трето, тоа не значи дека сите политичари знаат за целата таа конспирација и "заговорничат" но политиката е пирамида и доволно е само врвот да знае и движи определени процеси.
Второто е првата власт кукловодите, сите тие се сопствениците на екзитпол агенциите, сите медии и дел од политичарите, така да однапред ја знаат веројатноста за резултатот од референдумот и го имаат главниот лост за влијание медиумите. Од последнава недела може да сте забележиле дека неколку медии се приклучија во кампањата за Брекзит, поставете си прашање дали некој новинар може да ја промени медиумската политика на А1, Телма или Сител, се разбира дека неможе, тоа го прави само сопственикот, убеден сум дека целиот овој циркус е планиран од НСР.
Мојата прогноза е слична со таа на ВСВ, од некаква причина Швајцарија, Англија и САД се со специјален статут кај кукловодите, Англија ќе седи на страна а Фашистите од ЕУ ќе треба да го почнат походот на Исток, целата таа русофобија која ја прават во ЕУ не е случајна или за курташак, веќе сериозно се дрнка со оружје., Градат разни ракетни штитови против "Иран, Северна Кореја" ;), Литва ја врати редовната армија, во Полска, Украина веќе воскресна фашизмот, Романија Турска и Бугарија прават Црно морска флота, уште во 2014 имаше една аналитика на 'Александар Собјанин' стратегиско планирање таму даваше рок од три години за старт на војната , така да останува стартот да е во 2017 година. Не случајни се тие шарени револуции во Црна Гора, сега и во Скопје, сеуште не ми е точно јасно како го планираат се тоа но факт е дека собираат колонијална армија за источен фронт, особено од источна европа.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.029
Поени од реакции
7.131
А зошто мислиш дека со крајната десница на власт ЕУ ќе пропадне, може само ќе се трансформира, ќе се врати во првобитната форма, економска заедница, што можеби на крај е подобро за сите.
ЕУ е тоа што е , од 1992 официално 1993.Тој вид на функционирање е мртов, само се чека на погребот.Враќање на првобитната ЕЕЗ и тој начин на функционирање никој не го отфрла.А ако гледаме економски и на секој друг начин, најдобар договор до сега што функционира без никакви проблеми е ЕФТА (Швајцарија,Норвешка,Исланд,Лихтенштајн)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
ЕУ е тоа што е , од 1992 официално 1993.Тој вид на функционирање е мртов, само се чека на погребот.Враќање на првобитната ЕЕЗ и тој начин на функционирање никој не го отфрла.А ако гледаме економски и на секој друг начин, најдобар договор до сега што функционира без никакви проблеми е ЕФТА (Швајцарија,Норвешка,Исланд,Лихтенштајн)
Tука се согласуваме, целосно расцепкување, без заеднички пазар и без слободно движење на стоки и капитал ќе ја уништи и така кревкта економија на континентот, враќање на ЕЕЗ е најдобро за сите и прием на сите земји од европа (вкуличтелно и ние) во ЕЕЗ без многу преговори.

Добро осестување е овој референдум на главешините во Брисел, кој премногу време ја имаа забодено главата во песок игнорирајќи ги вистинските проблеми, бавејќи се со некои маргинални работи и маргинални заедници, заборавајќи го мнозинството на своите граѓани.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Французите се среќни во моментов, едвај чекаа да се отерасат од стариот ривал, ако преживее ЕУ, тие и Германија ќе бидат главните играчи.
Во се се согласувам со постот освен во делот дека Франција и Германија ќе бидат главните играчи. Ова е домино ефект. Во следните години ќе видиме како една по една држава си одржува референдум. Франција нема никаква улога, Германија е политички и дипломатски патуљак. Играч Германија може да глуми на мали држави како нас. Иначе се тацноносачи исто како Франција.
Франција нека си го поврати интегритетот на држава. После настаните у Париз не личат на ништо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom