Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

Z

zmej gorjanin

Гостин
It seems Great Britain won't be that great after all. Не се ни сомневав дека нема да дозволат да се случи такво нешто. Дури и 90% да се за излез. Не е мала работа Обама да ти дојде и да те убедува зошто е добро за тебе да бидеш дел од ЕУ, исто ко пред 10 - 12 години кога дојде еден тука што вртеше со стрелките од саатот. Богами фуфка од Путин. Како и да е, секој си ја заслужува земјата во која живее, така да со среќа у новиот мулти-култи калифат ЕУ.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Далеку е ова од готово. Стигнаа некои резултати од области каде што се очекуваше убедлива победа на про ЕУ кампањата, но добија само маргинална победа. Коефициентот на анти ЕУ страната полека расте. Може некој циркус да видиме.[DOUBLEPOST=1466722840][/DOUBLEPOST] Untitled.jpg
 
Последно уредено:
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Дајте BBC во живо.
Иначе исходот е познат џабе ќе останувам да гледам.
Чим е тесно ќе биде исто како со Шкотите. Кај даваат банкарине и онаа кралицана да има такви тектонски поместувања бе. Неуспешен референдум у Шкотска, неуспешен за излез од Еу и обезбедени се за 50 години да им бидат тацноносачи на Америте.
Цц кај што стапнаа трева не никнува бе. Напален бев за Шкотскиот референдум и ептен ми беше криво што не успеа (има големи индиции дека е наместен). И ова е битно ама исходот е познат.
Џабе не даваат и тоа е тоа. Чим Обама ти испраќа порака, чим Камерон рече ќе гласа за останување исходот е познат.
Исто ко она бабиштено кога излезе за Шкотскиот референдум и отворено се закани ''ќе сносите последици ако гласате за сопствена држава''.
Глумење демократија. Помали држави во светов можат часови да и предаваат на Британија за демократија.
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
302
Поени од реакции
164

http://www.bbc.com/news/uk-politics-eu-referendum-36612368
tuka ke najdes stream live od bbc vo zivo
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Њукасл тесно. За останување 1% разлика, Сандерленд прегазување...61% за Leave.
Ова дека се ривалски градови намерно Њукасл им оди контра. :D
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541
It seems Great Britain won't be that great after all. Не се ни сомневав дека нема да дозволат да се случи такво нешто. Дури и 90% да се за излез. Не е мала работа Обама да ти дојде и да те убедува зошто е добро за тебе да бидеш дел од ЕУ, исто ко пред 10 - 12 години кога дојде еден тука што вртеше со стрелките од саатот. Богами фуфка од Путин. Како и да е, секој си ја заслужува земјата во која живее, така да со среќа у новиот мулти-култи калифат ЕУ.
Им фуфка - тоа ќе да е.

Инаку, тој часовничарот кој ни` измислуваше топла вода во 2004 година кога ги охрабруваше Македонците на референдумот во ноември 2004 или да гласаат против задржување на тогашната територијална организација на локалната самоуправа, или уште подобро, воопшто да не гласаат на референдумот, е Денис Мекшејн, кој тогаш беше министер за односи со Европа во тогашната британска влада предводена од страна на Лабуристичката Партија на Велика Британија на чело со Тони Блер.

Но часовничарот Мекшејн заврши зад решетки кон крајот на 2013 година, откако призна вина на суд за проневера на финансиски средства со поднесување на лажни сметководствени документи, поради што заработи 6 месечна затворска казна.

Се разбира, ако не ја признаеше вината, Мекшејн ќе заработеше многу поголема затворска казна, бидејќи конкретните докази против него беа неоспорливи.

Но убаво е да се гледа кармата на дело, во 2004 година Британците на нас ни` солеа памет, а во 2016 година на нив памет им солеше поранешниот адвокат со одземена адвокатска дозвола наречен Барак Хусеин Обама.

И исто како што и нашите предци го прифатија советот на британски измамник - јас бев малолетен и немав право на глас во 2004 година, поради што не чувствувам никаква одговорност за неуспехот на референдумот од ноември 2004 - така и Британците го прифатија советот на неуспешен и недокажан американски правник.

Ако не за ништо друго, барем ние Македонците ќе имаме некаква сатисфакција од ваквите игранки на кармата.

Имено, бидејќи веќе сме петок, 24 јуни 2016, веќе денеска треба да започне дебатата за основање на Европска Армија, па можеби уште денес Британците ќе почнат да го примаат цехот за изборот кој го направија.

И јас им посакувам убав живот во новиот мулти-културален калифат наречен ЕУ, кој се стреми кон тоа да мутира во СЕД (Соединети Европски Држави). Па што е можно поскоро нека им се придружи и Турција во мулти-културалниот калифат СЕД, па ќе одиме во Лондонистан на турска баклава.

А бидејќи Владимир Путин и Русите имаат 70 годишно искуство со еден експеримент многу сличен на ЕУ/СЕД, кој се викаше Советски Сојуз/СССР, ако воопшто некој во Русија заплака поради резултатите од овој референдум, тоа сигурно ќе биде исклучиво поради смеа или поради жалење на Британците, а не бидејќи Велика Британија нема да излезе од ЕУ.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.393
Глумење демократија. Помали држави во светов можат часови да и предаваат на Британија за демократија.
Да ако тие земји се Норвешка и Финска,дефинитивно можат. Британија им даде можност на Шкотите сами да одлучат за нивната земја,по демократски здравје. Во едно не толку демократско опшество барањето за отцепување однесе 200 000 жртви.
 
G

Goldie

Гостин
Тука може да ги пратите резултатите http://www.theguardian.com/politics/ng-interactive/2016/jun/23/eu-referendum-live-results-and-analysis
Моментално 53 % во корист на испаѓање од ЕУ сепак сеуште е рано, многу малце од гласовите се пребројани

Professor John Curtice has told the BBC that turnout in London seems to be 2 or 3% lower than expected, based on figures in so far. That might be the result of terrible rain we had in the capital. If so, this is bad for remain, which counts London as a stronghold.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Не верував дека ќе бидат во предност Brexit и дека аналитичариве ќе ги стават како фаворити за победа мада рано е уште да се каже иако земаа залет Brexit од последниве гласачки места.
Во Лондон, Remain не тепаа како што очекуваа, во Њукасл и Сандерленд го јадеа и еве сега во Свонси каде што очекуваа 55% подршка добија само 48%. А не се ни нешто поарни во другите области, резултати од последниве 10 места дали на 2 добија Remain.

Ќе биде покољ до самиот крај :popce:
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.383
Држ се уште мааалку... пола милион разлика константно за Излез... Цела Шкотска е преброена веќе.. Квотите на бет365 у живо си зборуваат сами за себе, @1.083 за Leave @8 за Remain.
 
Channar

гастроентерохепатолог
Член од
3 јуни 2011
Мислења
199
Поени од реакции
255
Дечки ај набрзина некој поинформиран у кратки црти да објасни што би значело ако изгласаат Leave? То ест кој ќе биде импактот врз ЕУ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom