Со среќа на Британија, незнам дали да се радувам или не, но во секој случај е чекор напред кон тоа што престои. Доста активно ја пратев кампањата особено на крајот, работите таму ми изгледаат дека не се спонтани исто како и шарените во Украина и Скопје. Како прво од некаква причина Британија не влезе во евро зоната за општа валута Евро кое е јасен знак дека уште од тогаш планирале нешто.
Тие изјави на Камерон други политичари за останување во ЕУ и не значат ништо, политичарот може да зборува едно, мисли второ и прави трето, тоа не значи дека сите политичари знаат за целата таа конспирација и "заговорничат" но политиката е пирамида и доволно е само врвот да знае и движи определени процеси.
Второто е првата власт кукловодите, сите тие се сопствениците на екзитпол агенциите, сите медии и дел од политичарите, така да однапред ја знаат веројатноста за резултатот од референдумот и го имаат главниот лост за влијание медиумите. Од последнава недела може да сте забележиле дека неколку медии се приклучија во кампањата за Брекзит, поставете си прашање дали некој новинар може да ја промени медиумската политика на А1, Телма или Сител, се разбира дека неможе, тоа го прави само сопственикот, убеден сум дека целиот овој циркус е планиран од НСР.
Мојата прогноза е слична со таа на ВСВ, од некаква причина Швајцарија, Англија и САД се со специјален статут кај кукловодите, Англија ќе седи на страна а Фашистите од ЕУ ќе треба да го почнат походот на Исток, целата таа русофобија која ја прават во ЕУ не е случајна или за курташак, веќе сериозно се дрнка со оружје., Градат разни ракетни штитови против "Иран, Северна Кореја"

, Литва ја врати редовната армија, во Полска, Украина веќе воскресна фашизмот,
Романија Турска и Бугарија прават Црно морска флота, уште во 2014 имаше една аналитика на 'Александар Собјанин' стратегиско планирање таму даваше рок од три години за старт на војната , така да останува стартот да е во 2017 година. Не случајни се тие шарени револуции во Црна Гора, сега и во Скопје, сеуште не ми е точно јасно како го планираат се тоа но факт е дека собираат колонијална армија за источен фронт, особено од источна европа.