Ресторани во Скопје

Дискусија во форумот 'Гурманско катче' започната од Iris, 13 септември 2005.

  1. LustingVertigo

    LustingVertigo Puppets. I pull their strings,they dance.

    Член од:
    1 декември 2017
    Мислења:
    145
    Допаѓања:
    43
    Порции од по 600,700,800 денари.Аман каква плата зема просечен македонец за да си дозволи такви деликатеси.Ццц.
     
  2. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    25.835
    Допаѓања:
    30.269
    Добро, некад ќе си дозволиш да пробаш. Нема секој ден такви да јадеш.
     
    На Bafra му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    21.079
    Допаѓања:
    31.382
    Скапо им е за една таква порција да платат еднаш во неделата, а за цигари да ги дадат истите пари не е скапо.

    Sent from my Mi A1 using Tapatalk
     
    На Beric Dondarrion, Skorp и Tonchie им се допаѓа ова.
  4. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    25.835
    Допаѓања:
    30.269
    Бев втор-трет пат у животов у оноа Скара-Бар и можам да кажам дека стварно е добро и вреди за сите пари (а не се многу, во споредба со други ресторани). Внимаваат на секакви ситници, што ретко се среќава во ресторани.
    И Форца и тој ресторан ми се блиску, а у Форца сум бил милион пати. Сега тоа ќе се смени.
     
    krkac, marinetti, Skorp и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    25.835
    Допаѓања:
    30.269
    Џино бев сеа и стандардно добро, обилно, али релативно скупо.
    На пример, нарачав супа од школки (знаев дека се обилни оброците и пазев ништо друго големо да не нарачам, само странични ствари) и беше обилна како да е главно јадење. Школките не се од тие стандардни што ги носат по сите ресторани (а веројатно и по Веро и Рамстор истите ги носат), него беа/делуваа свежи поинакви, поголеми, со тој специфичен морски свеж вкус кој го имаат школки кога ги јадеш у Хрватска/Грција у ресторан или другде на море. А количина како што е количина у порции главно јадење - школки, другде. Ракчињата исто, се гледаше дека се свежи и таков вкус имаа.
    Генерално кај нас не треба школки и ракчиња да се нарачуваат, пошто колку може да се свежи. Ова ми е прв пат у ресторан да ја почуствувам таа свежина што ја чувствувам кога ги јадам тие стваи на море. Може баш сеа им стигнале, кој ќе знае.
     
    На Bafra и Skorp им се допаѓа ова.
  6. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    25.835
    Допаѓања:
    30.269
    Гурме. Gourmet
    Бев прв-пат. Бифтекот на жар не беше среден накај жив (како што нарачавме), туку среден. Мада, тоа е субјективно и можда затоа забелешката е нерелевантна. Како и да е минорна е тоа работа.
    Бифтекот беше одличен, меѓу подобрите то сум ги пробал.
    Се заебавме што не видовме дека Италијанската салата беше со дресинг и ценам дека тоа му сметаше на вкупното доживување. Неќам дресинзи коа јадам бифтек, зелено сакам, свежо.
     
    Последно уредено: 9 март 2019
    На krkac, Skorp и Ilumious им се допаѓа ова.
  7. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    25.835
    Допаѓања:
    30.269
    Маракана
    Ох Боже...
    Цените им се до небо. На пример, у Форца (кои ги рачунам у малку поскапите) ракчиња со лук се околу 450, а кај овие се околу 850. Значи - скупо.
    Да се разбереме, неам ја против скупо и сум задњи у оваа утепана нација, кој што глеа која количина добил за тие пари. Али овде ни квантитетот ни квалитетот не ги оправдува цените. Не е лоша хранта, океиш е. Али за тие пари: ноуп, њет, најн.
    А барем да беше само тоа проблемот на Маракана...
    - Немаат 50% од менито (сфатете ме буквално). Се помачивме додека најдовме нешто што има во менито, за да го чекаме доста долго време, да ни донесат дел (после тоа чекање) и да ни кажат дека (и покрај сериозната потрага низ менито на нешто што имаат) нешто сепак и од таа скратена селекција нема и бирање пак, па на тие што беа приморани да бираат откога на другиве ни го донесоа јадењето, доста покасно им стигна нивната нарачка. Едни изедоа , а на други тогаш им стигна.
    - Имаше само три маси вкупно зафатени (недела попладне) и се приметуваше флагрантна дискрапанца во односот и сервисот кон едни, во однос на други муштерии, нешто што ресторан кој претендира високо, не смее да си го дозволи. Тоа е прилично голема замерка, IMO.
    - Кога плаќавме (во кеш) келнерот стоеше до нас, што е смешно и недозволливо.
    - Чиниите им беа добри.

    Ништо никој никад не се побуни и културно беше све, али на крај ја лично на келнерот му ги избројав парите до денар и у очи го гледав, му кажав фала и си отидовме. Чак не ни памтам коа задњи пут не сум оставил бакшиш. Стварно.

    Ботом лајн - ако ви е скурчено од петпарачки биртии и сакате нешто поскупо еднаш да си приуштите, Маракана никако не е местото за тоа. У Скара Бар на пример, ќе добиете многу повеќе за тие пари (а тука првенствено не ни мислам на квантитет). Еве ребро свинско скоро дупло поскапо, а скоро дупло понеквалитетно од Скара Бар (па чак и дупло помало). Сегде скоро у Скопје на места кои имаат вакви цени, ќе добиете подобро ,па ете дури и повеќе за тие пари.

    Пропаѓа изглеа местото.
     
    krkac, Skorp, ЈуријАркадиевич и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    7.644
    Допаѓања:
    2.135
    Дион е убедливо најлошиот ресторан во Скопје.
     
  9. Skorp

    Skorp That guy....

    Член од:
    30 јуни 2010
    Мислења:
    849
    Допаѓања:
    887
    Сите тие ресторани на кеј што се... ми се generic срање. Едното исто е само различно нашминкано.
    Исто глеам, многу туристи се заебуваат па седнуваат таму а толку боље места има низ Скопје.
     
    На Almeida, Marick14, Ilumious и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. Tonchie

    Tonchie BATTERY +

    Член од:
    15 јуни 2005
    Мислења:
    12.181
    Допаѓања:
    4.331
    У цел свет е исто. Не бери гајле :)
     
    На Almeida и Skorp им се допаѓа ова.
  11. FilipMKD007

    FilipMKD007

    Член од:
    8 јануари 2013
    Мислења:
    3.430
    Допаѓања:
    7.949
    Baking Bread некој јадел тука? Да сподели какви се сендвичите, доста примамливо делуваат вака на слики, евентуално нешто конкретно да препорача. Типична сендвичара е ко седмица или нешто како ресторантче бар е местово?
     
  12. КвикСилвер

    КвикСилвер Модератор

    Член од:
    28 март 2010
    Мислења:
    4.420
    Допаѓања:
    5.431
    Не е ресторан. Сетингот е фаст фуд, само што чекаш 10 минути да ти го направат сендвичот. Почнуваат да го спремаат по твојата нарачка. Имаш доста голем избор на сендвичи, се наоѓа за сечиј вкус. Сега имаат најнов извадено, врз плескавицата ставен похован кашкавал, сланина и сето тоа подмачкано со сос од сенф и мед. Вруќи порниќи. Цените се соленки, но си вредат. Имаш понекогаш и промоции со гратис помфрит, така испаѓа океј цена. Локацијата е тиња, колку што дознав од следната година се спремал поголем простор во центарот. Според мене, најдобриот вкус од фаст фударниците низ Скопје. :)
     
    На Dimitar171, FilipMKD007 и Turtle им се допаѓа ова.
  13. GavolRulz

    GavolRulz hippopotomonstrosesquipedaliophobia

    Член од:
    23 март 2008
    Мислења:
    10.770
    Допаѓања:
    6.455
    Сос од сенф и мед :гомце:
    Пробав еднаш и никогаш повеќе.
     
  14. SK-92

    SK-92

    Член од:
    11 октомври 2010
    Мислења:
    441
    Допаѓања:
    311
    Za vkusovi ne se diskutira.
    Jas prv pat go probav vo eden restoran vo Skopjanka (ne mi teknuva imeto) vo mix so pohovanici i za mene sosot e bomba.

    Nastrana od ova, iam eden drugar shto se gadi i mi se chudi koga kje jadam na primer kremenadla ili nekoja svinska veshalica, a deckoto se davi vo dziger i pacha. =]
     
    На gurman2 и Beric Dondarrion им се допаѓа ова.
  15. Almeida

    Almeida гад

    Член од:
    15 февруари 2015
    Мислења:
    5.958
    Допаѓања:
    12.368
    Сосов кој го коментирате го имам јадено и во Скопје и во странство. Мислам дека скопскава варијанта е поедноставена, иако не е лоша. Оригиналната варијанта е по-течна затоа што содржи повеќе состојки меѓу кои и киселина и мајонез (мислам, не сум сигурен). Треба да се погоди и комбинацијата со јадењето - пржена храна генерално.

    П.с. џигер е храна за сиромаштија, вака генерално, меѓутоа, многу битно е да се проба во добра варијанта. Ако е фино исечен, свеж, во комбинација со убави додатоци: лук, магдонос - може многу добро јадење да биде. Од изнутриците, најдобра варијанта е. Мозок, кукурек и бубрези не може секој да јаде. У пар кафани по Скопјево сме праеле некои експерименти со друштвово...it's complicated.
    Пачата....едноставно не можам да го разберам тоа јадење и не ми иде.
     
    Последно уредено: 15 април 2019 во 17:29

Сподели преку: