Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
Олива. Колку пати сум си кажал “Еј, нареден пат ќе одам конечно да ја пробам” и после ќе ја заборавам скроз.Олива
Бев пред неколку години, можда 4-5. Сега гледам, добивале у меѓувреме награди за најдобар ресторан и можам да кажам заслужено. Тогаш не беа лоши колку што памтам, али беа скупи. Памтам зајак некој јадевме. И сега беше скупо, али многу добро. Чинам, подобро од порано, што е за признание. Ако гледате според онаа девиза - колку пари толку музика, тогаш најдобро да идете у Скара Бар (мада место нема да најдете, ако не сте резервирале, а ја импулсивно идам по ресторани). Тука е едно ниво повисоко од Скара Бар, ама е скупичко во однос на истиот (го спомнувам и можда споредувам Скара Бар, пошто е у близина) Олива внимаваат на се, од предјадење до десерт. Наша маса, меѓу другото, имаше октопод и мисирка со слатко од рибизли (или нешто слично). Одлични беа. Десертите исто, како и се друго.
Препорачувам ако сте за трошење.
А Скара Бар да, резервација обавезно.