Реставрација на автомобили и моторцикли, расклопување мотори и слично?

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Во тунелот го бери некако ама и подолг е за 10 цм (и на Ладата ми идеше да го враќам редукторот назад, предниот кардан да го должам за 10 цм, а задниот да го кратам. А ми дојде идеја да оди моторот понапред за 10 цм и нишо да не гибам ама не можеше од една баланштангла што врвеше точно каде што се спојува моторот со менувачот. Мислам дека таква нема на Фиатот). А на 1300 можеш и кардан од 132 да ставиш или да го комбинираш.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Дечкото вели дека требал да се скрати карданот за 60мм. Од 132 ич не знам дали ќе фати... Би се мереле различни кандидати, или би се барал мајстор за да го центрира...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Па заради тоа кратење не ставив таков менувач на нивата. А многу е побрз со таков менувач. Ако ти фаќа математиката само менувач на 1300 да ставиш...(пасова на штрафови на мотор оригинал само анласеро треба преправање) и незнам со држачот на шасија...
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
А зошто менувате кардани и такви работи.
Нели моторот директно пасува на мењачот? Сега друго е дали мењачот ќе издржи 120КС:)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Скроз друг менувач е, кој е подолг од стандардниот 1300 (јас барем така разбрав), така да, кратење му е мајката...
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Ајде...јас па разбрав дека пасувал штраф на штраф...баш на pungas тоа пишуваше...

Абе секаде различни информации добивам!

Едни ми викаат дека не пасувал Y45 на фичо (морало преправки), ...други ова...трети којзнае што...а сите имаат направено...како што кажуваат...
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Мои сознанија по тоа прашање од мајстори:
Моторот пасува на штраф, и нема проблеми, преправки не се потребни.
Менувачот е поголем по димензии и потребни се преправки.
Не сум ги видел двата еден до друг, па да споредам.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Инаку Струмикс најде некоја Застава во Струмица, било што! Мислам немора само на продавање, нешто така ако знаеш дека има па да се кандиса да ја дава (така поубаво нели)?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Освен на отпадио, на друго место не најдов Застава која е за продавање и здрава. Има еден медитеран од `83 мислам, гаражиран, жолт, се оригинално на него, ама ни за жива глава не го дава чичето.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Volkswagen напиша:
А зошто менувате кардани и такви работи.
Нели моторот директно пасува на мењачот? Сега друго е дали мењачот ќе издржи 120КС:)
Директно пасова се на штрафови на мотор...Ама од 132 менувачот е со 5 брзини и е подолг за приближно 10 цм. Да беа 4цм има карданот ”нутови” така да може да варира должината максимум +-4 цм. Ама ова е многу. Ако го оставиш од 1300 менувачот нишо не си направил...Џабе менување на мотор.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Кога ќе завршам со работа, колата треба да изгледа токму вака. До детал, се исто:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ауууу од кој модел имаш... Па овие се едни од првите, немаат хромирана маска напред туку е како мрежа. Ова треба да е 72-75 одприлика?
 

KaZaN89

шуруп мајстор
Член од
2 јуни 2006
Мислења
193
Поени од реакции
25
Леле...татко ми возеше 1300 до пред 4-5 години. 75 година беше, уште тераше накај 130. Закон кола. Држам среќа, само напред!!!

:salut:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Џиш, далеку е од 72-75...1966, последните серии од Фиат, италијански е...Иста боја, само еднаш фарбан 1990 беше, и сега во истата оваа боја како на сликата, каков што беше и оригинално. Има поминато 113 000 км...Меревме компресија претходно и се е ОК, нема потреба од растурање. Машински е одличен, само ланецот и потрошен материјал ќе менам.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
189
Поени од реакции
4
Volkswagen напиша:


Еве да го видите тој во БТ!

Da ne znaes koja godina e ovoj. Jas imam isto vakov ne e napraen uste sedi taka rasklopen. Ama nekoja verzija e so podugacka zadna vrata. Nekoj diplomatski. Benzinec e avtomatik 3.5 v8. Ima sve centralno el. stakla. soncev krov i mn stvari. Samo ne e pocnat uste da se restavrira!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom