Ја завртевме темава велешанки vs скопјанки , а ?
Факт е дека велешанки не одат бушави и распарталени, уверувајќи дека тоа е стил и мода. Дека изгледаат пристојно, со исклучокот од неќна во Импакт.
Ама сигурно дека се подотерани.
И не е точно дека провинцијалките имаат помалку пари за да се дотеруваат. Знам многу велешанки кои со своите плати плаќаат и кирии, и сметки и храна(она што скопјанки го имаат гратис) и пак се дотерани.
За среќа, од 18 години учиме да бидеме самостојни оти жиееме сами, па не сме лигави на секој проблем да трчаме дома, знаеме да готвиме, оти не ни готви мама, знаеме да менаџираме со парите, оти, пак не е тука тато.
Ако некој знае да ја цени самостојноста, а не лигавењето, нормално дека ке му одговара провинцијалка. АКо сака девојка на која ке мора да и угодува се и ке и биде daddy , знае кај да најде.
Има доста бесмислени заклучоци и генерализации на темава и во коментариве после тебе. Твојов некако ги има сите собрано на куп.
Што значи за тебе, на пример, да бидеш самостоен? Дали тоа значи САМО живот одвоен (физички) од родителскиот дом? Јас на пример, имав многу колешки од провинција кои живееја во изнајмени станови, самостојно, без родители во близина - но со голема финансиска поддршка од дома. Да, деца на богати родители (од провинција, замисли си!). За таквите мои колешки ја бев, да речеме, накај сиромаштија. Исто така, некои од родителите им помагаа на некои колешки во студирањето (знаеш, кога мама или тато ќе дојде да ти 'помогне' да учиш). Некои други "мами" праќаа манџи по автобус за своите деца-студенти во Скопје. Глеаш, имало и таква можност за олеснување на студентските маки...Дали тоа што како студент живеев со моите родители, сама се снаоѓав за дел од финансиите за студии и што немав никакви врски ниту било каква помош од родителите за студирање ме правело помалку самостојна? Што мислиш, дали мојот живот тогаш ги оправдуваше сомнежите на моите другарки од провинција дека само зашто сум од Скопје не знам да излупам ЕБАН компир?
Факт е, девојче драго, дека отсуството на родителите ги прави провинциските посетители 'малку' послободни во движење насекаде низ градот и активни во секое време. Така би му дошло дека животот подалеку од очите и носот на родителите, се слагаш, има и свои предности - никој ебано не знае што точно правиш, кога и со кого. И не ме сфаќај погрешно, не мора да значи дека тоа што се прави е лошо, само викам...
Затоа пак, овдека, разлигавени од лагодниот живот во родителскиот дом, моравме да одговараме на многубројни прашања, пред мама и пред тато (т.е пред оние што ни ставаа манџа на маса и кои плаќаа поголем дел од студиите), бе! Не знам што точно подразбираш под менаџирање со парите, бидејќи ако мислиме на истото, и мене отсекогаш ми идело добро тоа, иако живеев со мама и тато! Но, на крај краева за секого е различно; и во мое време имаше скопјанчишта што живеева самостојно како што ти подразбираш, такви што не полагаа сметка никому...Ја бев од оние попростите.
Друг факт е дека децата од провинција доаѓаат со куфер предубедувања за Скопје и скопјани - резервирани, инхибирани, искомплексирани и тоа е нешто што, во главно, не можат да го надминат и откако среќно ќе се омажат/оженат во Скопје, па дури ни кога уште посреќно ќе свијат гнездо во некоја од кулите на Градски Ѕид во сред центар.
И тоа е ОК, да му е*ам матер! Секој со своја среќа.
Факт е дека моите провинциски другарки имаа повеќе проблем со мене отколку што имав ја со нив. Факт е што секогаш ми се гадеше од пофалницата дека ја не сум ко другите скопјани. Факт е дека и ден денес мрзам да бришам прашина и да готвам, мрзам да прмолчувам очигледни глупости, мразам сервилност и потчинетост - и тоа непоправливо! Ги мразам глупите заклучоци дека скопјани се вакви а провинцијалците онакви.
Мојот животен заклучок (што прераснува во мото) е дека глупаците и серковците немаат пол, нација, вера, роден град...за нив постојат само усвоени зборчиња преку кои се описно представени!