Не ја сфатив причината поради која ги жалиш "кутрите провинцијалци" во Скопје. Зарем некој ти бара да го жалиш или што ?
Не знам дали си ја читал, колумната да речам, беше некако Како провинцијалец гледа на Скопје (тие што паметат нека ме поправат). Да не ти објаснувам, Битолчанецот (а и неговите поддржувачи) го испоплукаа Скопје, ништо не им одговара, а сепак седат тука. Демек, морале.
Јас разбирам дека до неодамна Скопје нудеше најдобри услови за студирање (во поглед на видовите на студии) и повеќе не е изговор ,,таков факултет нема во моја близина,,. Се разбира, ако е поспецифичен факултетот, ова не важи. Не знам, имаше муабет ,,квалитет на студиите,,. Ќе научиш колку што сакаш да научиш, без оглед на кој факултет си. Јас студирам на релативно неквалитетен факултет, па во многу дискусии сум дошла до сознание дека знам повеќе од многу мои колеги од ,,поквалитетен факултет,,.
Понатаму, јас се согласувам со сите дека не е фер што само Скопје (во принцип) нуди некаков просперитет, некаква можност за кариера. Тоа е точно. Но ако веќе си дошол овде, навикни се. Нема никој да ги трпи твоите носталгични патетики.
И трето. За мене (а и за повеќето Скопјани) Скопје има многу голема сентиментална вредност, како што за Битолчани има Битола, за Велешани Велес, итн. И тоа што им пречи на повеќето ,,провинцијалци,, е тоа што нас ни е многу важно - забразаниот живот, бучавата, ЈСП, и останати работи од кои и ние можеби би се жалеле, но во глобала се дел од нас и нашиот секојденевен живот.
Мене ми е ужасно одвратно и досадно кога седам во град во кој секој со секого се познава, има 2 кафичи, и 2 бутика, па не сум си дозволила да плукам по тој град и по тие луѓе.
И да, сите обесправени (ма немој) и ,,не успеав да се вклопам,, ликови во Скопје, не ги жалам. А од друга страна, сите способни (а има многу такви) луѓе од внатрешноста, ги поддржувам да дојдат во Скопје, со оглед на тоа дека е економски, политички, трговски центар на Македонија, и да со своето знаење и својата способност да ја оправат оваа земја.
--- надополнето: 16 мај 2012 во 01:46 ---
Ти поправив еден дел само.
Тој член пишува секој во местото најубаво, па потоа пишува како не ни се работело и сме сакале клати врата земи плата, тоа доаѓа како ние да плаќаме даноци и да работиме и развиваме земјоделие за да му се рачисти патот полесно да се вработи како буџетар во Скопје пошто се е тука и плус ефтини земјоделски производи. Јас тоа го нарекувам дабл вин.
Јас ќе се приклучам
Види, и јас во животот направив избор да останам во Скопје. Тоа што е Скопје за село недојдино, е Милано за Скопје. Имав услови да одам надвор од земјава и не сакав, затоа што за ,,моето место,, ме врзуваат многу работи.
Ако ти во ,,твоето место,, имаш доволно услови за квалитетен живот, и сам ќе се сложиш дека ти е добро она ,,секој во своето место,,. Нема тука ништо погрешно.
Погрешно е што најчесто во ,,своите места,, немаш доволно капитал ништо да почнеш да работиш. На такви основни услови - на пример - мислев. Основни бизнис услови. Каде ги има во Македонија, освен во некои од поголемите градови? Тетово, Битола, Струмица, Охрид и делумно Гевгелија?
Ако тој од Недојдино има услови да работи, да заработува и квалитетно да живее, тешко дека ќе тргне во Скопје, Белград, Виена.... итн.