Релација Скопје - Провинција

  • Креатор на темата Забавата е во Кругот
  • Време на започнување
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Ова е главната поента, која не знам дали скопјанец може да ја сфати. Упс, и јас ќе почнам за „скопјаништата“. :pos:

Крива Паланка рече, мислам оти таму ИМАШЕ дисперзирани студии за информатика, а еден член претходно вели секој во местото најубаво, и земјоделито ќе живнело (парафразирам) - ај сега барај логика од овие две работи?! :confused:

Спас за сите се ДМ Кавадарци, ЏК Штип и слични на нив + намалување државен буџет или порамномерно насочување на парите од истиот. Спас и за провинцијалците и за скопјаништата.
Ти поправив еден дел само.
Тој член пишува секој во местото најубаво, па потоа пишува како не ни се работело и сме сакале клати врата земи плата, тоа доаѓа како ние да плаќаме даноци и да работиме и развиваме земјоделие за да му се рачисти патот полесно да се вработи како буџетар во Скопје пошто се е тука и плус ефтини земјоделски производи. Јас тоа го нарекувам дабл вин.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Скопје и во времете на Поранешна Југославија а и денес бил и се уште е трет град по број на жители од сите градови од поранешна Југославија повеке жители од Скопје имаат само Загреб и Белгград кој имал највеќе жители. И многу е нормално град со 700 000 жители а со околина и луге што живеат во Скопје над 1 000 000 луге во работни денови. Нормлано е да биде најак финансиски и економски центар во македонија, тука име највеќе универзитети највеќе компании највеќе странци живеат во Скопје инт инт, но мислам дека секој што дошол да живее да работи и да живее во Скопје треба да се однесува со почит кој овој град. Инаку во скопје живееат скоро 50% од популацијата на Македонија така да немате право да кажувате дека во Скопје се вложува највеќе , затоа што и треба да се вложува еве еден аргумент Скопје учествува со над 40% во Б.Д.П на Македонија. Така да нее Скопје просекот gdp per capita во Македонија ке беше како во Африка, И не заборавајте дека овој град овозможил работа и кариера на многу луге од цела Македонија. Замислете на што ќе личеше Македонија економски, финансиски ако не беше Скопје. Така да пред да почнете да плукате по овој град не заборавајте дека овдека се создава над 40% од бдп на Македонија и скоро 40% се полни буџетот на Македонија од Скопје зошто најаките и најуспешните компаниии се од Скопје. Да не беа компаниите од Скопје ние одамна ке пропадневме како држава зошто тие се најголеми полначи на буџетот на Македонија. Секој добар економист го знае овој податок.
 
F

fantomX

Гостин

Можеби дабл вин ама замислен, умира тоа време, кај нас поспоро него што треба додуша, ама и држава како таква е еден вид фирма, ќе мора да се сфати еден ден. Ако не се сфати, се ќе е приватно, дури и државата, катарците и кинезите со кои што изгледа се зближуваме некако, со се партали можат да не купат, а после и да не превоспитаат ако очигледно не сфаќаме сами.
Дотогаш, секој млад и амбициозен Македонец ќе си го бара своето место по Западна Европа или Австралија (се разбира, via Скопје).
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Ја завртевме темава велешанки vs скопјанки , а ? :)
Факт е дека велешанки не одат бушави и распарталени, уверувајќи дека тоа е стил и мода. Дека изгледаат пристојно, со исклучокот од неќна во Импакт.
Ама сигурно дека се подотерани.
И не е точно дека провинцијалките имаат помалку пари за да се дотеруваат. Знам многу велешанки кои со своите плати плаќаат и кирии, и сметки и храна(она што скопјанки го имаат гратис) и пак се дотерани.
За среќа, од 18 години учиме да бидеме самостојни оти жиееме сами, па не сме лигави на секој проблем да трчаме дома, знаеме да готвиме, оти не ни готви мама, знаеме да менаџираме со парите, оти, пак не е тука тато.
Ако некој знае да ја цени самостојноста, а не лигавењето, нормално дека ке му одговара провинцијалка. АКо сака девојка на која ке мора да и угодува се и ке и биде daddy , знае кај да најде.
Има доста бесмислени заклучоци и генерализации на темава и во коментариве после тебе. Твојов некако ги има сите собрано на куп.

Што значи за тебе, на пример, да бидеш самостоен? Дали тоа значи САМО живот одвоен (физички) од родителскиот дом? Јас на пример, имав многу колешки од провинција кои живееја во изнајмени станови, самостојно, без родители во близина - но со голема финансиска поддршка од дома. Да, деца на богати родители (од провинција, замисли си!). За таквите мои колешки ја бев, да речеме, накај сиромаштија. Исто така, некои од родителите им помагаа на некои колешки во студирањето (знаеш, кога мама или тато ќе дојде да ти 'помогне' да учиш). Некои други "мами" праќаа манџи по автобус за своите деца-студенти во Скопје. Глеаш, имало и таква можност за олеснување на студентските маки...Дали тоа што како студент живеев со моите родители, сама се снаоѓав за дел од финансиите за студии и што немав никакви врски ниту било каква помош од родителите за студирање ме правело помалку самостојна? Што мислиш, дали мојот живот тогаш ги оправдуваше сомнежите на моите другарки од провинција дека само зашто сум од Скопје не знам да излупам ЕБАН компир?

Факт е, девојче драго, дека отсуството на родителите ги прави провинциските посетители 'малку' послободни во движење насекаде низ градот и активни во секое време. Така би му дошло дека животот подалеку од очите и носот на родителите, се слагаш, има и свои предности - никој ебано не знае што точно правиш, кога и со кого. И не ме сфаќај погрешно, не мора да значи дека тоа што се прави е лошо, само викам...
Затоа пак, овдека, разлигавени од лагодниот живот во родителскиот дом, моравме да одговараме на многубројни прашања, пред мама и пред тато (т.е пред оние што ни ставаа манџа на маса и кои плаќаа поголем дел од студиите), бе! Не знам што точно подразбираш под менаџирање со парите, бидејќи ако мислиме на истото, и мене отсекогаш ми идело добро тоа, иако живеев со мама и тато! Но, на крај краева за секого е различно; и во мое време имаше скопјанчишта што живеева самостојно како што ти подразбираш, такви што не полагаа сметка никому...Ја бев од оние попростите.

Друг факт е дека децата од провинција доаѓаат со куфер предубедувања за Скопје и скопјани - резервирани, инхибирани, искомплексирани и тоа е нешто што, во главно, не можат да го надминат и откако среќно ќе се омажат/оженат во Скопје, па дури ни кога уште посреќно ќе свијат гнездо во некоја од кулите на Градски Ѕид во сред центар.

И тоа е ОК, да му е*ам матер! Секој со своја среќа.

Факт е дека моите провинциски другарки имаа повеќе проблем со мене отколку што имав ја со нив. Факт е што секогаш ми се гадеше од пофалницата дека ја не сум ко другите скопјани. Факт е дека и ден денес мрзам да бришам прашина и да готвам, мрзам да прмолчувам очигледни глупости, мразам сервилност и потчинетост - и тоа непоправливо! Ги мразам глупите заклучоци дека скопјани се вакви а провинцијалците онакви.

Мојот животен заклучок (што прераснува во мото) е дека глупаците и серковците немаат пол, нација, вера, роден град...за нив постојат само усвоени зборчиња преку кои се описно представени!
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Не сум економист ама постот на Lion ми е ептен смешен.
Кажи што е смешно ке расчистиме мојот пост е пост со цифри и агрументи, За разлика од некој кој негираат а не даваат факти и аргументи.
 
F

fantomX

Гостин
Скопје и во времете на Поранешна Југославија а и денес бил и се уште е трет град по број на жители од сите градови од поранешна Југославија повеке жители од Скопје имаат само Загреб и Белгград кој имал највеќе жители. И многу е нормално град со 700 000 жители а со околина и луге што живеат во Скопје над 1 000 000 луге во работни денови. Нормлано е да биде најак финансиски и економски центар во македонија, тука име највеќе универзитети највеќе компании највеќе странци живеат во Скопје инт инт, но мислам дека секој што дошол да живее да работи и да живее во Скопје треба да се однесува со почит кој овој град. Инаку во скопје живееат скоро 50% од популацијата на Македонија така да немате право да кажувате дека во Скопје се вложува највеќе , затоа што и треба да се вложува еве еден аргумент Скопје учествува со над 40% во Б.Д.П на Македонија. Така да нее Скопје просекот gdp per capita во Македонија ке беше како во Африка, И не заборавајте дека овој град овозможил работа и кариера на многу луге од цела Македонија. Замислете на што ќе личеше Македонија економски, финансиски ако не беше Скопје. Така да пред да почнете да плукате по овој град не заборавајте дека овдека се создава над 40% од бдп на Македонија и скоро 40% се полни буџетот на Македонија од Скопје зошто најаките и најуспешните компаниии се од Скопје. Да не беа компаниите од Скопје ние одамна ке пропадневме како држава зошто тие се најголеми полначи на буџетот на Македонија. Секој добар економист го знае овој податок.
Апсолутно точно. Сите големи македонски компании се скопски (со исклучок на неколку кои се бројат на прсти од една рака).
50% од популацијата на Македонија живее во Скопје затоа што во Скопје најмногу се вложува, а не обратно.

Јас дури и би те надополнил и би рекол, Скопје Е Македонија или Македонија Е Скопје, како сакаш.
И тоа е проблем, голем проблем за оваа држава.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.087
Поени од реакции
11.490
Кажи што е смешно ке расчистиме мојот пост е пост со цифри и агрументи, За разлика од некој кој негираат а не даваат факти и аргументи.
Јас знам малку поинакви бројки, што искрено ме плашат.
Скопје учествува со над 70% од БДП-то на државата (мислам дека бројката беше 72%), капиталот е со над 80% во Скопје (кеш, недвижости, акции), инвестициите се скоро 90% во Скопје (било јавни, државни или приватни).

Сето ова го има/добива третина од населението од цела Македонија.
 
F

fantomX

Гостин
Побарајте сајт од Завод за статистика, иако е државен, мислам оти добри им се податоците генерално.
Мада не се толку важни за конкретнава тема тие бројки конкретно како такви.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Кажи што е смешно ке расчистиме мојот пост е пост со цифри и агрументи, За разлика од некој кој негираат а не даваат факти и аргументи.
Друже , си пишал ако не беше Скопје тогаш што ќе беше со Македонија, тогаш ќе беше некој друг град,Битола е најпогоден географски за тоа ама не ми е поентата.
Последниот дел пиша дека плукаме по Скопје, како и сите други, па јас не видов ниеден пост по кој се плука по Скопје од провинцијалци.А цело време го тврдите тоа. Па не сам будала да плукам по местото кое моментално живеам и здравје местото од кое ќе вадам лебот. И твојте факти, па секако ќе е 40% кога по источна македонија ништо не работи и со тоа неможе да придонесе во учество во бдп. Ај најди статистика пред 20 години колку е бројката кога фабриките работеле. Тоа никој не негира дека Скопје моментално е град во кој се вртат парите, ама кога на власта и оваа и претходната им одговара да инвестираат само во Скопје тогаш требаше да им биде јасно дека народот масовно ќе се преселува таму каде што се инвестира.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Скопје и во времете на Поранешна Југославија а и денес бил и се уште е трет град по број на жители од сите градови од поранешна Југославија повеке жители од Скопје имаат само Загреб и Белгград кој имал највеќе жители. И многу е нормално град со 700 000 жители а со околина и луге што живеат во Скопје над 1 000 000 луге во работни денови. Нормлано е да биде најак финансиски и економски центар во македонија, тука име највеќе универзитети највеќе компании највеќе странци живеат во Скопје инт инт, но мислам дека секој што дошол да живее да работи и да живее во Скопје треба да се однесува со почит кој овој град. Инаку во скопје живееат скоро 50% од популацијата на Македонија така да немате право да кажувате дека во Скопје се вложува највеќе , затоа што и треба да се вложува еве еден аргумент Скопје учествува со над 40% во Б.Д.П на Македонија. Така да нее Скопје просекот gdp per capita во Македонија ке беше како во Африка, И не заборавајте дека овој град овозможил работа и кариера на многу луге од цела Македонија. Замислете на што ќе личеше Македонија економски, финансиски ако не беше Скопје. Така да пред да почнете да плукате по овој град не заборавајте дека овдека се создава над 40% од бдп на Македонија и скоро 40% се полни буџетот на Македонија од Скопје зошто најаките и најуспешните компаниии се од Скопје. Да не беа компаниите од Скопје ние одамна ке пропадневме како држава зошто тие се најголеми полначи на буџетот на Македонија. Секој добар економист го знае овој податок.
Град во кој живеат наводно 50% Македонци, а само 30% се редовно населени во Скопје, не заборавај.
И зошто се ~ 50%?Поради баш таквото форсирање кога не биле ни 30% од сите жители.Од време на Југославија до ден денешен.Или уште порано во време кога не припоиле во Кралството СХС во смисла поблизок град со Белград, а претходно приматот бил на Битола како поблиска до Солун и бројот на жители бил доста интересен во тие години.
Тој град овозможил кариера и работа на многу луѓе и БДП е повисок само поради фактот кој и ти го спомна дека уште одамна се концентрирале индустрии ифинансии во него.Ако не биле во него ќе било раштркано во други места, ама развојот ќе бил ист, ако не и поголем со оглед дека би се градела инфраструктура во смисла модерни патишта, железница, па и аеродроми до поголем број населени места.
Само за пример, во соседна Србија во Нови Сад се концентрирани поголемиот број банки и слични финансиски институции (традиција уште од времето на Австро-Унгарија) и градот е со над 200% поголем просечен БДП од просекот на земјата (Белград е околу 160%).
Ама фабриките се пак во Белград.Замисли хипотетичка ситуација сите седишта на банки да ги префрлиме во Куманово, Штип, Гостивар, Прилеп?Сигурно ќе покажат поинакви финансиски можности.

Скопје логично како главен град си е со посебна позиција, ама поради едноставна причина дека е главен град, другите жители од други места да ги депортираме во странство?
Јас лично не студирам во Скопје, ниту па работам и немам намера такви активности, а голем дел од моите средства и(ли) тие на мојата фамилија како даночни обврзници одат на сметка на град Скопје, а не на град Охрид.
Скопје е креатор на 40% од БДП, а 75% од буџетските средства за општините е насочен натаму.Каква е таа логика?

Во мојот град 3 години немаме асална здравствена установа, поради малерот немање иста локална и централна власт, а официјално поради некакви проблеми со исплати.Ама за СК2014 проблеми очигледно немало.Од друга страна истата установа е деградирана од Клиничка во Општа болница поради слични причини.И после ќе имаме негодување кога ќе се носат пациенти од Охрид во КЦ Скопје.
Друг пример, автопатската обиколница околу Скопје е изградена за 3-4 години (22км.), 2 дополнителни ленти за Табановце - Куманово (11км.) исто 3-4 години, а патот Струмица - Радовиш (35 км.) го градат уште од 1996 година!
Дали ова не е форсирање на еден регион на сметка на друг?
Не е проблем за обиколница за Скопје, напротив е и потреба, ама дали е приоритет пред Струмица - Радовиш кој сеуште е во поголем дел коцка?
Пругата за Бугарија веќе и не ја спомнуваме, Сусаро ја спомна како напуштена пруга (изградена до Бељаковце, Кумановско)...

Исти услови за живот, образовни и здравствени институции, иста инфраструктура и избор за работа насекаде = помал број население во Скопје и враќање во своите места.
 
F

fantomX

Гостин
Според податоците на Државниот завод за статистика, од страна на градежни компании и поединци во текот на февруари била предвидена изградба на 442 станови со вкупна корисна површина од 38.194 метри квадратни. Во споредба со истиот месец од претходната година, забележан е раст од 17,6% во однос на бројот на становите што допрва ќе се градат и зголемување од 27,2% во однос на нивната корисна површина. Скопскиот регион и понатаму го држи приматот во однос на изградбата на станбени згради, па така 206 од предвидените живеалишта е зацртано да се изградат во овој регион. Општина Куманово со 100, Општина Аеродром со 70 и Општина Карпош со 62 зацртани станови за подигање во текот на февруари се лидери на ниво на цела држава, кога станува збор за овој сегмент од градежништвото. Како по обичај, оперативата и понатаму најмногу изведува двособни и трособни станови, така што тие заедно учествуваат со повеќе од половина од вкупниот број.
http://www.build.mk/?p=14032

206 од 442 предвидени згради за градба се во Скопје. Имајќи во предвид колку веќе се изградени, ова се страшни бројки. И тоа не сметајќи дека и во иднина ова ќе продолжи.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Искрено од цела Македонија највеќе ми е жал за Источна Македонија, а лугето од источна Македонија парите не требад а ги бараат од Скопје затоа што парите што ги добива Скопје се реални, проблемот е што се форисира Западна Македонија која е населена претежно со Албанци на сметка на Источна Македонија, Западна македонија не придеонесува со повеке од 7% во буџетот на Рм(заради неплакање даноци,немање инспекции владење на дивиот запад место на правото и други познати причини) а Западна Македонија зима над 20% од буџетот. Најголем добитник е Западна Македонија а најголем губитник е источна Македонија.Но овој факт треба политчарите и лугето што живеат таму да го актуализираат. Не гледаат што прават во Западна македонија а сите како слепци за стап се фатиле за Скопје, немам против никого што живее во Скопје а е дојден од друг град од Македонија. Но како што имам почит спрема лугето што жиеват во друг град кога идам некат на прошетка , барам и лугето да го почитуваат Скопје толку само барам, Инаку мислам дека треба да отвориме тема на форум Форсирањетот на развојот на Западна Македонија на сметка на Источна Македонија. Ако сакате уште сега можеме да ја птвориме таа тема.
 
V

Vollstandig

Гостин
Иначе јас барем твоево успевам да го разберим ама мислам дека ти не успеваш да разбериш? Зошто ме цитираше? Не се согласуваш дека провинцијалките настапуваат како што ги опишав, или не се слагаш дека просечниот провинциалец функционира според текстот. Пази ако се дрзнеш да ме цитираш и да одгвориш на тие прашања како што ти пишав погоре, ќе треба да ми покажеш дека го знаеш Скопје барем приближно колку мене, а тоа (да самобендисано од моја страна) ќе ти биде тешка работа. Што не ти чини во текстот друже биди конкретен, не верглај. Или се е во ред и онака ти се закача малце?
Не ми се закача,подосадно од тастатура-борба нема. Муабетот беше дека упорно тврдиш дека скопјанки се разгалени додека правиш споредба црно-бело со провинцијалките дека сите биле домаќинки и лесно се кандисувале, што правиш огромна грешка. Можно е истото тоа да важи за одредени личности, али дека само во скопје се разгалени ,грешка си.
Релацијата е таа, сакал неќел. Ако живее во село, желба и е да живее во најблискиот град. Ако живее во град, сака во главен град, а ако е веќе во главен мета и се странците. Јасна логика,секој иди онаму кај што му е подобро.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom