Онаа рекламата, не знам за која банка беше точно, млад брачен пар се шета по станот, разгледуваат собите нешто, и кога влегуваат во собата наменета за бебето, типката прави некоја толку утепана фаца, како никогаш да не ќе го има детето, пу пу скраја да е, не дај Боже (реклама е, де
). Ама толку глуп сурат прави, просто не можам да се изначудам.
Инаку мене ми се свиѓаат оние за Citroen, со колата што се трансформира во робот.
И имаше за Seat Leon една реклама, одамна ја немаат дадено, седат во бар 5-6 луѓе, прават нешто муабет, и првиот викa:
- Јас го видов утрово во 6 кај езерото.
- Јас го видов утрово во 6 кај мочуриштето.
- Не, јас го видов утрово во 6 на патот под мостот.
- И јас го видов утрово во 6, исчезна во маглата (или така нешто де
)
- Изгледа дека има повеќе од еден...
Ама многу ми беше јака таа реклама, поим немам зашто.